Свет
Пентагон се подготвува за вакцинацијата против коронавирусот

Пентагон првата вакцинација против коронавирусот ќе ја спроведе на 16 места во САД и во странство. Приоритет ќе имаат здравствените работници, вработените во службите за итни случаи и корисниците на домови за воен персонал кој е во пензија, пренесува АП.
Потоа, кога ќе станат достапни следните резерви вакцини, ќе се спроведе имунизација меѓу воениот персонал кој извршува задачи од клучно национално значење, како што се тимови одговорни за нуклеарно оружје и сајбер-безбедност, но исто така и во одредени воени единици што се подготвуваат за распоредување. Вакцинацијата ќе биде на доброволна основа затоа што вакцината на „Фајзер“ првично беше наменета за итна употреба, но подоцна може да стане задолжителна доколку Администрацијата за храна и лекови издаде целосно одобрување за употреба, изјавија официјални лица.
Неколку врвни службеници во Министерството за одбрана ќе бидат меѓу првите што ќе ја примат вакцината, како што се вршителот на должноста министер Кристофер Милер и генералот Марк Мајли, командант на Генералштабот на американската армија. Некои од нив ќе ги примаат вакцините во јавноста за да ја покажат довербата на Пентагон во безбедноста на вакцината.
Пентагон првично ќе добие нешто помалку од 44.000 дози вакцина, а времето за почеток на вакцинацијата зависи од тоа кога Агенцијата за храна и лекови ќе издаде одобрување за дистрибуција и употреба на вакцината на „Фајзер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Телото на директор на Путин пронајдено обезглавено под мост: нова мистериозна смрт на руски бизнисмен

Алексеј Синицин, извршниот директор на производителот на калиумова сол К-Поташ Сервис, беше пронајден мртов во близина на Калининград. Тој е 19-тиот руски бизнисмен кој почина под мистериозни околности од почетокот на руската инвазија на Украина, објави „Москва Тајмс“.
Најмалку 19 високи раководители и бизнисмени, многумина поврзани со руските нафтени и гасни гиганти, вклучувајќи ги „Лукоил“, „Газпром“ и „Транснефт“, починаа под сомнителни околности во Русија и во странство од 2022 година.
Tragic mystery in Kaliningrad: CEO of “K-Potash Service,” Alexey Sinitsyn, found decapitated under a bridge with a towing cable nearby. Authorities are investigating. What really happened? #Mystery #Kaliningrad #CrimeNews pic.twitter.com/M5I348U2Ou
— ceanmedia (@ceanmedia) September 8, 2025
Телото на Синицин било пронајдено обезглавено под мост, со сајла за влечење прицврстена на неговото тело, објави рускиот државен медиум РИА Новости, повикувајќи се на полициски извор. Сепак, „Киев Индепендент“ не можеше да ги потврди наводите.
The CEO of one of Russia’s largest potash producers, Alexey Sinitsyn, was found dead near Kaliningrad Monday https://t.co/ivvsDqC7F3
— The New York Sun (@NewYorkSun) September 9, 2025
Мистериозни смртни случаи на руски бизнисмени
Минатиот месец починаа Дмитриј Осипов, претседател на одборот на директори на „Уралкали“, еден од најголемите руски производители на калиумови соли, и Михаил Кенин, основач и мнозински сопственик на водечката градежна компанија „Самолет“. Причините за смртта не беа објавени.
Од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина, регистрирани се низа смртни случаи под нејасни или необични околности, не само во деловните кругови, туку и меѓу полицијата и владините претставници.
фото: принтскрин
Свет
Масовен прекин на електричната енергија во Берлин, сомнение за саботажа: државната безбедност започна итна истрага

