Црна хроника
Ограбена обложувалница, фатен еден од крадците
Двајца маскирани и вооружени разбојници синоќа упаднале и ја ограбиле спортската обложувалница „Бетсити – Балкан“ на „Партизански одреди“, соопштуваат МВР
Разбојниците упаднале во обложувалницата и почнале да им се закануваат на тројцата вработени со пиштол, по што украле околу 875.000 денари. По излегувањето од обложувалницата полицајци ги забележале разбојниците, по што еден од полицајците испукал еден куршум во воздух, во знак на предупредување.Набргу полицајците го фатиле едниот разбојник и ги пронашле парите. Станува збор за дваесет и тригодишниот Б.Д. Од Скопје. Полицијата трага по другиот разбојник, но од МВР велат дека веќе имаат осомничено лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

