Спорт
Џошуа останa крал на тешката категорија уништувајќи го Пулев

Ентони Џошуа уште еднаш покажа дека е крал на тешката категорија, откако со трпение и моќ го нокаутираше бугарскиот предизвикувач Кубрат Пулев во деветтата рунда од нивниот меч за да постави дуел за обединување на титулите со Тајсон Фјури следната година.
Британецот го прати на подот Пулев уште во третата рунда, но потоа дозволи Пулев да остане во мечот, пред во деветтата рунда конечно да го реши Бугаринот и да ги одбрани своите ИБФ, ВБА, ВБО титулите пред 1.000 фанови на „Вембли“ арената за веднаш да го повика ВБЦ шампионот Тајсон Фјури за меч во 2021.
„Кој ги има појасите, ќе боксувам со него. Ако тоа е Тајсон Фјури, нека биде Тајсон Фјури“, изјави 31-годишниот Џошуа.
Фјури бргу одговори преку социјалните мрежи: „Го сакам мечот веднаш. Ќе го нокаутирам во три рунди. Едвај чекам“.
Откако во последните два меча беше под огромен притисок по поразот од Енди Руиз Јуниор, Џошуа овојпат немаше проблеми против 39-годишниот Пулев, кој беше премногу внимателен и не успеа да упати многу заканувачки удари.
Finally! AJ Joshua wins! What a knockout!!!#JoshuaPulev #joshuavspulev pic.twitter.com/ROWstRBuEs
— Bridget Bema Stan (@MCQuadri13) December 12, 2020
Anthony Joshua Highlights So Far…#JoshuaPulev pic.twitter.com/aiI8HYBNmE
— abdurahman (@abdurahhmman) December 12, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Слот зарижен за повредите на Фримпонг и Исак

Ливерпул со убедливата победа нат Ајнтрахт во Франкфурт (5:1), стави крај на серијата од четири порази. И покрај убедливата победа, менаџерот Арне Слот нема многу причини за задоволство.
Холандскиот тренер е загрижен поради повредите на Џереми Фримпонг и Александер Исак.
„Очекувам Фримпонг да биде во авут неколку недели“, рече Слот.
Александар Исак исто така имаше болна гримаса кога го напушташе теренот. Слот истакнува дека ситуацијата не е толку сериозна, барем на прв поглед.
„Тој излезе поради непријатност во препоните. Тешко е да се најде рамнотежа кај играч кој пропуштил три месеци фудбал“.
Спорт
Познат српски судија уапсен во голема полициска акција

Познатиот кошаркарски судија Урош Николиќ е уапсен вчера во меѓународна полициска операција под сомнение за поврзаност со организирана криминална група.
Николиќ, бил уапсен во Белград во голема полициска операција спроведена по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, а под сомнение дека е дел од организирана криминална група осомничена за тешки кривични дела, објави „Блиц“ во четвртокот.
Десет лица биле уапсени во полициската операција.
Николиќ е на списокот на судии на Евролигата и оваа сезона. Но, и на списокот на судии на АБА лигата и Кошаркарската лига на Србија.
Тој треба да биде сослушан во петок во Јавното обвинителство за организиран криминал.
Министерот за полиција Ивица Дачиќ ја потврди веста за апсењето на судијата Николиќ, а воедно објави и низа факти за јавноста:
„Интересно е уапсен тука во Белград, со иницијали У.Н., кошаркарски судија на Евролигата, во чиј стан беше пронајдена голема сума, 250.000 евра, златни прачки, часовници. Се сомнева дека е финансиски поддржувач на активностите на овој клан“, рече министерот Дачиќ.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Батлер официјално ја засили Црвена звезда

Кошаркарскиот клуб Црвена звездапотврди дека надворешната линија ја засили со американскиот комбо-бек Џаред Батлер.
Батлер, поранешен играч на Филаделфија и поранешен шампион на НЦАА со Универзитетот Бејлор, потпиша договор со белградскиот клуб ова утро.
Неговото доаѓање треба да ги пополни празнините на позициите плејмејкер и бек-шутер кои во моментов се празни поради повреди на неколку важни играчи (Девонте Греам, Ајзеа Кенан, Тајсон Картер).
25-годишниот Американец, висок 191 сантиметар, беше избран од Њу Орлеанс Пеликанс на НБА драфтот во 2021 година, по извонредната колеџ кариера во која го предводеше Бејлор до историска титула во шампионатот на САД.
За време на неговата НБА кариера, Батлер играше за Јута Џез, Оклахома Сити Тандер, Вашингтон Визардс и Филаделфија.
Настапи на 148 натпревари со просек од 6,7 поени, 1,5 скока и 2,8 асистенции по натпревар, а се очекува да донесе дополнителна енергија, прецизност во шутирањето и искуство од најсилната лига во светот во Звезда.
Звездаши, добро јутро!
Током претходне ноћи Џеред Батлер је потписао уговор са црвено-белима и после тестова и медицинских провера ставиће се на располагање тренеру Саши
Обрадовићу!Добро дошао у црвено-белу породицу! 🔴⚪️
Good morning, Crvena zvezda supporters!
Last night,… pic.twitter.com/iijesElL0o
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) October 23, 2025