Денес беше пријавен сериозен прекин на електричната енергија во југоисточен Берлин. Според податоците од Берлинскиот информативен центар за сообраќај, ниту семафорите ниту јавниот превоз не работат.
Портпаролот на компанијата „Стромнец Берлин“ утрово околу 3:30 часот за весникот „Билд“ извести дека имало пожар, кој зафатил два далновода. Пожарот бил изгаснат, но огнот ја пукнал водоводната цевка.
Полицијата е на местото на настанот и блокирала голем дел од Кенигшајд за истрагата.
„Врз основа на моменталните информации, се сомневаме на подметнат пожар“, изјави портпаролот на полицијата.
Одделот за државна безбедност на полицијата, кој е одговорен за политички мотивирани злосторства, ја презеде истрагата за прекинот на електричната енергија.
„Околу 50.000 клиенти беа погодени“, се вели во одговорот.
Оваа бројка се однесува и на домаќинствата и на компаниите.
Сè уште не е јасно колку време ќе биде потребно додека електричната енергија не се врати во Берлин.
Фото: принтскрин
Свет
Почна судењето за мајката што ги труеше своите деца на Нов Зеланд: телата ги криела во куфери

Во судот во Окленд започна судењето на 44-годишната Хакиунг Ли, обвинета за убиство на нејзините две мали деца и криење на нивните тела во куфери. Клучен доказ за обвинителството е тест кој покажува дека во останките на децата се пронајдени траги од антидепресиви, објавува Би-Би-Си.
Хакјунг Ли е обвинета за убиство на нејзината осумгодишна ќерка Јуне Џо и шестгодишниот син Мину Џо. Иако призна дека ја предизвикала нивната смрт и ги криела телата во магацин, таа се изјасни за невина по обвиненијата за убиство. Нејзината одбрана тврди дека била ментално болна во времето на злосторството.
Останките на децата беа откриени во август 2022 година, кога едно семејство ја купи напуштената магацинска единица на аукција за 401 новозеландски долар. Меѓу предметите за домаќинството имаше два куфери. Додека товареше, купувачот забележа чуден мирис, кој го спореди со „мирис на мртов стаорец“.
Дома, тој користел нож за да ги отвори заклучените и залепени со селотејп куфери и внатре ги пронашол телата на децата, секое завиткано во неколку цврсто врзани црни пластични кеси.
Обвинителката Натали Вокер му рече на судот дека траги од антидепресивот Нортриптилин се пронајдени во градната празнина и црниот дроб на двете деца. Лекот не се препорачува за деца и може да предизвика напади, поспаност или смрт во случаи на предозирање.
На Ли ѝ бил препишан лекот во 2017 година откако се пожалила на својот лекар за несоница и вртоглавица по дијагнозата на рак на нејзиниот сопруг. Обдукцијата не открила знаци на физичка траума, како што се скршени коски, но патологот заклучил дека децата починале насилно од неодредени средства, вклучително и употреба на Нортриптилин.
Обвинителството тврди дека Ли постојано сугерирала по смртта на нејзиниот сопруг Иан Џо во ноември 2017 година дека таа и нејзините деца ќе умрат ако тој умре. Нејзината мајка се сеќава како нејзината ќерка плачела по телефон, велејќи дека ќе умре ако нејзиниот сопруг умре. Ли наводно му испратила порака на својот сопруг: „Ако умреш ти, и јас ќе умрам, заедно со нашите две деца“.
По неговата смрт, таа наводно ѝ рекла на пријателка дека посакува авионот да се срушил за да можат таа и нејзините деца да умрат заедно. Обвинителството, исто така, тврди дека еден месец откако ги скрила телата на децата, го променила името и отпатувала за Сеул. Таа била уапсена во Јужна Кореја во септември 2022 година и екстрадирана во Нов Зеланд.
Адвокатката на одбраната Лорејн Смит тврди дека „лудилото“ на нејзината клиентка започнало со смртта на нејзиниот сопруг. Пред тоа, рекла таа, тие биле „среќно мало семејство“. Како што неговата состојба се влошувала, Ли почнала да се „распаѓа“ и верувала дека е најдобро сите да умрат заедно. Одбраната вели дека Ли земала антидепресиви и им ги давала на своите деца, но погрешно ја проценила дозата, а кога се разбудила, децата биле мртви.
„Таа ги убила своите деца, но не е виновна за убиство од лудило“, рече Смит. Судијата Џефри Венинг им рече на поротниците на почетокот од судењето дека клучното прашање ќе биде дали Ли била луда во времето на убиствата. Се очекува судењето да трае до четири недели.
Фото: принтскрин