Црна хроника
Приведен возач на камион со 2,44 промила алкохол
Вечерва, околу 17.45 часот, полициски службеници од мобилната сообраќајна единица на МВР, на патот Прилеп – Кавадарци го приведоа Е. В. Б (49) од Русија, кој управувал товарно моторно возило „волво“ со руски регистарски таблички под дејство на алкохол. Приведениот по брза постапка ќе биде изведен пред надлежен судија, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
18-годишна девојка пријавила дека ја тепал вонбрачниот сопруг
МВР соопшти дека вчера во 20 часот во СВР Куманово 18-годишна кумановка пријавила дека околу 18 часот во домот на нејзините родители во Куманово била физички нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг Ф.Р.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Го барале да оди во затвор, а додека бил на слобода го тепал и таткото
Вчера околу 17 часот полициски службеници од полициско одделение Жеровјане го лишиле од слобода М.М. (27) од с. Челопек, по добиена пријава дека агресивно се однесувал кон семејството и физички го нападнал неговиот татко.
Исто така, М.М. бил баран од КПУ Затвор Прилеп за доиздржување на казна затвор.
Против М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Малолетник се скарал со мајка му и побегнал од дома, полицијата го бара
Денеска во полициското одделение Петровец Б.Ц.М.(34) од с.Петровец-скопско пријавила дека по претходна семејна расправија, од домот се оддалечил нејзиниот малолетен син Г.Ц.(12).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.