Спорт
ЛШ: Германска хаварија на Јунајтед, Роналдо пак го освои „Ноу Камп“, скандал во Париз…

Последното коло од групната фаза од Лигата на шампионите донесе многу возбудувања – елиминација на Манчестер јунајтед, одмазничка победа на Јувентус и Кристијано Роналдо над Барселона, како и голем расистички скандал на мечот ПСЖ-Башакшехир.
„Ѓаволите“ пристигнаа во Лајпциг со едноставна задача – да останат непоразени и да го потврдат пласманот во осминафиналето, но наместо тоа доживеаја тежок потоп и пораз од 3:2. Уште во втората минута, Анхелињо, позајмен фудбалер на Манчестер сити го Давид де Хеа, за само десет минути подоцна, Амаду Хајдара да зголеми на 2:0. Наместо реакција, Јунајтед примија уште еден гол, кој за нивна среќа беше поништен поради офсајд.
Ниту влегувањето на Дони ван де Бек и Пол Погба во второто полувреме не ја смени ситуацијата – нововлезениот Џастин Клајверт во 69-тата минута зголеми на 3:0, пред Бруно Фернандеш од пенал да намали на 3:1 во 80-тата минута со гол од пенал, а надежите за чудо ги зголеми Пол Погба, кога две минути подоцна погоди за 3:2.
Вториот меч од групата во Париз, не го доживеа својот крај, бидејќи фудбалерите на Башакшехир го напуштија теренот по расистичкиот испад на четвртиот судија на мечот, и одбиваа да излезат на теренот (повеќе на повеќе линкови на нашиот сајт).
На „Ноу Камп“ пак, Јувентус стигна до 3:0 победа над Барса и освојување на првото место во групата Г, благодарение на Кристијано Роналдо, кој не играше во првиот меч во Торино. Роналдо, кој досега немаше дадено гол на Барса во Лигата на шампионите, даде два гола од пенал во 13. и 52. минута, а победата ја потврди Вестон Меккени со фантастичен гол.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО
ГРУПА Е
Челси – Краснодар 1:1
Рен – Севилја 1:3
Конечна табела: 1.Челси 14, 2.Севилја 13, 3.Краснодар 5, 4.Рен 1
ГРУПА Г
Барселона – Јувентус 0:3
Динамо Киев – Ференцварош 1:0
Конечна табела: 1.Јувентус 15, 2.Барселона 15, 3.Динамо К 4, 4.Ференцварош 1
ГРУПА Х
Пари Сен-Жермен – Башакшехир 0:0 прек.
РБ Лајпциг – Манчестер јунајтед 3:2
Табела: 1.РБ Лајпциг 12, 2.ПСЖ 9, 3.Манчестер ј. 9, 4.Башакшехир 3
РБ ЛАЈПЦИГ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
БАРСЕЛОНА – ЈУВЕНТУС
ЧЕЛСИ – КРАСНОДАР
РЕН – СЕВИЛЈА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Пафос освои бод кај Олимпијакос, Бодо/Глимт се врати од 2:0 против Славија

Вчера деботантите Карабаг и Унион Сен Жилоа забележаа сензационални победи во Лисабон над Бенфика, односно во Ајндховен над ПСВ, а и вечерва клубвите што прв пат играат во Лигата на шампионите имаа успешни настапи. Пафос одигра 0:0 против Олимпијакос во Атина, а Бодо/Глимт во Прага се врати по минусот од два гола и одигра 2:2 со Славија.
Спорт
Одбраната на трофејот во Купот Вардар ќе ја почне против Новаци
Фудбалскиот клуб Вардар одбраната на титулата во Купот на Македонија ќе ја започне на домашен терен против Новаци.
Во Куќата на фудбалот со ждрепка беа одредни осминафиналните двојки. Се игра еден натпревар, а термините се 24.09.2025 и 29.10.2025.
Осминафинални двојки во Купот на Македонија:
Македонија ЃП – Струга Трим Лум
Охрид Лихнидос – Шкупи 1927
Вардар – Новаци
Башкими 1947 – Силекс
Шкендија – Тиквеш
Работнички – Брегалница 2008
Шкендија Арачиново – Пелистер
Беласица – Детонит Плачковица
Спорт
Парти инсистира дека е невин по обвиненијата за силување

Фудбалерот на Виљареал, Томас Парти, претпладнево се изјасни за невин кога се појави пред судот во Лондон, по обвиненијата за силување и сексуален напад.
Парти беше обвинет по пет точки за силување и едно обвинение за сексуален напад, поради спорни настани во 2021 и 2022 година. Обвиненијата се однесуваат на три жени.
Парти во тоа време беше член на Арсенал, а веќе една година англиските медиуми пишуваат за овој случај.
„Топџиите“ не го продолжија договорот со 32-годишникот, па тој го напушти клубот како слободен агент и се пресели во Шпанија со одобрение на судот.
Според условите што ги постави судот, Парти не смее да контактира со ниту една од трите жени, мора да пријави каква било промена на адресата во полиција и мора редовно да одговара на судските покани за сослушувања. Следното е закажано за 2 октомври.
Фудбалерот ги негира сите обвинувања.
Парти синоќа играше за Виљареал, против Тотенхем во првиот натпревар од Лигата на шампионите, на тереното влезе во 78-та минута, но не можеше да го спречи поразот на „Жолтата подморница“.
Парти е роден во 1993 година во Гана, а на 19-годишна возраст дојде во шпански Леганес. Набрзо се пресели во Атлетико Мадрид, во чиј прв тим беше од 2015 до 2020 година, исклучувајќи ги позајмувањата во Мајорка и Алмерија.
Тој беше член на Арсенал од летото 2020 година, кога клубот за неговиот трансфер на Атлетико му плати 50 милиони евра.
Foto/ EPA