Спорт
Алиоски: Сакам да останам во Лидс јунајтед
Македонскиот репрезентативец Езџијан Алиоски, за британските медиуми изјавил дека сака да остане во Лидс јунајтед. Договорот на Алиоски со клубот од „Илан роуд“, истекува на 30.јуни 2021 година.
Алиоски открил дека засега нема разговори со клубот околу евентуалното продолжување на неговиот договор. Доколку Лидс јунајтед до крајот на месецов не му понудат нов договор, Алиоски од 1.јануари ќе можа да преговара со други клубови.
„Само Лидс е во мојата глава. Ќе бидиме што ќе се случи. Сакам да останам, но ова се работи кои треба да ги решат други луѓе. Јас сакам да се фокусирам на фудбалот. Секој ден уживам во мојот престој во Лидс“, рекол Алиоски.
Македонскиот репрезентативец, игра во добра форма од почетокот на сезоната. Последните два натпревари ги одигра од почеток до крај и беше еден од најдобро оценетите играчи на Лидс јунајтед.
Алиоски е играч на Лидс јунајтед од 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ирвинг и Дончиќ ги елиминираа Клиперси, Орландо избори мајсторка
Далас Маверикс ноќта меѓу петокот и саботата стигна до полуфиналето на плејофот на Западната конференција, ги елиминираа Лос Анџелес Клиперс со резултат 4:2. На Истокот, Орландо Меџик избри мајсторка против Кливленд Кавалирс.
Здравствената состојба на Дончиќ беше малку подобра од претходниот натпревар кога го мачеше коленото и настинка, одигра одличен натпревар и заедно со Кајри Ирвинг ги соборија Клиперси so 114:101.
Ирвинг мечот го заврши со 30 поени, шест скока и четири асистенции, а Дончиќ постигна 28 поени со 13 асистенции и седум скока.
Вашингтон додаде 14, а Гафорд 13 поени за Далас.
Најдобри играчи во тимот на Клиперс, во поразот кој за нив значеше крај на сезоната, беа Пауел со 20 поени, Џорџ со 18 поени и 11 скока и Ивица Зубац, кој мечот го заврши со 17 поени и 11 скока, и имаше една асистенција. Харден постигна 16 поени со 13 асистенции и седум скока.
Далас, во конференциското полуфинале ќе игра против Оклахома.
Орландо – Кливленд 103:96
Залудна беше фантастичната партија на Донован Мичел за Кливленд Кавалирс, кои постигнаа 50 поени, Орландо беше сигурен и успеа да го изедначи резултатот во серијата на 3:3.
Првото полувреме им припадна на домашните, но пред решавачките 12 минути Кливленд беше на +5. И застана таму. Кавси во последната четвртина постигнаа само 18 поени.
Банчеро го предводеше Орландо со 27 поени, осум скока и четири асистенции, Вагнер додаде поен помалку со пет скока и две асистенции, а Сагс го следеше со 22 поени и шест украдени топки. Картер постигна 11 поени со девет скока.
На другата страна Мичел остана сам, на 50 поени додаде и четири скока и асистенции, а зад него беше Гарланд со 21 поен, шест скока и пет асистенции.
Бостон ќе мора да почека уште малку за да добие противник за полуфиналната серија.
Спорт
Вилбекин трагичар, Монако избори мајсторка
Кошаркарите на Монако го совладаа Фенербахче на гости со 65:62 во четвртиот натпревар од четвртфиналната серија на плеј-офот во Евролигата и се изборија за мајсторка.
Да потсетиме, само Реал Мадрид досега се пласираше на завршниот турнир во Берлин, додека петтиот натпревар ќе го даде победникот и во сериите меѓу Барселона и Олимпијакос, односно Панатинаикос и Макаби.
Исклучително возбудлив натпревар, во кој доминираа одбраните одиграа фенер и Монако.
На крајот Монако победи со многу среќа. Малку фалеше Мајк Џејмс наместо еден од хероите на победата на Монако да биде трагичар. Американецот постигна тројка на 51 секунда до крајот, на гостите 61:57.
Во меѓувреме погодија Вилбекин и Хол, а потоа Марко Гудуриќ со својата тројка ги доведе возбудувањата до точка на вриење. Фенер на 18 секунди до крајот се доближи на 62:63.
Следуваше кулминација на истанбулската драма, Џејмс во предвидените пет секунди не успеа да ја уфрли топката во игра, па Фенер имаше речиси цел напад да ја обезбеди победата,
Вилбекин ја презеде одговорноста, имаше многу време да размисли како ќе ја нападне одбраната на Монако, се обиде да заврши со флотер и промаши.
Топката му припадна на Монако, а Хол со забивање стави точка на натпреварот.
Кај Фенербахче најефикасен беше Марко Гудуриќ со 14 поени (3/3 за три).
Ели Окобо ги предводеше гостите со 13 поени, додека Мотијеунас и Џејмс мечот го завршија со по десет поени.
Спорт
Лејкерси го отпуштија тренерот
Лос Анџелес Лејкерс му врачија отказ на тренерот Дарвин Хем. Отказот е последица на елиминацијата, во првата плеј-оф рунда од актуелните шампиони Денвер Нагетс.
За две сезони на кормилото на Лејкерс, Хем забележа 90 победи и 74 порази, минатата сезона стигна до конференциското финале и беше елиминиран од Денвер со 4:0, исто му се случи и оваа сезона, разликата беше само што Лејкерс успеаја да добијат еден натпревар.
Исто така Лејкерси со Хем го освоија турнирот кој се одржува во текот на сезоната во НБА.
Претходно Хем беше асистент во Милвоки Бакс, Атланта Хокс и ЛА Лејкерс.