Свет
Како „паметниот туризам“ влијае на закрепнувањето од пандемијата
Шпанскиот град Малага и шведскиот Гетебург се прогласени за Европски престолнини на паметен туризам за 2020 година. Шестиот најголем шпански град со популација од 1,1 милион луѓе, оваа награда се смета за доказ дека стратешкиот план препознаен како добар за туристите и за граѓаните, а се верува дека истовремено тоа пружа солидна основа за повторно започнување на патувањата по пандемијата на Ковид-19.
Решенијата од Малага опфаќаат електрична мобилност, сочување на водите, производство на енергија од обновливи извори и развој на апликација за туристи. Еден од примерите е сообраќајниот систем – посетителите можат да дознаат каде е најблиската автобуска станица и точен возен ред, користејќи ја технологијата на проширена реалност на својот паметен телефон.
Сега, во среде глобална пандемија, овие алатки се покажуваат уште повредни.
Малага организираше и хакатон за да собере идеи од претприемачи и технолошки компании во градот. Победник на натпреварот беше паметен туристички водич кој комбинираше различни аудиоводичи во градот, така што луѓето повеќе не мора да ги изнајмуваат индивидуално, а беше развиена и специјална апликација за плажите каде што не беше можно да се држи растојание поради пандемијата, па затоа многу од нив беа затворени.
Во август, тие направија чекор напред и потпишаа договор со Светската туристичка организација да станат еден од пилот-градовите за дигитални пасоши насочени кон обезбедување информации што ќе овозможат полесно наоѓање контакти, а можеби дури и укинување на задолжителните карантини во моментов со кои се соочуваат многу патници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кремљ се согласува со Трамп: Зеленски виновен што конфликтот сè уште не е решен
Москва ги поддржа изјавите на Доналд Трамп, кој во интервју за „Ројтерс“ одговорноста за продолжувањето на конфликтот му ја припиша на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува „Скај њуз“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија се согласува со оценката на Трамп.
„Тука можеме да се согласиме, навистина е така“, рече Песков. Тој истакна дека претседателот Путин и руската страна ја задржуваат својата отвореност.
Песков најави и дека Москва би ги пречекала пратеникот на Белата куќа Стив Виткоф и зетот на Трамп Џаред Кушнер, откако ќе се договори датумот на нивната посета.
Одговарајќи на прашање за рускиот претседател Владимир Путин, Трамп за новинската агенција Ројтерс претходно изјави: „Мислам дека тој е подготвен да постигне договор.“ Тој додаде: „Мислам дека Украина е помалку подготвена да постигне договор.“ На прашањето зошто конфликтот сè уште не е решен, Трамп одговори со еден збор: „Зеленски.“
Свет
(Видео) Капсулата „Кру Драгон“ со болен астронаут и тројца членови на екипажот слета на Земјата
Капсулата за екипаж од четири лица од Меѓународната вселенска станица (МВС), која ја прекина својата мисија во орбитата поради сериозна медицинска состојба на еден од астронаутите, безбедно слета на Земјата во четврток во морето покрај Калифорнија.
Капсулата „Кру Драгон“ на „Спејс Екс“ се спушти со падобран во мирните води покрај Сан Диего, завршувајќи повеќе од 10-часовно спуштање од Меѓународната вселенска станица и повторно влегување во атмосферата на Земјата. Слетувањето беше емитувано во живо од НАСА и „Спејс Екс“.
🛰A U.S. Crew Dragon spacecraft undocked from the International Space Station and splashed down off the California coast.
The crew included Roscosmos cosmonaut Oleg Platonov, NASA astronauts Zena Cardman and Mike Fincke, and JAXA astronaut Kimiya Yui, who spent 165 days aboard… pic.twitter.com/uN1HY1NHp5
— News.Az (@news_az) January 15, 2026
Астронаутите се одвоија од МВС во среда во капсула управувана од „СпејсИкс“ на Илон Маск. Капсулата ги носеше американските астронаути Зена Кардман и Мајкл Финке, јапонскиот астронаут Кимија Јуи и рускиот космонаут Олег Платонов. НАСА минатата недела објави дека прво ја откажала планираната вселенска прошетка поради здравствени проблеми на еден член на екипажот, а потоа одлучила целиот екипаж да го врати на Земјата порано.
#ULTIMAHORA El lugar de amerizaje de la Crew-11 se encuentra frente a la costa de California. Aquí hay un mapa que indica dónde será más visible el reingreso de la nave Dragon. Se puede observar desde San Francisco entrando a la admosfera terrestre 🛰️ pic.twitter.com/9Qo9f1M4U3
— Revista RDM Los qué todos leen 🇲🇽🇺🇸🇨🇦 (@RdmRevista) January 15, 2026
Американската вселенска агенција одби да го открие идентитетот на астронаутот со здравствени проблеми или да даде детали за неговата состојба, наведувајќи само дека членот на екипажот е стабилен.
Свет
Иранските власти ги споредија демонстрантите со Исламска држава
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи испрати писмо до генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, во кое повикува на спротивставување на „сите форми на странско мешање“ во Иран, објавија државните медиуми.
Во писмото, Арагчи ги опишува граѓанските протести против владата како насилни и терористички, наведувајќи дека тие претставуваат дејствија „против територијалниот интегритет и националните интереси на Иран“.
„Во последните денови бевме сведоци на насилни акти и тероризам во стилот на Исламска држава против Иран“, напишал Арагчи, цитира Иран Интернешнл.
Тој тврди дека протестите биле „саботирани од терористички елементи“ и побара Обединетите нации да ги осудат, како што ги нарече, „терористичките акти“.
Во меѓувреме, Совет за безбедност на ОН треба да одржи состанок за состојбата во Иран, на барање на Соединетите Американски Држави.
Фото: ЕПА

