Контакт

Општество

Контроли во 13 угостителски објекти во Скопје, два се затворени

Објавено пред

Службениците на Министерството за внатрешни работи во соработка со инспектори на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат во петокот навечер на подрачје на СВР Скопје извршија контроли во вкупно 13 угостителски објекти, при што два се затворени, само во три нема неправилности, а за другите се утврдени неправилности е и им изречена соодветна глоба.

dobivaj vesti na viber

Во три угостителски објекта не се утврдени никакви неправилности и тоа во ТД „Бато-Маџо ДООЕЛ“ – подружница „Лезет“, улицата „Пролет“, „ДУТ Олд грипс паб“ ДОО Скопје– подружница „Пивара Стар град“ лоцирана на улица „Градиште“ во Старата чаршија и ДПТУ „Боними компани Јосип“ ДООЕЛ Скопје на улицата „Октомвриска Револуција“.

Според извештајот на МВР, ресторанот „Болеро – Под Кале“, е затворен од сопственикот, во ресторан „Ла Тана“ на улицата „Пролет“, објектот нема да врши дејност до 7-ми јануари, додека, пак, во ресторан „Мечос Пица“, контролата не била извршена, поради претходно издадено решение за забрана на вршење дејност од страна на УЈП на 31-ви декември.

Во „Алпласт ДООЕЛ“, подружница „Бастион“ на улицата „Пиринска“ при извршената контрола е утврдено дека се пушело во објектот, за што од страна на Државнито пазарен инспекторат е изречено платен налог за глоба во износ од 1.250 евра во денарска противвредност.

Потоа во „Бутлегз ДОО“ подружница „Соломатик“ на улица „Отон Жупанчиќ“, при контролата од страна на Управата за јавни приходи е утврдено несогласување на дневниот пазар евидентиран со фискалниот апарат, за што е изречен платен налог за глоба во висина од 2.500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице во правното лице, а донесено е и Решение за забрана за вршење дејност во предметниот објект во времетраење од 15 дена.

Во „Кала кафе плус“ ДОО Скопје на улицата „Аминта Трети“ со контролата е констатирано е дека работело едно непријавено за вработено лице, за што до трудова инспекција ќе следи известување, а од страна на Пазарна инспекција поради немање натпис на локалот „забрането точење алкохол на малолетни лица“ изрече и мерка едукација на управителот.

Непријавено лице е регистрирано и во „ДУ-Кафеана Калабалак“ ДООЕЛ Скопје на улицата „Пролетер“, за што ќе следи известување до Трудова инспекција.

Во контролата на „Клан“ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, подружница „Калабрија“ на „Качанички пат“ утврдени се неправилности од страна на Управата за јавни приходи односно не е евидентиран дневен промет на фискален апарат, за што е изречен платен налог за глоба во вкупен износ од 3.250 евра од кои 2.500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице во правното лице. Издадено е, исто така, и решение од страна на УЈП за забрана за вршење на дејност во времетраење од 15 дена а констатирано е и дека има едно непријавено лице за вработено, за што ќе следи допис до Трудова инспекција.

Во „ДППУ Идеа“ ДООЕЛ Тетово, подружница „Тиволи брх“ на улицата „Крсте Мисирков“ во Скопје, при контролата од страна на УЈП е констатирано неусогласеност со дневниот промет на фискалниот апарат, при што во касата се пронајдени помалку средства од фискално евидентираните, за што на управителот му е издаден налог за порамнување во просториите на УЈП. Истовремено при вршењето на контролата во објектот се затекнати лица кои пушеле цигари, за што од страна на МВР се издадени платни налози за глоба во износ од 150 евра, а од страна на Државниот пазарен инспекторат на управителот му е издадена покана за порамнување во просториите на ДПИ на износ од 1.250 евра, пушење цигари во затворен објект.

При контролата на „ДУПТУ Маратонец ЈМБ“ ДООЕЛ Скопје на булеварот „Јане Сандански“, утврдени се неправилности, при што од Државниот пазарен инспекторат е изречена глоба во вкупен износ од 1.500 евра и тоа 1.200 евра за правното лице, 300 евра за одговорното лице во правното лице, поради неутврдување на нормативите на храна, а додека од УЈП поради нерегистрирање на готовински промет на фискален апарат, му е издаден платен налог за глоба во вкупен износ од 3.250 евра од кои 2.500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице во правното лице. Истовремено е издадено решение за привремена забрана за вршење на дејност во времетраење од три дена./крај/мф/сн

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Сите што ме познаваат добро знаат колку и како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот“ рече Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“, за кобната ноќ

До ден-денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер, изјави првообвинетиот и сопственик на дискотеката...

Македонија3 часа

(Видео) Тошковски: За 24 часа, регистрирани 110.000 прекршоци во сообраќајот

Камерите во Скопје забележале речиси 110.000 прекршоци во сообраќајот за 24 часа. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски за „Безбеден град“: Поддржувам да се прошири во целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Безбеден град“, кој почна официјално денеска со пробниот...

Македонија4 часа

(Фото/видео) Ниеден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ не призна вина

Ниеден од 35-те физички и трите правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, не...

Економија5 часа

(Видео) Потврдени квалитетот и безбедноста на македонското злато во трезорот на Банката на Англија, извести Народната банка

Во рамките на официјалната посета на Банката на Англија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и неговиот тим имаа...

Македонија5 часа

13 мобилни телефони и лаптоп најдени во ќелија на обвинет за „Пулс“: судијката го предупреди дека му следува самица

На почетокот на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судијката Диана Груевска-Илиевска го предупреди обвинетиот Џаваир Камбери, државен...

Македонија6 часа

Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1.300 до 1.800 евра

Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа. Во изминатиот период извршени се надзори на 30...

Македонија7 часа

Мицкоски се огради од народот, сега на камерите во Скопје може да види колку е паднат стандардот на граѓаните, велат од СДСМ

„За само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои...

Свет8 часа

САД размислуваат за копнен напад врз Венецуела; Мадуро: Подготвени сме да се браниме

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека неговата земја е подготвена да се одбрани додека САД размислуваат за копнен напад....

Свет8 часа

Виткоф и Кушнер денеска се среќаваат со Путин во Москва

Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, ќе се сретнат со рускиот претседател...

Свет9 часа

Белата куќа е многу оптимистична во врска со мировните преговори во Украина

Белата куќа е „многу оптимистична“ во врска со шансите за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави нејзината...

Регион9 часа

(Видео) Илјадници протестираа против владата во Бугарија, луѓето се судрија со полицијата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Софија за да протестираат против буџетскиот план на бугарската влада за следната година, првата...

Европа17 часа

Кремљ: Го освоивме Покровск

Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави...

Свет18 часа

Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денес изјави дека неодамнешниот преглед со магнетна резонанца на Доналд Трамп бил превентивен по...

Македонија21 час

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на...

Македонија21 час

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина...

Македонија1 ден

Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од...

Македонија1 ден

Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена

Камерите поставени на сообраќајниците во Скопје од денеска ќе снимаат, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од...

Македонија1 ден

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта,...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на Стража на автопатот Гостивар – Букојчани

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8, на релацијата Скопје –...