Спорт
Почина поранешниот аргентински селектор Сабелја
Поранешниот аргентински селектор и тренер на Естудијантес, Алехандро Сабелја почина на 66 годишна возраст по долга болест.
Сабелја, кој ги предводеше Аргентинците до финалето на СП во 2014, каде што загубија од Германија, беше хоспитализиран во ноември за итна операција на срцето, истиот ден кога Диего Марадона почина во својот дом. Ситуацијата се компликувала по инфекција и по две недели во приватната клиника во Белграно, Сабелја починал.
Сабелја имаше прекар „професорот“, бидејќи и покрај тоа што добил место на Универзитетот во Буенос Аирес да студира право, решил да стане фудбалер. Со Ривер Плата тој имаше над 100 настапи освојувајќи три титули, пред да стане еден од првите Аргентинци во англискиот фудбал, со трансферот во Шефилд јунајтед во 1978 година.
По повлекувањето од фудбалот тој работеше како помошник на Даниел Пасарелја во Аргентина и Уругвај, пред да стане тренер на Естудијантес во 2009, освојувајќи ја Копа Либератдорес титулата. Сабелја стана селектор во 2011 година, поставувајќи го Лионел Меси за капитен и пласирајќи се во првото финале на СП по 24 години во Бразил во 2014. Тој набргу си поднесе оставка и беше заменет со Херардо Мартино, по што имаше големи здравствени проблеми и ретко се појавуваше во јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Интер во историски натпревар со триумф над Торино го прослави Скудетото
Фудбалерите на Интер пред своите навивачи, со победа на Торино (2:0) на најдобар начин ја прославија 20. шампионска титула, која математички ја обезбедија минатата недела.
Натпреварот влезе во историјата на италијанскиот фудбал, бидејќи женска судиска тројка ја делеше правдата.
🏆❤️ Torino give a guard of honour to the Serie A champions Inter! Respect. 🇮🇹 pic.twitter.com/X2lancJRx5
— EuroFoot (@eurofootcom) April 28, 2024
Serie A makes 𝗛𝗜𝗦𝗧𝗢𝗥𝗬 with its first all-women refereeing team for the Inter vs Torino match! 👏
Maria Sole Ferrieri Caputi, Francesca Di Monte, and Tiziana Trasciatti leading the way ✨
📺 @tntsports & @discoveryplusuk pic.twitter.com/GnkVSLhSRa
— Football on TNT Sports (@footballontnt) April 28, 2024
Торино, против шампионот се држеше до 49. минута и исклучувањето на Тамезе.
Со играч повеќе на теренот, Хакан Чалханоглу ги постигна двата гола за својот тим, првиот во 56. минута на асистенција на Мхитарјан, а вториот во 60. минута од пенал.
Спорт
Пеко ја доби битката со Маркез, Мартин не ја заврши трката
Актуелниот светски првак, Франческо Бањаја, победи на трката за Големата награда на Шпанија. На патеката во Херез доминираа возачите на Дукати, Бањаја од фрабричкиот тим победи пред домшниот миленик Марк Маркез (Гресини Дукати) и Марко Бецеки (ВР46 Дукати).
Пеко трката ја заврши за 40:58:053 минути. Второто место го зазеде возачот на Гресини, Марк Маркез, кој водеше антологиска битка со актуелниот шампион и ја мина целта со 0,372 секунди зад победникот. Марко Бецеки задоцни речиси речиси четири секунди зад победникот.
Алекс Маркез во вториот Гресини ја заврши трката на четвртото место, веднаш пред Енеа Бастианини (Дукати) и Бред Биндер од КТМ. Топ 10 го комплетираа Фабио Ди Џанантонио (ВР46), Мигел Оливеира (ГасГас), Маверик Вињалес (Априлија) и Педро Акоста (Гас Гас).
Маркез и Бецеки тргнаа одлично од првите две позиции, но апсолутен херој на првиот свиок беше Хорхе Мартин. Асот на Прамак Дукати при сопирање влезе малку подлабоко во свиокот, одлично го позиционираше мотоциклот и стигна до втората позиција. ајголеми губитници на стартот беа Биндер и Акоста.
Мартин изгледа го инспирираше актуелниот шампион Франческо Бања, кој направи спектакуларно претекнување, со еден маневар ги престигна Мартин и Бецеки.
Сепак Мартин не попушти, ја прзеде водечката позиција, а зад неговиот грб беше Бањаја.
Шпанецот не го издржа притисокот, направи грешка во осмиот круг, падна од мотоциклот и ја заврши трката.
Водечката позиција ја презеде Бањаја, а зад него за второто место се бореа Бецеки и Маркес. Младиот Италијанец ја загуби позицијата од Маркез, кој тргна да го „лови“ Бањаја.
На пет круга пред крајот имаше контакт и кратка промена на водството, но Бањаја брзо успеа да се врати на првото место и на крајот да победи.
Италијанецот со втората победа сезоната, ја намели предноста на лидерот Мартин на само 17 поени. Од друга страна Марк Маркез по пауза од 558 денови се искачи на победничкиот пиедестал.
Спорт
Покетино: ВАР го нарушува имиџот на англискиот фудбал
Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нарушува имиџот на англискиот фудбал. Аргентинецот ова го изјави по натпреварот во Бирмингем, каде на Челси против Астон Вила му беше поништен гол за победа во 95.минута.
Челзи, на „Вила Парк“, губеше со 2:0, се врати во мечот со головите на Мадуеке и Галагер, а во петтата минута од судиското надополнување, по употребата на ВАР технологијата, голот на Аксел Дисаси беше поништен поради прекршок на почетокот на акцијата.
„Ова е болно и го нарушува имиџот на англискиот фудбал. Мислам дека ниту играчите на Астон Вила, ниту нивните навивачи не разбираа зошто голот е поништен. Судиите рекоа дека е прекршок, а ако на секој таков дуел гледаме како фаул, тогаш ние не би го завршиле натпреварот со 11 играчи. Можеме да зборуваме за играта или за одлуката, таа му штети за на фудбалот“, рече Покетино.