Македонија
Мултимедијална кампања за Меѓународниот ден на лицата со попреченост
ЦИУЕ „Театар Пи“ – Скопје, во соработка со ЦПЛИП „Порака“ – Скопје, на 3 Декември, на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, почнува со мултимедијална кампања со наслов „Прозорците што се смеат“.
Фокусот на проектот е да се развие разбирање за тешкотиите со кои ранливите групи се соочуваат кога се обидуваат да го изразат својот глас во општество. Кај нив во изминатиот период како и кај сите граѓани се намалени комуникацијата, социјализацијата и самостојноста во извршувањето на сите активности. Со тоа лицата со попреченост може да станат поранливи. Ваквата состојба предизвикува и лицата со попреченост да станат поранливи, да се јави чувство на осаменост, која носи и други последици. ЦИУЕ „Театар Пи“ изминатиов период заедно со лицата со попреченост подготви изложба на уметнички инсталации, онлајн-музички концерт и онлајн-документарен филм.
Во текот на 2020 година лицата со интелектуална попреченост од дневниот центар „Порака“ по нивни идеи и видувања на конкретната ситуација во која живееме изработуваа цртежи и фотографии на големи дрвени прозорци, кои ќе бидат изложени на отворено на плоштадот Филип Втори до црквата „Св. Димитрија“. Изложбата се отвара од 15 часот на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, и ќе трае до 10 јануари 2021 година.
Вториот настан е концерт, кој ќе биде емитуван онлајн на 18 декември во 19 часот на фејсбук-страницата на „Театар Пи“ https://www.facebook.com/theatre.center.pi .
Третиот настан е документарен филм со наслов „Прозорците што се смеат“, кој е поделен на два дела и ќе се емитува на 18 декември во 19 часот на фејсбук-страницата на „Театар Пи“ https://www.facebook.com/theatre.center.pi .
Првиот дел од документарцот е сниман пред пандемијата, во кој тие го покажуваат својот светоглед. Актерите низ разни сцени ги покажуваат своите таленти и можности и прават јасна динстинција помеѓу стереотипите создадени кон нив и кои се во суштина тие како индивидуалци со сите свои можности. Вториот дел од филмот е сниман за време на пандемијата, во кој актерите имаат можност за изразување на своите потреби и причини да создаваат и така да го изминат овој период на изолација, да најдат своја форма и начин да се себеизјават и да ги идентификуваат своите проблеми и јасно да ги изговорат.
Проектот е поддржан од Град Скопје и од Делагацијата на Европската Унија во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Во текот на декември подигнати 𝟣𝟥 𝟢𝟢𝟢 тони комунален отпад во Скопје
Во текот на месецот декември 2025 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортираше вкупно 13 000 тони комунален отпад од кантите во индивидуалните домувања и контејнерите поставени на јавни површини на територијата на градот Скопје, известуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, екипите на Претпријатието отстранија и 2200 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.

Во текот на последниот месец од минатата година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше голем број едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпад, при што се изготвени 225 записници.

Најголем број на записници – вкупно 85 – се врачени во скопската општина Kарпош“, се додава во соопштението на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
РСБСП Апелира: Возете внимателно и одговорно во зимски услови!
Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови.
„Направете проверка на возилото која вообичаено опфаќа: проверка антифриз, нивото на гориво, состојба на бришачите и течноста за ветробранското стакло, состојбата на акумулаторот и состојбата и притисокот на пневматиците“.
РСБСП апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, навреме да се информираат за состојбата на патиштата и нивната проодност, да ја прилагодат брзината на движење според условите и состојбата на патот, да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата – со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Истражувањата покажуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание за време на управување со возилото.
Затоа, РСБСП упатува јасен апел: Само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата – секој живот е важен.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.

