Контакт

Црна хроника

(Видео) Се намалува бројот на сообраќајни несреќи и на загинати

Објавено пред

„Во ноември 2020 година имаме значително намалување на бројот на сообраќајни незгоди, особено на оние со потешки последици“, рече министерот Оливер Спасовски при денешната посета на Мобилната единица за безбедност во сообраќајот, која е носител на засилените акциски контроли во сообраќајот што МВР ги спроведува од средината на септември.

dobivaj vesti na viber

„По моето враќање во МВР во септември, почнавме низа оперативни акции за да ја подобриме безбедноста на граѓаните, а една од акциите е насочена кон подобрување на безбедноста  во сообраќајот и, пред сè, намалување на бројот на сообраќајни незгоди со тешки последици. Анализите покажуваат дека како што течат овие засилени контроли, граѓаните се подисциплинирани во однос на почитување на сообраќајните правила и прописи, што резултира со намалување на бројот на сообраќајни незгоди, особено оние со потешки последици. Бележиме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во октомври 2020 година, а со поголем процент и во ноември оваа година. Се разбира, на намалувањето на сообраќајните незгоди, односно подигањето на сообраќајната култура, влијаат многу фактори, но ние како министерство во овој период сме посветени да ја завршиме нашата задача и тоа како на превентивен така и на репресивен план, а евидентно е дека резултатите се видливи и посветени сме и натаму да продолжиме со мерките со цел намалување на сообраќајните незгоди, особено оние со потешки последици“, рече министерот Спасовски.

Во ноември 2019 година се случиле вкупно 714 сообраќајни незгоди, а во ноември 2020 година – 564, што претставува намалување од 21 отсто. Во сообраќајни незгоди во текот на ноември 2019 година животот го загубиле 11, а истиот месец 2020 година седум лица, што претставува намалување од 36 отсто. Во однос на пешаците како една од најранливите категории учесници во сообраќајот, за истиот период бележиме намалување од 75 %, односно во ноември 2019 година загинале четворица пешаци, а во ноември 2020 година – еден. Се намалува и бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди, односно во ноември 2019 година 70 сообраќајни незгоди, а во ноември 2020 година – 37, што претставува намалување од 47 %.

Од почнувањето на засилените акциски контроли изречени се вкупно 43.170 санкции, од кои: 7.404 за пречекорување на ограничувањето на брзината на движење, 615 за поминување на црвено светло, 7.306 за управување без возачка дозвола, 5.829 за нерегистрирани возила, 854 возила за јавен превоз на патници поради техничка неисправност.

„Продолжуваме да работиме интензивно за да дојдеме до зацртаната цел, побезбедни улици и патишта. Особено сакам да ги потенцирам професионалноста и посветеноста на полициските службеници што ги спроведуваат овие акциски контроли, како и на тимот што раководи со акцијата и од нив очекувам иста посветност и професионалност и во наредниот период“, рече Спасовски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Кумановци осомничени за незаконско снимање на полицијата за време на 2 Август, најдени 15 дронови

Објавено пред

Кумановската полиција денес изврши претреси во домовите на Д.Х. (47) и Д.Г. (51), двајцата од Куманово, како и во просториите на фирма во сопственост на Д.Г. Претресите се спроведени поради сомнение за злоупотреба на лични податоци и за неовластено снимање.

dobivaj vesti na viber

Сомнежите произлегле од видео-снимки објавени на социјалните мрежи на почетокот на август, на кои со дрон била снимена зградата на кумановската полиција, службени возила и физичкото обезбедување за време на свеченоста по повод државниот празник 2 Август – Илинден.

При претресот кај Д.Х. е пронајден еден дрон, шест куршуми и неколку нотарски акти и документација, кои ќе бидат предмет на понатамошна постапка. Во домот на Д.Г. се пронајдени 14 дронови.

Со двете лица се извршени службени разговори во полициска станица. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Топ

Комбето со работници паднало од мостот во реката: ОЈО изврши увид по тешката несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на експресниот пат Штип-Радовиш, каде комбе со петмина патници излета од патот и падна од мостот во коритото на Балталичка река.

dobivaj vesti na viber

Со комбето се превезувале работници ангажирани од фирма од Струмица. Во несреќата го загубија животот тројца работници, од кои според првичните сознанија двајца се од Бангладеш и еден од Непал, додека едно лице е тешко повредено. Возачот се здобил со лесни повреди.

