Контакт

Македонија

Драстично намалени казните во Законот за укажувачи

Објавено пред

Со усвојување на Законот за изменување на Законот за заштита на укажувачи, објавен во „Службен весник на РСМ“ бр. 257 од 29.10.2020 година, се извршија измени во прекршочите одредби на Законот за заштита на укажувачи со тоа што глобите за одговорни лица во правни лица и за правните лица се значително намалени. На овој начин законодавецот наместо да покаже заложба за подобрување на примената на овој закон и да обезбеди соодветни ресурси и буџет, ја олеснува неговата непримена и непочитување на начин што ќе го загрози идентитетот на укажувачите и целисходноста на постоењето на овој закон. Наместо намалување на глобите, законодавецот треба да ја искористи законски предвидената можност од Законот за прекршоците, за одредени прекршоци да мора и да може да се изрекуваат и повисоки глоби. Оваа можност треба да се однесува и на одредбите на антикорупциските закони, како што е законот за укажувачи, соопшти Транспаренси интернешнл – Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Со намалени глоби се овозможува и понатаму да не функционира системот, бидејќи полесно ќе биде да се платат казните, отколку да се расчисти состојбата, односно да се сносат последиците ако станува збор за незаконити дејства. Законот и досега имаше слаба или незначителна примена за да може да се оцени дали нешто треба да се менува во него. Прво требаше да се настојува сите институции да воспостават систем на пријавување од страна на укажувачи, а потоа да се види како тој систем функционира и дали има потреба од некаква интервенција во законот. Вака уште повеќе само се дерогира неговото значење и потребата од примена”, изјави Слаѓана Тасева, претседател на ТИ Македонија.

При тоа висината на глобите за правните лица е димензионирана во сооднос со големината на трговецот и институцијата од јавниот сектор пресметано според бројот на  вработени, при што глобите за некои прекршоци се драстично намалени. Со измените во Законот, исто така, има драстично намалување на глобите и, за овластените лица во правните лица, во приватниот и јавниот сектор, задолжени да ги примат пријавите на укажувачите, да постапат по нив, како и да го заштитат нивниот идентитет, нивните права од работниот однос и нивната безбедност: наместо од 2.000 до 4.000 евра, како досега, со измените глобата треба се движи од 250 до 500 евра.

Предвидените глоби за правните лица се намалени за повеќе од половина. Глобите што беа предвидени за необјавување и правење на достапни за сите вработени на актите за внатрешно пријавување во приватниот и јавниот сектор со законските измени се намалени и се движат од 250 до 2000 евра казна како максимална која важи за големи трговци и институција со повеќе од 50 вработени лица. Пред измените казните се движеа од 2.000 до 4.000 евра без оглед на големината и бројот на вработени во правното лице од јавниот или приватниот сектор. Исто така казните за непочитување на одредбите за заштита на податоците на пријавувачот врз основа на кои може да се открие неговиот идентитетот, глобите за правните лица со законските измени се градирани во однос на големината на правното лице според бројот на вработени, а казните за овластените лица за прием на пријави од укажувачи изнесуваат 500 евра.

„Големината на корупцијата и борбата против неа не зависат од големината на субјектите. Укажувачите како важна алка во борбата против корупцијата се еднакво значајни без оглед на големината и бројот на вработени на институцијата или трговецот каде тие работат или соработуваат. Обврската за заштита на укажувачите треба да важи подеднакво за сите. Нелогични се измените во членот 20 каде се предвидени глоби за непостапување по пријава на укажувач од страна на институциите задолжени за  заштитено надворешно пријавување. Глобата за непостапување на овие институции во законскиот рок изнесуваше 6.000 евра. Сега висината на овие глоби е рангирана според големината на субјектот, што навистина не соодветствува со целите на законот каде како субјектите, односно органите задолжени за заштитено надоврешно пријавување се Државната   комисија за спречување на корупцијата, Народниот правобранител, Инспекцискиот   совет,   Министерството за внатрешни работи и до Јавното обвинителство на Република Македонија“, се вели во соопштението.

Глобите, пак, за неподнесување на извештаи до ДКСК од страна на институциите задолжени за прием на пријави од укажувачи од заштитено внатрешно и заштитено надворешно пријавување со измените се движат од 1.000 до 4.000 евра. Пред законските измени оваа глоба изнесуваше 4.000 евра. Со Законот за прекршоци („Службен весник“ бр.96 од 17.05.2019 година) се воведува неколкукратно намалување на висината на глобите преку утврдување на точен распон на висината на прекршочните глоби и усогласување на сите материјални закони во правец на нивно усогласување со предвидената висина на глобите во Законот за прекршоците. Сепак, како што е оставена можност за одредени прекршоци да мора и да може да се изрекуваат и повисоки глоби, би требало таа можност да се однесува и на одредбите на антикорупциските закони, како што е Законот за укажувачи.

Македонија

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.

dobivaj vesti na viber

-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто

Објавено пред

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.

dobivaj vesti na viber

Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.

Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.

Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.

Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.

На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија

Објавено пред

Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.

dobivaj vesti na viber

Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.

„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:

СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет12 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион13 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија15 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет17 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија18 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија21 час

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет2 дена

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија2 дена

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија2 дена

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија2 дена

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија3 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија3 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет3 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија3 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...