Спорт
Почина италијанската легенда Паоло Роси

Легендарниот италијански фудбалер Паоло Роси почина на 64-годишна возраст. Херојот на Италија од СП во 1982 година работеше во националната телевизија РАИ. Веста за неговата смрт, утрово, во 1.30 часот, прв ја објави неговиот колега Енрико Варијале.
„Тажни вести. Не напушти Паоло Роси. Незаборавниот Паблито, кој сите нè натера да се вљубиме во него летото 1982 година и кој беше ценет колега на РАИ во изминатите години. Почивај во мир“, напишал Варијале.
Потврда за смртта на Роси набргу стигнала и од неговата сопруга Федерика.
Паоло Роси во кариерата бил играч на Јувентус, Комо, Виченца, Перуџа, Милан и Верона. Кариерата ја завршил во 1987 година.
Со Италија стана светски првак, во Шпанија во 1982 година. Тогаш стана национален херој, постигна хет-трик против Бразил во четвртфиналната група, потоа двапати стрелаше прецизно против Полска во полуфиналето, а постигна еден од трите гола против Германија во финалето.
Роси беше најдобар стрелец на СП во 1982, а истата година ја доби и „Златната топка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сандро Тонали пред сензационален трансфер во Серија А

Јувентус сериозно размислува да испрати атрактивна понуда до Њукасл за Сандро Тонали (25), објавија во вторникот италијанските медиуми.
Италијанскиот репрезентативец се пресели од Милан на северот од Англија во 2023 година во трансфер вреден 60 милиони евра.
Иако потпиша петгодишен договор со „страчките“, веќе по две сезони во Премиер лигата, Јувентус планира амбициозно враќање на Тонали во Италија.
Како што пишува „Газета дело Спорт“, „Старата дама“ наводно веќе воспоставила контакт со Њукасл. Јуве би платил 40 милиони евра , во замена за играчот што сака да го продаде, Даглас Луиз (27). Бразилецот не ги исполни очекувањата по трансферот од Астон Вила.
Сите детали за овој потенцијален трансфер ќе бидат појасни во наредните денови, но едно е сигурно: Јувентус е подготвен да направи сериозен чекор со цел да го врати Тонали во Серија А.
Фото/ Принскрин
Спорт
„Шумарите“ во Болоња најдоа замена за Еланга

Фудбалерот на Болоња, Ден Ендој, ќе стане ново засилување на Нотингем Форест, откако англискиот клуб се согласи на трансфер вреден 40 милиони евра, објави „Скај Спорт Италија“.
Толку ќе биде фиксниот дел од обештетувањето според договорот меѓу двата клуба, додека Болоња може да смета на до три милиони бонуси и проценти од наредната продажба.
Долго време за Ендој интерес покажуваше италијанскиот првак Наполи. Сепак првиот човек на наполитанците, Аурелио Де Лаурентис, не сакаше да плати 40 милиони за крилниот напаѓач.
Ендој ги договори личните услови и со Наполи и со Форест. Овој крилен напаѓач има 24 години и пристигнува на „Сити Граунд“ како замена за Ентони Еланга, кој се приклучи на Њукасл.
Швајцарскиот интернационалец постигна девет гола и запиша шест асистенции на 41 натпревар за Болоња минатата сезона и имаше голем придонес во освојувањето на Купот на Италија.
Ендој претходно играше за Базел, Ница и Лозана.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Лидс извиси, Паишао се сели во Марсеј

Фудбалерот на Феенорд, Игор Паишао, е блиску до трансфер во Олимпик Марсеј, кој постигна договор за обештетување со холандскиот клуб.
На овој начин, францускиот клуб ја доби трката со Лидс јунајтед за потписот на бразилскиот фудбалер. Паишао доби дозвола да отпатува во Марсеј на лекарски прегледи. Претходно, „Екип“ објави дека Марсеј подготвил нова понуда за овој играч, додека Лидс се обидел да го грабне испраќајќи понуда вредна 32 милиони евра.
Феенорд претходно одби две понуди од Марсеј, првата од 16 милиони евра и втората од 28 милиони евра. Феенорд ја прифати третата понуда од 35 милиони евра.
Марсеј претходно ги доведе Анхел Гомес од Лил, како и Си Џеј Еган-Рајли од Барнли и Факундо Медина од Ленс.
Во меѓувреме, враќањето на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг во клубот се очекува да се случи во наредните денови.
Паишао одигра 47 натпревари за Феенорд минатата сезона со 18 гола и 14 асистенции. Неговата примарна позиција е лево крило, но може да игра и како офанзивен играч од средниот ред.
Тој пристигна во Холандија во летото 2022 година, а претходно играше за Коритиба и неговиот матичен клуб Лондрина.
Фото/ Принскрин