Македонија
Буџетскиот онлајн-прашалник на Општина Карпош го пополниле 806 граѓани
Буџетскиот онлајн-прашалник на Општина Карпош оваа година го пополнија 806 граѓани од сите урбани заедници.
„Сите проблеми, забелешки и идеи, што беа посочени од граѓаните, се дистрибуирани до соодветните одделенија и сектори при Општината. Во процесот на креирање на буџетските програми секоја од забелелешките ќе биде разгледана и во согласност со можностите и надлежноста ќе се интегрира во новиот буџет на локалната самоуправа за 2021 година“, велат од Општина Карпош.
Од таму велат дека доминираат предлози на три теми: инфраструктура, екологија и урбанизам. Најактивни со пополнување на анкетниот прашалник биле граѓаните од Тафталиџе, Карпош 4, Карпош 1 и од Карпош 2.
Во споредба со минатата година постои забележителен раст на вклучени граѓани, така што ланскиот анкетен прашалник го пополниле 504 граѓани.
Трета година по ред Општина Карпош ја користи оваа алатка за мапирање на интересот на граѓаните, приоретизација на буџетските средства и зголемување на партиципативноста (учеството) при буџетирањето.
Исто така, во тек е и изработка на теренска анкета на репрезентативен примерок од најмалку 1.000 граѓани, која исто така ќе помогне во подготовката на новиот буџет.
„Службите на Општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев на дневна основа реализираат и консултативни средби со претставници на граѓанските организации и меѓународни донатори со цел да се создаде посеопфатен и пореален буџетски документ“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

