Спорт
„Кралевите“ се кралеви во ЛШ, Интер излета од Европа!
Тоа што требаше да биде „пеколна недела“ за Реал Мадрид, на крајот може да се покаже како клучна во сезоната, откако „кралевите“ ги исполнија очекувањата и со 2:0 победа над Борусија Менхенгладбах го обезбедија првото место во својата група и пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.
За среќа на Гладбах, и тие ќе се приклучат меѓу најдобрите 16 во Европа, откако ривалите во групата, Интер и Шахјтор го одиграа единствениот резултат кој им одговараше – 0:0 реми по кое Интер е на последното место на табелата и не поминува ниту во Лига Европа (каде што оди украинскиот тим).
Карим Бензема стана само третиот фудбалер кој постигнал 50 гола во групната фаза на ЛШ (по Роналдо и Меси), откако со два гола во првото полувреме го реши победникот на „Естадио Алфредо ди Стефано“. Во Милано пак, Интер доби шанса со победа да направи скок и да оди во осминафиналето, но во внимателна игра тие одиграа само 0:0 со Шахтјор за крај на европските надежи.
И вториот мадридски клуб, Атлетико Мадрид, рутински го обезбеди местото во осминафиналето, откако со 2:0 победија на гостувањето кај Ред бул Салцбург со головите на Ермосо и Караско за второ место во групата А зад шампионот Баерн Минхен.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО
ГРУПА А
Баерн Минхен – Локомотив Москва 2:0
Ред бул Салцбург – Атлетико Мадрид 0:2
Конечна табела: 1.Баерн М. 16, 2.Атлетико М. 9, 3.Салцбург 4, 4.Локомотив М. 3
ГРУПА Б
Интер – Шахтјор Доњецк 0:0
Реал Мадрид – Борусија Менхенгладбах 2:0
Конечна табела: 1.Реал Мадрид 10, 2.Борусија М. 8, 3.Шахтјор 8, 4.Интер 6
ГРУПА Ц
Манчестер сити – Марсеј 3:0
Олимпијакос – Порто 0:2
Конечна табела: 1.Манчестер С. 16, 2.Порто 13, 3.Олимпијакос 3, 4.Марсеј 3
РЕАЛ МАДРИД – БОРУСИЈА М.
ИНТЕР – ШАХТЈОР
САЛЦБУРГ – АТЛЕТИКО МАДРИД
БАЕРН – ЛОКОМОТИВ М.
МАНЧЕСТЕР С.-МАРСЕЈ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реми во дербито меѓу Рома и Јувентус
Рома и Јувентус освоија по еден бод, откако во дербито на 35.коло одиграа 1:1, на „Олимпико“ во Рим.
Рома никако не може да биде здоволна со бодот бидејќи си го компромитира пласманот во Лигата на шампионите. Италија наредната сезона ќе има пет екипи во Лигата на шампионите, а Рома на петтото место има три бода и два натпревари повеќе од Аталанта.
Натпреварот почна добро за Рома, Лукаку се најде на вистинското место во вистинско време и му донесе водство на својот тим во 15. минута.
Јувентус после тоа не сакаше да тактизира, избраниците на Масимилијано Алегри тргнаа во напад, а во 31.минута ја искористија грешката во одбраната на Рома. Резултатот го изедначи Бремер.
До крајот на мечот Јуве беа поблуску до победата. Киеза ја погоди стативата во 47.минута, а потоа голманот Свилар имаше две добри интервенции.
Спорт
Рубљов го освои Мастерсот во Мадрид
Рускиот тенисер Андреј Рубљов победи на Мастерсот во Мадрид.
Рубљов во финалето го совлада Канаѓанецот Феликс Оѓер-Алиасим по три сета, со пресврт 4:6, 7:5, 7:5 по два часа и 49 минути игра.
Рускиот тенисер во главниот град на Шпанија ја освои втората титула од серијата 1000, а воедно осмиот тенисер во светот стана првиот во кариерата кој победил на Мастерсот во Мадрид и во сингл и во двојки.
Русинот лани во Монте Карло го освои првиот трофеј на турнирите од серијата 1000, а за 27-годишниот Русин ова е 16. титула во кариерата, втора во 2024 година.
Спорт
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
Три клуба од Евролигата покажале сериозен интерес за најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитирјевиќ.
Димитријевиќ неодамна ја доби наградата за МВП во регуларниот дел од сезоната, во ВТБ лигата. Сезоната ја заврши со просек од 19 поени, 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки по натпревар.
Пред две недели турнските медуми објавија дека Фенербахче е сериозно заинтересиран за Димитријевиќ. Во неделата, се појави информацијата на „Република Болоња“ дека за Македонецот се интересираат најдобрите италијански тимови, Олимпија Милано и Виртус Болоња.
Извесно е дека Димитријевиќ следната сезона ќе го гледаме во Евролигата.