Спорт
Чешката биатлонска кралица Кукалова во жешка сесија за „Плејбој“
Чешката двократна светска шампионка во биатлон и огромна ѕвезда во својата татковина, Габриела Кукалова учествуваше во „жешка“ фотосесија за „Плејбој“, откако ја прифатила понудата од магазинот кога дознала дека поголем дел од парите ќе одат за добротворни цели.
Според Кукалова, нејзините фотографии се посветени како поддршка на луѓето кои имаат пореметувања во исхраната, објаснувајќи дека таа имала слични проблеми во животот.
„Понудата за ваква жешка фотосесија ме шокираше, но добротворниот дел ме натера да се согласам. Фотографиите нема да бидат видени само од читателите, туку ќе донесат и поддршка за луѓето со пореметувања во исхраната. Сакаме да собереме 250.000 чешки круни (10.000 евра) за мојата фондација“, вели Кукалова.
Кукалова е една од најуспешните чешки спортистки во историјата, освојувајќи го големиот кристален глобус (Светскиот куп) во 2016, освојувајќи две светски титули во мешана штафета (2015) и во спринт (2017). Таа ја пропушти Олимпијадата во 2018 поради здравствени проблеми, по што во 2019 се пензионираше.




©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Само Арсенал и Баерн веќе се во осминафиналето
Foto/EPA
Синоќа беше комплетирано претпоследното коло во Лигата на шампионите. Во пресрет на решавачката, осма рунда, само Арсенал и Баерн Минхен, обезбедија пласман во осминафиналето.
Покрај лидерите во Премиер и Бундес лигата, најмногу шанси за директен пласман меѓу најдобрите 16 екипи имаат Реал Мадрид и Ливерпул.
Во нокаут фазата, сигурно ќе играат: Тотенхем, Пари Сен Жермен, Њукасл, Челзи, Барселона, Спортинг, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Аталанта, Интер и Јувентус.
Оние кои нема да завршат меѓу првите осум на табелата и нема да обезбедат продолжен одмор до следниот натпревар, ќе играат плејоф за пласман во осминафиналето.
Табела:

Двојки за последното, 8.коло:

Спорт
Јан Облак во клубот 100
Голманот на Атлетико Мадрид, 33-годишниот Јан Облак, влезе во елитниот клуб на Лигата на шампионите во натпреварот против Галатасарај. Турскиот клуб и Атлатико одиграа 1:1, во седмото коло.
Облак, го одигра 100-ти натпревар во Лигата на шампионите. Тој стана првиот словенечки играч кој ја достигнал таа бројка во најелитното европско клупско натпреварување. Воедно тој е вториот фудбалер на Атлетико кој достигнал 100 натпревари за „јорганџиите“ во Лигата на шампионите, по капитенот Коке (108).
Исто така, Јан Облак стана петтиот играч со 100 или повеќе натпревари во Лигата на шампионите под водство на истиот тренер. Коке, како и Облак, го постигна овој подвиг под водство на тренерот Диего Симеоне.
Пред нив, легендарните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, Пол Сколс и Гари Невил, влегоа во клубот 100 под водство на Алекс Фергусон.
Foto/ depositphotos
Спорт
Бејл: Тренерот во Реал треба да менаџира, а не да тренира
Пораншениот фудбалер на Реал Мадрид, Гарет Бејл, кој освои пет титули во Лигата на шампионите со „кралскиот клуб“, се осврна на неодамнешното заминување на тренерот Чаби Алонсо.
Велшанецот коментираше за причините, зошто мандатот на шпанскиот стручњак на не ги исполни очекувањата, пишува „Марка“.
Во разговор за „Ти-Ен-Ти Спортс“, Бејл прво го пофали Алонсо, истакнувајќи ги неговите успеси.
„Алонсо е неверојатен тренер. Тој освои што освои во Баер Леверкузен, освои трофеи, го водеше тимот неверојатно добро. Но, кога доаѓате во Реал Мадрид, не треба да бидете тренер, туку менаџер. Треба да управувате со егата во соблекувалната“, рече тој.
„Не бев изненаден кога доби отказ. Знам многу добро како функционира Реал. Ако нема резултати, дури и ако не е особено длабока криза, тренерот е поранешен тренер“, додаде тој.
Бејл објасни дека во соблекувална полна со врвни играчи, клучен е поинаков пристап.
„Мора да милувате егото. Не мора да се прават толку многу тактички работи. Има суперѕвезди во соблекувалната кои можат во секунда да го сменат текот на натпреварот во една секунда. Значи, да, можете да видите дека тој е одличен тренер и тактичар, но во Мадрид, очигледно, тоа не функционираше“, заклучи Бејл.
Foto/ depositphotos

