Спорт
Расел: Разочаран сум, можев да победам
Џорџ Расел, дебитантот во болидот на Мерцедес, рекол дека е разочаран од конечниот исход на трката за Големата награда на Сахир. Расел, само поради катастрофалните одлуки што ги направи тимот, не успеа да победи. Британецот возеше на местото на својот сонародник Луис Хамилтон, кој е позитивен на коронавирусот.
Расел водеше во две третини од трката, а водството го загуби поради катастрофалната грешка во боксот на Мерцедес. Механичарите на неговиот болид ги монтираа гумите што требаше да одат на болидот на Валтери Ботас.
Кога се врати на патеката, експресно од петтото се проби на второто место, почна да го лови лидерот Серхио Перез кога пукна еден од задните пневматици на неговиот болид. На патеката се врати како 14-ти, а на крајот успеа да дојде до деветтото место, ги освои првите бодови во кариерата во Формула 1, но остана без победата.
„Не знам што да кажам. Двапати ни ја зедоа победата. Ми беше задоволство, уживав со тимот, но целосно сум разочаран“, му порачал на тимот 22-годишникот преку радиоврската по завршувањето на трката.
„Дадов сè од себе. Водев од почетокот, имав самодоверба, ја одржував предноста над Валтери. Потоа очигледно направивме грешка во боксот, тоа нè врати назад. Мислам дека можевме да го стигнеме Серхио Перез. Имавме нови гуми, болидот беше толку брз. Разочаран сум“, изјавил Расел по трката за „Скај спорт“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Крај на сезоната за Конор Бредли
Фудбалерот на Ливерпул, Конор Бредли, ја завеши сезоната, по повредата со која се здоби во четвртотокот, против Арсенал (0:0). Дефанзивецот ќе мора да го оперира повреденото колено на левата нога, објави денес шампионот на Англија.
„Бредли заработи повреда на коленото во последните минути од натпреварот од Премиер лигата на гостински терен против Арсенал во четвртокот навечер. Бредли ќе биде опериран во наредните денови, а потоа ќе започне период на рехабилитација. Во оваа фаза од процесот, не е одреден временски рок за негово враќање во игра“, се вели во соопштението на Ливерпул.
Англиските медиуми објавија дека сезоната е завршена за 22-годишниот десен бек.
Потврдата за сериозноста на повредата на Бредли дојде по инцидентот во судиското продолжение. Напаѓачот на Арсенал, Габриел Мартинели, го турна дефанзивецот додека тој лежеше повреден на теренот, непосредно пред да биде изнесен на носилки.
На Мартинели му беше покажан жолт картон од судијата Ентони Тејлор, а потегот на бразилскиот крилен напаѓач беше жестоко критикуван од јавноста и предизвика гнев кај играчите на Ливерпул.
Подоцна кога дозна за сериозноста на повредата на ривалот, Мартинели јавно се извини за непримерниот гест.
Спорт
(Видео) Баерн против Волфсбург броеше до осум
Како што се очекуваше, фудбалерите на Баерн го победија тимот на Волфсбург во последниот натпревар од 16-то коло на Бундеслигата. Баварците го декласираа ривалот со 8:1.
Баварците воспоставија контрола од првата минута, имаа многу поголем посед на топката, но гостите од Долна Саксонија беа подеднакво опасни во првото полувреме пред голот на Мануел Нојер.
Баерн поведе многу рано со автогол на Килијан Фишер, но Волците брзо возвратија преку Џенан Пејчиновиќ, талентиран 20-годишен германски фудбалер по потекло од Црна Гора.
По половина час игра, Луис Дијаз, на асистенција на Олисе, повторно го доведе домашниот тим во водство, а во второто полувреме, баварската машина едноставно ги здроби гостите, Мајкл Олисе (двапати), уште еден автогол (Мориц Јенц), Рафаел Гереро, Хари Кејн и Леон Горецка донесоа повеќе од убедлив триумф.
Со оваа победа, Баерн ја зголеми својата предност на табелата, откако второпласираната Борусија Дортмунд освои само бод во Франкфурт против Ајнтрахт во петокот (3:3), додека Баер Леверкузен беше неочекувано убедливо поразен пред своите навивачи против Штутгарт (1:4).
Баварците сега имаат 44 бода, 11 повеќе од тимот од Дортмунд на второто место на табелата.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Брајтон го елиминира Манчестер Јунајтед од ФА купот
Манчестер Јунајтед нема победа од натпреварот со Њукасл на крајот од 2025 година. Рубен Аморим беше отпуштен од менаџерската позиција, но тоа не ги смени работите на „Олд Трафпрд“.
Под водство на привремениот менаџер, Дарен Флечер, одиграа нерешено 2:2 во Барнли, кај претпоследниот тим во Премиер лигата, а вечерва „црвените ѓаволи“ беа елиминирани од ФА Купот.
Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши со резултат 1:2 (0:1), што значи дека Брајтон се пласира во четвртото коло од најстарото фудбалско натпреварување во светот.
Несомнено е дека играч на натпреваротбеше Брајан Груда. 21-годишникот му донесе водство на Брајтон во 12-та, а учествуваше и во решавачкиот гол, бидејќи му асистираше на 35-годишниот Дани Велбек, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед.
Бенјамин Шешко по корнерот што го изведе Португалецот Бруно Фернандеш во 85-тата минута само успеа да го намали резултатот.
Наредната сабота, Јунајтед во дербито ќе го пречека Манчестер Сити.

