Црна хроника
Во сообраќајна несреќа загина 25-годишно момче
Дваесет и петгодишник загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Куманово-Скопје, кај Агино Село.
Момчето управувало со автомобот кој излетал од патот.
Во возилото имало уште три лица кои со повреди биле пренесени на Комплексот клиники Мајка Тереза.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош.
Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
Тешка кражба во продажен објект во Струга
Во Струга, вчера во 13:55 часот на улицата „Ѓорѓи Ѓоргон“, полициски службеници го лишија од слобода е Х.Ќ.(29) од Струга.
Тој се сомничи поради сомнение дека извршил тешка кражба во продажен објект во Струга.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, беа пронајдени и одземени повеќе разновидни производи кои се вратени на сопственикот и по целосно документирање на настанот против сторителот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.

