Македонија
Акцијата на скопски водовод за исплата на долгови без камата трае до 15 декември
Акцијата на ЈП „Водовод и канализација3 – Скопје за исплата на долговите без камата за задоцнето плаќање, за физички и правни лица, е во тек и завршува на 15 декември.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ги повикува сите корисници кои имаат заостанат долг да ја искористат можноста за исплата на истиот без камата.
Граѓаните можат да се обратат во Секторот за наплата секој работен ден од 8 до 14 часот, за исплата на долговите до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.
„Процесот за наплата во ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје се одвива непречено со почитуваање на сите протоколи, со цел заштита од ширењето на коронавирусот. Сите корисници кои доаѓаат во просториите на претпријатието треба да го одржуваат редот на чекање за влез, притоа почитувајќи го определеното растојание. При влез, задолжително е носење заштитна маска, а пред влез на секој клиент ќе му се мери телесната температура. При влегување и излегување од просториите на претпријатието задолжителна е и дезинфекција на рацете. Бројот на корисници кои влегуваат во просториите на претпријатието е ограничен, согласно одредените протоколи за заштита“, велат од претпријатието.
Со цел заштита на корисниците и вработените, велат од таму, во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, секојдневно се врши зачестена дезинфекција на просторот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.