Свет
Во САД над 220.000 заболени од Ковид-19, се чека вакцината
Во последните 24 часа САД регистрирале повеќе од 220.000 нови случаи на коронавирус, на ниво малку пониско од рекордот во последните денови во земјата, покажаа податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“, а Американците се надеваат дека ги чекаат првите дози на вакцината. Во исто време починале 2.500 лица.
Американските власти очекуваа зголемени бројки на заболени од Ковид-19 кога милиони луѓе патуваа на Денот на благодарноста пред десет дена и покрај повиците да останат дома.
Повеќе од 100.000 лица во моментот се наоѓаат во болниците во САД.
Американците, соочени со огромен скок на инфекција во последните неколку недели, се надеваат дека ќе почнат кампања за вакцинација што е можно побргу.
Вакцината на „Фајзер/Бајонтек“ може да биде одобрена во наредните денови, а вакцината на „Модерна“ веќе следната недела.
Експертите на Агенцијата за лекови на САД (ФДА) во извештајот објавен во вторникот велат дека вакцината против Ковид-19 на „Фајзер/Бајонтек“ не е ризична во однос на безбедноста.
Советодавниот одбор на агенцијата утре треба да се состане и да донесе одлука за одобрување на вакцината, како што веќе тоа го стори Велика Британија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија сака да ги подготви децата за војна преку училишна програма: „Тоа е разумна подготовка“
Германскиот сојузен министер за внатрешни работи Александар Добриндт (CSU) предложи учениците во училиштата систематски да се учат како да реагираат во кризни ситуации и во случај на војна. Тој планира да го презентира својот план во ноември на конференција на државните министри за внатрешни работи, а тој би вклучувал воведување на специјални двочасовни предавања.
„Важно е младите луѓе да разберат какви закани може да постојат и како да се подготват за нив. Децата се важни пренесувачи на знаење во семејството“, изјави Добриндт за весникот Ханделсблат, објави DW.
Остри реакции во Бундестагот
Предлогот предизвика жестоки реакции во германскиот парламент. Опозициската левица верува дека ова „шири страв кај децата и младите“, додека десничарската радикална Алтернатива за Германија (AfD) го обвини министерот за „подбуцнување војна“. Пратеникот на AfD, Готфрид Курио, тврди дека Добриндт сака „да ја направи војната неизбежен дел од секојдневниот живот“.
Од друга страна, Зелените веруваат дека идејата има смисла, но дека не е доволна. Нивниот претставник, Леон Екерт, предлага постојниот „Ден на предупредување“ да се прошири во национален ден за вежбање со цел практично да се подготват граѓаните за кризни ситуации.
Ова не е прв пат слична идеја да се дискутира во Германија. Уште за време на мандатот на претходната влада, тогашната министерка за образование Бетина Старк-Вацингер (ФДП) презентираше сличен предлог, осврнувајќи се на практиката во Велика Британија, каде што вежбите за вонредни ситуации се дел од училишната програма.
Добриндт, исто така, најави нов „пакт за заштита на населението“, кој би вклучувал подобрување на системот за предупредување, означување на заштитни зони и обезбедување основни потреби во вонредни околности.
„Нема ништо лошо во тоа секој да има основна залиха од храна, батерии и радио дома. Тоа не е паника, тоа е разумна подготовка“, рече Добриндт. Тој додаде дека интересот на граѓаните за прирачниците за цивилна заштита е голем, што покажува дека луѓето „сакаат да бидат подготвени“ во случај на криза.
Фото: принтскрин
Свет
Зеленски: Украина и нејзините сојузници ќе работат на план за прекин на огнот во наредните денови
Украина и нејзините сојузници се согласија да работат на план за прекин на огнот во следните десет дена, изјави претседателот Володимир Зеленски за „Аксиос“ по предлогот на американскиот претседател да се запре војната на сегашните граници.
„Неколку брзи точки како план за прекин на огнот. Одлучивме дека ќе работиме на тоа во следната недела или десет дена“, изјави украинскиот лидер за „Аксиос“ во интервју објавено во понеделникот.
Зеленски додаде дека Украина, за да изврши притисок врз Русија за разговори, бара од американската администрација не само ракети „томахавк“ туку и слични работи што не бараат долгорочна обука, пренесува „Ројтерс“.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп подложен на преглед со магнетна резонанција: „Беше совршено“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделникот изјави дека бил подложен на магнетна резонанција, без да каже зошто.
„Беше совршено“, им рече тој на новинарите во авионот „ер форс уан“ на пат кон Токио.
Магнетната резонанција користи магнети и радиобранови за да создаде детаљни слики од внатрешноста на телото. Може да се користи за следење голем број состојби.
Порано овој месец, како што анализираат медиумите, лекарот на американскиот претседател изјави дека по медицинската процена, се утврдило дека Трамп е во „исклучителна здравствена состојба“.
Во јули Белата куќа откри дека Трамп имал оток во долниот дел на нозете и модринки на десната рака откога фотографиите го покажаа претседателот со отечени глуждови и шминка што го покрива засегнатиот дел од раката.
Фото: принтскрин

