Регион
Николиќ: Србија ќе се погази себе доколку и воведе санкции на Русија
Српскиот претседател Томислав Николиќ изјавил дека Србија со тоа што не и воведува санкции на Русија покажа на која страна е во спорот помеѓу Западот и Русија, иако сака да стане членка на Европската унија (ЕУ), пренесуваат руските медиуми.
Во интервју за руската телевизија „Царград“, Николиќ изјавил дека Србија и самата трпела поради санкциите, но и дека „самата себе би се погазила“ доколку воведе санкции кон некого само поради тоа што другите ги воведуваат, или пак да ја признае независноста на Косово „поради тоа што е признаено од некои големи и моќни сили“.
„Во моментов сме во состојба во која Русија, која што е наш голем пријател, и ЕУ, кон која тежнееме и сакаме да бидеме дел од неа, имаат некаков спор и доста тешко е да се определите за некого во овој спор. Но доколку барате знак, тоа што Србија не и воведе санкции на Русија е знак на чија страна сме во спорот и тоа е мотивирано од нашата историја“, рекол Николиќ.
Тој додал и дека пет членки на ЕУ не је признале независноста на Косово, „бидејќи би било против интересите на тие пет држави“, додавајќи дека „како што тие можат да бидат членки на ЕУ а да не ја признаат независноста, така и Србија може да влезе во ЕУ, а да не ја призае независнота на Косово“.
„Тоа е единствениот услов кој Србија не може да го исполни, не сака, нити пак тоа и го дозволува историјата, нити иднината на нејзините деца, а тоа е поради еден морков да добие стап, поради некој напредок, особено во уредена земја и економија, да го издаде она за што милиони Срби го загубија својот живот“, рекол српскиот претседател./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во БиХ утре нов дводневен бојкот на продавниците
На иницијатива на граѓаните утре ќе има нов дводневен бојкот на пазарењето во трговските центри и супермаркетите во Босна и Херцеговина.
Неформалните група преку социјалните мрежи повикаа на нов бојкот како одговор на постојаното поскапување на основните прехранбени производи и покрај најавите на владините тела и мерките за нивно ограничување.
Министерот за трговија на БиХ, Амир Хасичевиќ изјави дека Владата планира да ги намали цените и да ги задржи на пониско ниво за најмалку 50 основни прехранбени производи, во обид да ги намали вкупните трошоци за живот на граѓаните.
Според податоците на даночните управи првиот бојкот на продавниците што го организираа граѓаните на БиХ на последниот ден од јануари не бил успешен.
Граѓанските иницијативи во БиХ, Хрватска и соседните земји продолжуваат да вршат притисок врз властите и трговските синџири со цел да се спречат понатамошни неоправдани поскапувања на основните потреби, според медиумите во регионот.
Регион
(Видео) Грабеж на банка во Мостар, чуварот со голи раце тргнал кон вооружениот разбојник
Обид за вооружен грабеж се случил денеска во експозитура на банка во Мостар, јавуваат медиумите во регионот.
Маскирано лице со пиштол влегло во банката, а обезбедувањето го ризикувало животот тргнувајќи по него со голи раце, пренесува „Аваз.ба“.
Откако се борел со обезбедувањето, напаѓачот избегал од банката.
Според написите на тамошните медиуми, разбојникот набрзо бил уапсен.
Регион
Маж застрелал куче кое му влегло во дворот во Славонски Брод
Полициската управа пријавила дека вчера околу 19 часот во Славонски Брод 79-годишен маж со воздушна пушка пукал во куче кое без надзор влегло во неговиот двор. Кучето потоа умрело од повредите здобиени за време на операцијата во ветеринарна клиника.
Според полицијата, полициските службеници од 79-годишниот маж одзеле регистрирана воздушна пушка и против него поднеле посебен извештај како дополнување на кривичната пријава до општинското државно правобранителство во Славонски Брод поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело убивање или мачење животни.
Потоа, на 49-годишник изречена му е прекршочна мерка од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир затоа што не чувал животни под надзор.