Спорт
ЛЕ: Сосиедад во 92. минута се спаси на „Диего Марадона“, Арсенал со совршена „шестка“
Реал Сосиедад со гол во 92. минута извлече 1:1 реми со Наполи за во последен момент да се пласира во нокаут фазата на Лига Европа, откако Алкмар исто така прими гол во судското продолжение за да загуби кај Риека на гости (2:1).
Пјотр Зиелински ги донесе во рано водство „партенопеи“, а на местото на Полјакот во 74. минута во игра влезе и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, околу кого во последните недели има многу шпекулации за трансфер.
Арсенал, пак, и покрај слабата форма во Премиер лигата, ги заврши натпреварувањата по групи во Лига Европа со шест победи во шест меча по 4:2 триумфот на гостувањето кај ирскиот Дандалк. Нкетија, Елнени, Вилок и 19-годишниот Фоларин Балгун постигнаа голови за „топчиите“.
Рома со млад тим загуби со 3:1 кај ЦСКА Софија, додека со победи првите места ги потврдија Глазгов Ренџерс (2:0 на гости кај Лех Познањ) и Баер Леверкузен (4:0 дома против Славија Прага).
ЛИГА ЕВРОПА, 6.КОЛО
ГРУПА А
ЦСКА Софија – Рома 3:1
Јанг бојс – ЦФР Клуж 1:1
Конечна табела: 1.Рома 14, 2.Јанг боjс 8, 3.Клуж 7, 4.ЦСКА С. 5
ГРУПА Б
Дандалк – Арсенал 2:4
Рапид Виена – Молде 2:2
Конечна табела: 1.Арсенал 18, 2.Молде 10, 3.Рапид В. 7, 4.Дандалк 0
ГРУПА Ц
Баер Леверкузен – Славија Прага 4:0
Хапоел Бер Шева – Ница 1:0
Конечна табела: 1.Баер Л. 15, 1.Славија П. 12, 3.Хапоел БШ 6, 4.Ница 3
ГРУПА Д
Лех Познањ – Ренџерс 0:2
Стандард Лиеж – Бенфика 2:2
Конечна табела: 1.Ренџерс 14, 2.Бенфика 12, 3.Стандард Л. 4, 4.Лех 3
ГРУПА Е
ПАОК – Гранада 0:0
ПСВ Ајндховен – Омонија 4:0
Конечна табела: 1.ПСВ 12, 2.Гранада 11, 3.ПАОК 6, 4.Омонија 4
ГРУПА Ф
Наполи – Реал Сосиедад 1:1
Риека – АЗ Алкмар 2:1
Конечна табела: 1.Наполи 11, 2.Сосиедад 9, 3.Алкмар 8, 3.Риека 5
НАПОЛИ – РЕАЛ СОСИЕДАД
РИЕКА – АЛКМАР
ЦСКА СОФИЈА – РОМА
ДАНДАЛК – АРСЕНАЛ
ЛЕХ ПОЗНАЊ – РЕНЏЕРС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

