Свет
„Дејли бист“: Трамп му дал одврзани раце на Помпео да врши притисок врз Иран
Американските медиуми објавија дека претседателот на САД, Доналд Трамп, му дал зелено светло на шефот на Стејт департментот, Мајк Помпео, дека може да врши притисок врз Иран колку што сака, само без да предизвика Трета светска војна, пишува американскиот портал „Дејли бест“ (DailyBeast), повикувајќи се на високи американски официјални претставници чии идентитети не се откриени.
Трамп им дал одврзани раце на Помпео, останатите дипломати, како и на своите советници, во контекст на вршењето притисок врз Иран.
Во текстот се наведува дека Трамп во последните недели е фокусиран особено на резултатите од претседателските избори и дека посветува големо внимание на надворешнополитичките прашања. Прашањето за Иран, како што се наведува, во потполност му го препуштил на Помпео.
Американските официјални претставници на кои се повикува авторот на текстот и наведува дека сведочеле на разговорите на Трамп и Помпео, порачаа дека Трамп дал овластување на американскиот државен секретар да врши притисок врз Иран колку сака, но со тоа да не предизвика Трета светска војна.
Тоа ѝ остава на располагање низа опции на администрацијата во заминување – меѓу нив, задушувачки режим на санкции и молк поради атентатот врз ирански државјани.
Исто така, се наведува дека е можно да постоела соработка меѓу израелските и американските разузнавачки служби во врска со атентатот на иранскиот научник Мухсин Фахризаде. Фахризаде, кој беше клучна фигура на иранската нуклеарна програма, во петокот го убија неидентификувани вооружени напаѓачи на периферијата на Техеран, главниот град на Иран.
Иранските официјални претставници го обвинија за убиството Израел, чиј премиер Бенјамин Нетанјаху пред две години одржа презентација за иранската нуклеарна програма и изјави дека треба да се запамети името на Фахризаде.
Се очекува администрацијата на Трамп, пред предавањето на Белата куќа на победникот на американските претседателски избори, Џо Бајден, кое е планирано за 20 јануари, да воведе нови економски санкции на Иран и да преземе чекори кои ќе ја доведат иранската економија во тешка ситуација.
Поединци вклучени во изработката на политиката на администрација на Трамп во Иран, веруваат дека кампањата за максимален притисок ќе ја ограничи можноста на Бајден да се врати на вистинскиот пат со Техеран затоа што некои од санкциите е тешко да се отстранат, особено оние фокусирани на човековите права и тероризмот.
Поединци запознати со размислувањето на тимот на Бајден велат дека избраниот претседател има јасна стратегија за справување со Иран и со санкциите по јануари. Тој план во голема мера зависи од желбата на Бајден да се врати во Заедничкиот сеопфатен план за акција (ЈЦПОА), нуклеарниот договор за кој се договараше за време на администрацијата на Обама ако Иран се согласи да го почитува.
„Ако Иран ја загризе мамката, што очигледно е намерата зад атентатот врз Фарихзаде, тогаш тоа веројатно го оневозможува враќањето во ЈЦПОА и дипломатијата. Ако Иран не ја загризе мамката … Не знам дали тоа навистина ги менува изборите со кои се соочува тимот на Бајден или Иран во јануари “, вели Џерет Блан, поранешен координатор за иранска нуклеарна имплементација во Стејт департментот на Обама .
Било какви преговори меѓу администрацијата на Бајден и Иран би вклучувале разговори за укинување на некои санкции, но тие санкции најверојатно ќе бидат укинати само ако и кога Техеран ќе се придржува до договорот.
„Иран вели дека е подготвен да се врати во согласност со ЈЦПОА и да повлече некои од донесените одлуки. И САД велат дека ќе укинат некои од санкциите. Нема законска пречка за нивно менување. Многу од нив беа наметнати од политички причини “, рече поранешен висок функционер на администрацијата на Обама.
„Најверојатно, тоа ќе биде пристап во два чекори за Бајден – враќање назад и потоа можеби повторно преговарање за поинаков, подобар договор“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи
САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Иран одговори со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…
Се очекува говор на ајатолахот Али Хамнеи, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека неговиот говор наскоро ќе биде емитуван. Не е јасно дали тоа ќе биде снимена порака или иранскиот врховен лидер ќе зборува во живо. Неговото моментално место на живеење е непознато. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тврди дека, доколку тој знае, ајатолахот е жив, а Ројтерс претходно објави дека е префрлен од Техеран на „безбедна локација“.
Израелската војска во саботата попладне објави дека изведува нови напади врз ирански ракетни лансери, како дел од заедничкиот напад со САД врз Иран, додека Техеран, исто така, објави дека изведува нов бран напади врз американски цели во регионот.
Израелските воздухопловни сили „започнаа со прелети и моментално напаѓаат ракетни лансери во Иран за да спречат закана за Државата Израел“, се вели во краткото воено соопштение.
Пожар избувна пред луксузниот хотел „Фермонт Палм“ во Дубаи. Пожарот наводно бил предизвикан од остатоци што паднале од небото за време на ирански ракетен напад, а автентичноста на снимката ја потврди „Скај њуз“.
Fairmont Dubai Palm on fire. Heard loud explosion, stay safe pic.twitter.com/HLo8oS6dSc
— Alex | The Modern Freelancer (@alex_tfmg) February 28, 2026
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.

