Спорт
ЛЕ: Арсенал и Рома сигурни, Велковски и Риека ги исфрустрираа Сосиедад

Арсенал и Рома со убедливи победи го потврдија своето место во нокаут фазата во Лига Европа, но лидерите во Ла лига, Реал Сосиедад немаат сигурно место, откако Риека успеа да одигра 2:2 на „Аноета“ благодарение на голот на македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.
Арсенал, играјќи првпат пред домашна публика (од само 2.000 среќни навивачи), со 4:1 ги совладаа Рапид Виена за петта победа во пет меча во Лига Европа, во спротивност на домашната форма. И Рома беа убедливи, иако губеа рано од Јанг бојс, стигнувајќи до 3:1 победа за обезбедување на првото место во групата А.
Најнеизвесно во последното коло ќе биде во групата Ф, откако Наполи и Сосиедад не успеаја да ги потврдат фаворитските улоги. Наполи одигра само 1:1 на гостувањето кај холандскиот вице-шампион АЗ Алкмар, додека Сосиедад дома се „сопнаа“ против Риека, кои досега немаа ниту еден освоен поен. Дарко Велковски го постигна првиот гол за Риека за 0:1 во 38. минута, а тие двапати водеа, пред да се задоволат со реми. Во последното коло Наполи го пречекува Сосиедад во директна пресметка за пласман.
ЛИГА ЕВРОПА, 5.КОЛО
ГРУПА А
Рома – Јанг бојс 3:1
ЦФР Клуж – ЦСКА Софија 0:0
Табела: 1.Рома 13, 2.Јанг бојс 7, 3.ЦФР Клуж 5. 4.ЦСКА Софија 2
ГРУПА Б
Арсенал – Рапид Виена 4:1
Молде – Дандалк 3:1
Табела: 1.Арсенал 15, 2.Молде 9, 3.Рапид В. 6, 4.Дандалк 0
ГРУПА Ц
Ница – Баер Леверкузен 2:3
Славија Прага – Хапоел Бер Шева 3:0
Табела: 1.Славија П. 12, 2.Баер Л. 12, 3.Ница 3, 4.Хапоел БШ 3
ГРУПА Д
Бенфика – Лех Познањ 4:0
Глазгов Ренџерс – Стандард Лиеж 3:2
Табела: 1.Ренџерс 11, 2.Бенфика 11, 3.Лех 3, 4.Стандард Л. 3
ГРУПА Е
Гранада – ПСВ Ајндховен 0:1
Омонија – ПАОК 2:1
Табела: 1.Гранада 10, 2.ПСВ 9, 3.ПАОК 5, 4.Омонија 4
ГРУПА Ф
АЗ Алкмар – Наполи 1:1
Реал Сосиедад – Риека 2:2
Табела: 1.Наполи 10, 2.Сосиедад 8, 3.Алкмар 8, 4.Риека 1
АРСЕНАЛ – РАПИД ВИЕНА
РОМА – ЈАНГ БОЈС
РЕНЏЕРС – СТАНДАРД ЛИЕЖ
АЗ АЛКМАР – НАПОЛИ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јужна Африка е 23-от учесник на СП

Фудбалската репрезентација на Јужна Африка е 23-та репрезентација, која обезбеди место на Светското првенство следната година во Канада, САД и Мексико.
Јужна Африка пласманот го избори со победата од 3:0 над Руанда дома во 10-то коло од мундијалските квалификации.
Головите на Таленте Мбате, Освин Аполис и Евидес Макгопе и ја донесоа победата на „бафана бафана“.
Јужна Африка го престигна Бенин во последното коло и го освои првото место во групата Ц.
На крајот, Бенин ги загуби сите шанси да биде на Светското првенство, откако загуби во последното коло од Нигерија со 3:0 и падна на третото место поради помала гол-разлика.
Јужна Африка ќе игра на Светското првенство за прв пат откако беше домаќин на натпреварувањето во 2010 година.
Спорт
Вардар 1961 со победа ја започна сезоната во Европската лига

Вардар 1961 со победа ја започна сезоната во Европската лига. Вечерва во „Јане Сандански“, македонскиот вице првак славеше со 34:29 во дуелот со Севесте.
Натпреварот го обележа и првото соочување на поранешните репрезентативни колеги, легендите на хрватскиот ракомет, сега тренери Иван Чупиќ и Игор Вори.
Вардар 1961 релативно лесно го доби натпреварот. Првиот дел мина во апсолутна доминација на Вардар, бргу домаќинот стекна предност од четири гола (8:4) и ја одржа до крајот на тој период.
Во вториот дел по 21:16 следуваа црните минути во играта на Вардар, дозволи серија на противникот од шест гола. Вардар бргу го врати ритамот одоговри со серија од три гола и потоа рутински го финишира дуелот.
Хориха со седум, односно Боно и Тузолана со по шест гола го предводеа Вардар 1961.
Foto/ facebook.com/rkvardar
Спорт
(Видео) Јапонија против Бразил од 0:2 до 3:2

Фудбалерите на Јапонија по пресвр го победија Бразил (3:2), во пријателски натпревар одигран во Токио.
Јапонците успеаја пред околу 50.000 свои навивачи да го надоместат дефицитот од два гола од првото полувреме и за прв пат во историјата да забележат победа над „селесао“.
Карло Анчелоти малку ги измеша картите, но без оглед на тоа, „кариоките“, дојддоа до предност преку Пауло Енрике и Габриел Мартинели.
Во 26-та минута, Енрике го постигна првиот, а Мартинели постигна гол шест минути подоцна по асистенција од Лукас Пакета.
Катастрофалната реакција на Фабрицио Бруно во 52-та минута ја искористи Такуми Минамимо и со тоа ја врати Јапонија во натпреварот.
Јапонците не застанаа тука, а двоен асистент беше Ито, кој влезе како резерва во вториот дел.
Прво, во 62-та минута, го пронајде Кеито Накамура, а потоа во 71-та минута изведе корнер, по што Ајасе Уеда го комплетира пресвртот.
За потсетување Јапонија и Бразил обезбедија учество на Светското првенство во 2026 година.