Спорт
„Не сум расист. Негру на романски значи црно“

Четвртиот судија на натпреварот помеѓу ПСЖ и Башакшехир, Себастијан Колтеску, се обидел да се оправда за скандалот што го предизвика. Котлеску е виновникот што синоќа играчите на Башкшехир го напуштија теренот во Париз.
Пред камерите на француската телевизија, Котлеску рекол дека не е расист. Тој обраќајки се кон помошникот тренер во стручниот штаб на Башакшехир, Пјер Вебо, зборот „црно“, го употребил на романски.
„Негру на романски значи црно. Јас не сум расист“, рекол романскиот судија.
Откако тој го кажал тоа што го кажал, Демба Ба, застана во одбрана на својот тренер, поради што натпреварот беше прекинат.
УЕФА објави дека натпреварот ќе се одигра вечерва од 18.55 част. Натпреварот беше прекинат во 13 минута при резултат 0:0.
Huge Respect to Demba Ba ??#PSG #Besiktas #UCL pic.twitter.com/uD3bN71nUp
— VON (@MEDIOVON) December 8, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Колку е лош Јунајтед на Рубен Аморим?

Мандатот на Рубен Аморим во Манчестер јунајтед стана синоним за неуспех. „Црвените ѓаволи“ синоќа го допреа дното, испаднаа во второто коло во Лига купот од членот на Четвртата лига, Гримзби, што се смета за историски неуспех.
Рубен Маорим, донесен да го стабилизира тимот, стана најлошиот менаџер во поновата историја на славниот клуб. Катастрофата на Јунајтед под Аморим ја покаѓуваат и бројките.
Катастрофата против Гримзби достигнува епски размери бидејќи летово Јунајтед на засилувања потрошија 200 милиони фунти.
Аморим победил на само 24,7 отсто од натпреварите во Премиер лигата, што е најлош учинок на кој било менаџер на Јунајтед по заминувањето на Сер Алекс Фергусон.
За споредба, често критикуваниот Дејвид Мојес имаше половичен успех, победи на 50 отсто од натпреварите, додека Жозе Мурињо е убедливо најдобар со 58,3 отсто победи.
Јунајтед победи само на седум од 29 лигашки натпревари под водство на Аморим, односно тимот победува на еден од четири натпревари, учинок што му доликува на тим во зоната за испаѓање.
Минатата сезона беа освоени само 42 бода, најмалку во историјата на клубот во Премиер лигата, додека 15-то место на табелата е најлошата позиција откако лигата се игра во овој формат.
Тимот постигна само 44 гола во текот на целата сезона, соборувајќи уште еден негативен рекорд.
Јунајтед ретко постигнувал голови во првата половина од натпреварите, во петте најдобри европски лиги, само Џенова била понеефикасна во првите 45 минути од почетокот на сезоната 2024/25.
Фактот дека Аморим има водено повеќе натпревари во Премиер лигата (29) отколку што има добиено (28) е особено разочарувачки.
Во домашните купови и во Европа, против англиски клубови, Аморим има само една победа од пет натпревари, против Арсенал на пенали во ФА Купот.
Тие беа поразени од Тотенхем (двапати), Фулам и во среда од четвртолигашот Гримсби.
Извор/ Би-би-си
Спорт
Милан експресно го договори трансферот на Нкунку

Челзи и Милан експресно го договрија трансферот на напаѓачот Кристофер Нкунку.
Клубовите го договорија трансферот за помалку од 24 часа. Двете страни се согласија за обештетување од околу 35 милиони евра.
Што се однесува до Нкунку, тој ќе потпише петгодишен договор со „росонерите“. Потенцијалниот француски репрезентативец е седмото засилување на Милан, но преодниот рок сè уште не е завршен. Тие би сакале да доведат уште еден напаѓа и стопер на „Сан Сиро“. Главни кандидати во моментов се Душан Влаховиќ и Артим Довбик, односно Мануел Аканџи.
Нкунку дојде во Челзи како големо засилување во 2023 година од РБ Лајпциг за 60 милиони евра. За две сезони, тој одигра 62 натпревари и постигна 18 голови.
Спорт
УЕФА го смени терминот на финалниот меч во ЛШ

УЕФА воведе новитет помалку невообичаен. Од оваа сезона финалето на Лигата на шампионите ќе се одржува во 18:00 часот.
Досега, финалниот меч за највредниот трофеј во клупскиот фудбал се одржуваше во 21:00 часот, но тоа повеќе нема да биде случај.
Како што вели првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, оваа новина е донесена првенствено поради навивачите.
„Со оваа промена, го ставаме навивачкото искуство во центарот на нашите планови. Финалето на Лигата на шампионите е клучен момент од фудбалската сезона и новото време на почеток ќе го направи уште подостапно, инклузивно и важно за сите вклучени. Додека терминот од 21:00 часот е посоодветен за натпревари што се играат во средината на неделата, пораното започнување на финалето во сабота значи порано завршување на натпреварот, без оглед на евентуалните продолженија, пенали. А ова им дава поголема можност на навивачите да уживаат со остатокот од вечерта со своето семејство, пријатели, гледајќи го најважниот натпревар во сезоната“, објасни Чеферин.
Првото финале, кое ќе се игра од 18:00 часот, ќе биде на стадионот „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, каде што ќе се игра следниот натпревар за титулата европски шампион.