Свет
Ердоган: Турција нема да се покори на заканите во спорот со Грција и Кипар
Турција нема да се покори на заканите во спорот со Грција и Кипар за поморските права во источниот дел на Медитеранот, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Тој исто така рече дека Турција сака преговори за спротивставените тврдења за континенталниот појас и правото на потенцијални енергетски ресурси, објави „Ројтерс“.
„Кога станува збор за прашањето за источен Медитеран, нашата земја никогаш не се залага за тензии, туку за мир, соработка, правда и спроведување на правдата. Патот до ова е преку преговори засновани на меѓусебно почитување“, рече Ердоган повторувајќи го повикот за одржување конференција на која би биле вклучени сите актери во регионот.
Сепак, Турција нема да дозволи пиратскиот менталитет што го покажуваат другите земји да ја ограничи на тесен крајбрежен појас.
„Нема да се поклониме на заканите и уцените… Нема да дозволиме империјалистички експанзионизам“, посочи тој.
Лидерите на Европската Унија треба да проценат дали има основа за воведување санкции против Турција.
Тие ќе одлучат в четврток дали ќе ја исполнат заканата да воведат санкции откако Турција го испрати својот истражувачки брод во водите на кои полага право Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија парично ја казни апликацијата Телеграм
Русија вчера ја казни платформата за социјалните медиуми за испраќање пораки Телеграм со седум милиони рубљи (околу 64.000 евра), јавува Анадолија.
Локален суд во Москва ја казни апликацијата откако ја прогласи за виновна за кршење на рускиот закон со дозволување пристап до некои забранети содржини.
Претходно, неколку странски платформи за социјални медиуми, вклучувајќи ги Епл, Гугл, Тикток и Фејсбук, беа казнети поради слични причини. На пример, руски суд го казни Епл откако компанијата одби да отстрани два подкасти.
Во 2021 година, Фејсбук беше казнет и со 220.000 евра затоа што не ја бришеше содржината што Москва ја смета за нелегална.
Да потсетиме, основачот на Телеграм, Павел Дуров, беше уапсен во Франција во август. Тој потоа беше ослободен, но не му беше дозволено да ја напушти Франција. Покрената е официјална истрага за наводите дека неговата платформа не се обидела да спречи измама, трговија со дрога и ширење на детска порнографија.
Регион
Познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ претепана во Белград
Познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ вчера во 18 часот и 50 минути била физички нападната од 47-годишната С.Д..
Како што неофицијално објави српски Телеграф, кај С.Д. по пристигнувањето на полицијата било утврдено присуство на алкохол во крвта.
Како што пишуваат српските медиуми, тепачката се случила на плоштад во Земун.
Актерката наводно управувала со возило и кога тргнала напред, со предниот дел од автомобилот удрила во случајниот минувач С.Д. во пределот на коленото, што довело до вербален, а потоа и физички конфликт.
Актерката потоа била префрлена во Ургентниот центар.
Свет
Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа
Два брода со мигранти се превртеа во Индискиот Океан кај Мадагаскар, а бројот на жртви се зголеми на 25, соопштија денеска локалните власти.
Вкупно 48 луѓе беа спасени од водите во близина на северниот дел на Мадагаскар, а официјални лица велат дека мигрантите биле на море речиси еден месец со надеж дека ќе стигнат до француската територија Мајот.
На 2 ноември чамците ја напуштиле плажата во близина на главниот град на Сомалија, Могадишу, со 73 луѓе.
Не е јасно што го предизвикало превртувањето на чамците, а истрагата е во тек.