ОЈО Штип презема дејствија за испитување на причините за несреќата. Се врши разговор со очевидци, а телата на починатите се дадени на обдукција. По наредба на јавен обвинител ќе биде извршено и сообраќајно вештачење.

Прикажи повеќе...

Топ

Тројца загинати и двајца повредени: тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Објавено пред

Три лица загинаа а двајца се повредени, меѓу нив возачот на возилото кое денеска излета од патот Штип-Радовиш.

dobivaj vesti na viber

Според МВР денеска во СВР Штип во 08.13 часот било пријавено дека на експресниот пат Штип-Радовиш, кај мостот на Балталиска река во близина на с.Лакавица, штипско, товарно возило „фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управувано од М.Д.(35) од с.Иловица, струмичко, излетало од мостот.

Од екипа на итна медицинска помош, кај три машки лица е констатирана смрт, додека возачот и уште едно машко лице со повреди се пренесени во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.

Увидот е во тек соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

ВМРО-ДПМНЕ го прозва Коцевски: Не молчете за незаконското следење на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство и обвинителот Љупчо Коцевски веднаш да реагираат и да спроведат темелна и транспарентна истрага за, како...

Македонија19 минути

Шабан Салиу – кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари официјално е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

На свечена церемонија во Скопје, претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу го стави својот потпис на документот „Декларација...

Свет1 час

(Видео) Вдовицата на Чарли Кирк: Немате поим што ослободивте

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк, одржа емотивен говор во седиштето на „Трнинг поинт УСА“ во Аризона....

Свет2 часа

Бабата на убиецот на Кирк тврди дека нејзиниот внук е невин: Збунета сум, немаме демократи во семејството

Бабата на 22-годишниот Тајлер Робинсон, уапсен под сомнение дека е одговорен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, тврди дека...

Македонија3 часа

Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно...

Свет14 часа

(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан –...

Македонија15 часа

Имало три нови обиди за палење на „Дрисла“, Ангелов најави засилено обезбедување, полицијата разговара со вработените

Криминалистичката полиција разговара со вработените за можни потпалувачи, чадењето сè уште активно.  Криминалистичката полиција денеска разговара со вработени во ЈП...

Македонија16 часа

Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Собранието на денешната пленарна седница ја усвои Декларацијата за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите на...

Свет17 часа

Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши...

Свет17 часа

Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк. Клучна...

Свет17 часа

Таткото на убиецот на Кирк имал клучна улога за апсењето, го препознал синот и пријавил

Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврди дека осомничениот е 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој разговарал со членовите на семејството на вечера...

Топ20 часа

Комбето со работници паднало од мостот во реката: ОЈО изврши увид по тешката несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на експресниот пат Штип-Радовиш, каде комбе со петмина патници излета од...

Македонија21 час

ДУИ: Со амин на Бујаре Абази од „Вреди“, српска банка навлегува во сржта на финансискиот систем на Македонија

Демократската унија за интеграција изразува, како што велат, длабока загриженост во врска со потврдата на планот за навлегување на српскиот...

Македонија21 час

(Видео) Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски да одговори...

Македонија22 часа

„Вардариште“ е обезбедено, останува „Дрисла“, проблемот ќе биде саниран за една недела, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјавата за промоција на изборната коалиција за претстојните локални избори на новинарско прашање во...

Топ22 часа

Тројца загинати и двајца повредени: тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Три лица загинаа а двајца се повредени, меѓу нив возачот на возилото кое денеска излета од патот Штип-Радовиш. Според МВР...

Македонија1 ден

Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната, вели Ангелов

Чадењето од депонијата Дрисла е се уште присутно, но во многу помал обем и не е причина за маглата, вели...

Европа1 ден

(Видео) Огромен украински напад врз Русија: Москва е исто така цел, испратени десетици дронови

Масовен напад со беспилотни летала беше извршен ноќва во неколку региони во Русија, насочени кон Москва и Санкт Петербург, објавија...

Свет1 ден

(Видео) Венс ја држеше раката на ковчегот на Кирк додека војниците го качуваа во авионот

Ковчегот со телото на Чарли Кирк пристигна во неговата матична држава Аризона со „Air Force Two“. Уша, сопругата на американскиот...

Свет1 ден

Болсонаро осуден на 27 години затвор

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е осуден на 27 години и три месеци затвор за заговор за воен удар за...