Спорт
Рејна ја спаси Борусија од пораз во Франкфурт
Три од четирите натпревари, одиграни попладнево во Бундес лигата завршија без победник.
Борусија Дортмунд го губи чекорот, по поразот од Келн, избраниците на Лусиен Фавр, освоија само еден бод во Франкфурт. Камада во деветтата минута погоди за предност на Ајнтрахт, а конечните 1:1, во 56.минута ги постави Рејна. Борусија игра без Халанд, кој поради повреда нема да биде во тимот, во наредните четири недели.
Фрајбург освои еден бод во дуелот со Борусија од Менхенгладбах. Лејнхарт и Грифо од пенал ги постигнаа головите за домашниот тим, додека стрелци за Борусија беа Емболо и Плеа.
Со резултат 2:2 заврши натпреварот Келн-Волфсбург, додека Армија го победи Мајнц со 2.1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкараз
Шпанските навивачи на Мастерсот во Мадрид, по елиминацијата на Рафаел Надал доживеаја уште едно разочраување. Бранителот на трофејот Карлос Алкараз не успеа да се пласира во полуфиналето.
По два часа голема борба, во три сета, Алкараз загуби од Андреј Рубљов. Рускиот тенисер славеше со пресврт 4:6, 6:3, 6:2.
Првиот сет Алкараз го реши во своја корист со брејк кој го направи во петтиот гем откако спаси брејк топка што ја имаше неговиот ривал во вториот.
Шпанецот имаше две сет топки на сервис на Рубљов во деветтиот гем, но сепак мораше да ја заврши работата и да го добие сетото на свој сервис.
Рубљов нападна на стартот од вториот сет. Во вториот гем пропушти четири брејк можности, но не и петтата. Русинот можеше да го удвои брејкот во шестиот гем кога имаше три брејк топки, но Алкараз се извлече.
Потоа Рубљов спаси две брејк топки во седмиот гем, за да ја искористи втората сет топка во деветтиот и да го внесе мечот во третиот сет.
Решавачкиот дел од натпреварот беше и најкраток. Рубљев направи брејк во првиот, а потоа уште еден во петтиот и се пласира во полуфиналето.
Во полуфиналето Русинот ќе игра против подобриот од мечот во кој се среќаваат Тејлор Фриц и Франциско Серундоло.
Спорт
Шкендија нов лидер во првенството, Вардар блиску до баражот за опстанок
Шкендија е нов лидер во Првата македонска фудбалска лига. Во последните три кола Шкендија, Шкупи и Струга влегуваат со по 58 бодови. По оваа рунда се чини дека Македонија ЃП и Брегалница имаат само теоретски шанси да останат во лигата, а Вардар е најблиску до баражот.
Шкендија ги искористи поразите на Шкупи во Гостивар и актуелниот шампион струга во Кавадарци и се искачи на првото место на табелата. Ист број на бодови, 58 имаат Струга и Шкупи.
Шкендија во периодот од 77. до 94.минута против АП Брера постигна три гола и успеа да ја стигне и престигне предноста на гостите.
Струга против Тиквеш успеа да направи пресврт со головите на Ибраими (кој дојде до бројта од 201 гол во Првата макеоднскат фудбалска лига), но до крајот Тиквеш со головите во 82. и 94.минута му пресуди на шампионот.
Вардар слаеше убедливо во Штип кај Брегалница и ја прекина серијата од три порази. Црвено-црните сега имаат шест бода повеќе од Македонија ЃП и Брегалнца и се наоѓаат на 10.место кое води во бараж за опстанок.
Воска спорт победи кај Македонија ЃП и се одлепи од Вардар на пет бода.
Брегалница – Вардар 0:3
(Шушњара 8’, Тошев 85′, Николоски 90+2′)
Гостивар – Шкупи 2:0
(Кировски 62’, Кехинде 97’)
Македонија ЃП – Воска 0:2
(Илиески 61’, Марушиќ 69’)
Шкендија – АП Брера 3:2
(Адеми 77’, Цаке 87’ , Аганспахиќ 94’- Ивковиќ 16’, Цветановски 68’)
Силекс – Работнички 0:1
(Регба 82′)
Тиквеш – Струга 3:2
(Мојсов 32’, Стојковски 82’, Луан Силва 94’ – Ибраими 63’, 77’)
Табела:
Спорт
Баерн е во завршни преговори со Рагник
Претседателот на фудбалскиот клуб Баерн, Херберт Хајнер изјави дека клубот ги финализира преговорите со Ралф Рангник, кој од следната сезона треба да биде тренер на тимот од Минхен, пренесуваат германските медиуми.
Тренерот на Баерн, Томас Тухел ќе го напушти клубот од Минхен по крајот на сезоната. Рангник, кој моментално е селектор на австриската репрезентација, неодамна потврди дека преговара со тимот од Минхен.
„Рангник е извонреден познавач на фудбалската сцена. Тој има исклучителни вештини за развој на играчи и тимови. Сè што слушнав за австриската репрезентација под негово водство е многу, многу позитивно. Разговорите со него одат во вистинска насока. Ако дојде, тоа ќе биде многу добро решение за нас“, изјави Херберт за „Скај Спортс Германија“.
Германските медиуми тврдат дека Баерн до крајот на неделата би можел да објави дека Рагник ќе го преземе клубот.
„Се надевам дека нема да чекаме предолго. Ќе видиме кога ќе го објавиме конечниот резултат. Брзо ќе дознаеме во кој правец ќе одиме“, изјави Хајнер.
Фудбалерите на Баерн синоќа одиграа во Минхен со Реал без победник, 2:2 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Реваншот е закажан за следната среда во Мадрид.
Рангник ја презеде австриската репрезентација во 2022 година, а претходно меѓу другите беше тренер на Манчестер Јунајтед, Лајпциг, Шалке, Хофенхајм, Хановер и Штутгарт. Тој има договор со Фудбалскиот сојуз на Австрија до јуни 2026 година.