Македонија
СДСМ: На протестите на ВМРО-ДПМНЕ се кршат мерките за коронавирусот
Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат во законодавниот дом и надвор од него, велат од владејачкиот СДСМ преку соопштение.
Партијата нагласува дека опозицијата со поснедувањето на илјадниците амандмани ја блокира работата во Собранието, а протестите што ги организира ги кршат мерките за коронавирусот.
„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се однесува неодговорно и штетно и во Собранието и надвор од него, нанесувајќи штета на интересите на граѓаните и на државата, и тоа во време на сериозна здравствена и економска криза, предизвикана со пандемијата од коронавирусот.
Со поднесувањето на стотици, илјадници амандмани опозицијата се обидува да ја блокира работата на законодавниот дом, за да не може да им се помогне на најранливите преку реализација на четвртиот пакет економски мерки, за да не можат пензионерите, невработените, компаниите да добијат помош.
3.000 амандмани, најмногу од нив апсурдни и нелогични, поднесе ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозициски пратеници за измените на Деловникот за работа на Собранието, со единствена цел да спречат пратениците кои се изолација да можат да работат од далечина.
Во време на пандемија, ВМРО-ДПМНЕ со над 500 амандмани се обидува да ги блокира измените во Законот за здравствена заштита, кои предвидуваат лекарите што ја исполниле старосната граница за пензионирање да можат да го продолжат работниот век до возраст од 67 години.
Деструктивното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и надвор од законодавниот дом, со групирање, организирање на протести за спас на фотелјата на Мицкоски, на кои се кршат мерките за заштита од коронавирусот.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ наместо да работат за доброто на граѓаните, прават се за да биде полошо, глумат загриженост за здравјето, а не ги почитуваат мерките.
Ако се барем малку одговорни ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да прекинат со блокади на крстосници, наместо да бројат мртви, да повикаат да се почитуваат мерките, да се откажат од блокадата на собранието.
Нема да успее антидржавното, антинародното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, тие нема да успеат да ги блокираат реформите, нема да успеат да го блокираат напредокот на државата“, наведува СДСМ во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има предност пред нејзиниот опонент од СДСМ, ќе биде следниот градоначалник на општината.
Мицкоски нагласи дека граѓаните јасно ја изразиле својата волја и доверба кон ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, која во првиот круг освоила 33 градоначалници, наспроти тројца од СДСМ, а во вториот круг влегла во 26 општини.
„Веќе во две општини противниците на нашите кандидати се откажаа – Македонски Брод и Могила – така што во овој момент коалицијата има 35 градоначалници и уште во 24 општини е во втор круг. Тоа се 59 потенцијални градоначалници“, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа ќе биде историски најголем триумф на македонската политичка сцена.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, имајќи мнозинство и во 58 општински совети, а го истакна и водството на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, со предност од над три спрема еден во однос на противкандидатот.
Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 2 ноември и да го заокружат бројот 9, за, како што рече, да се потврди „најголемата победа во историјата на Македонија“.

