Македонија
Царовска: Успешно заврши оценувањето за првото тромесечје

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, на онлајн состанок со директорите и наставниците од основни и средни училишта разговараше за текот на наставата, при што беше заклучено дека воспитно-образовниот процес од почетокот на учебната 2020/2021 година се одвива успешно.
Наставниците информираа дека оценувањето на учениците за првото тромесечје заврши без потешкотии. Учениците и родителите имаат увид во оцените преку електронскиот дневник.
„Беше предизвик да ги оцените учениците во овие поразлични услови на настава. Но, убедена сум дека како наставници го најдовте најдобриот начин и методи да ги оцените знаењата и да ги формирате оценките за првото тромесечје, во оваа скратена учебна година“, рече Царовска.
Во средните училишта во тек се подготовките за матурата, што треба да се одржи во законскиот рок.
„Образованието продолжува и нема да дозволиме пандемијата да се одрази на развојот и напредокот на учениците. Следните шест месеци се доволен период да се подготвиме за успешно спроведување на државната матура, согласно сите здравствени протоколи. Испитните програми ќе бидат усогласени со скратените наставни програми. Вие како наставници, ние како Министерство и сите кои учествуваат во овој процес на заокружување на средното образование ќе им помогнеме на учениците успешно да ги совладаат и овие заврши испити и да постигнат високи резултати. Полагањето на матурата е во најдобар интерес на учениците и е основа за натамошно надградување и продолжување на образованието на факултетите“, нагласи министерката Царовска.
Во училиштата каде што се одвива настава со физичко присуство, се почитуваат мерките и протоколите за заштита, што се потврдува и со податоците дека под 1 процент на наставници и под 0,06 проценти ученици се активни случаи и нема пренос на болеста во училиштата. Кај учењето од далечина над 90 проценти од учениците следат онлајн настава, а континуирано се намалува бројот на ученици кои немаат технички услови, како резултат на заедничкиот ангажман на МОН, локалните самоуправи, училиштата и компаниите со општествена одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.