Македонија
Николов: Покажавме дека во Штип владее демократија

Ова без вас не се можеше. Јаки сме затоа што сме заедно. Еден за сите, сите за еден. Браво. Денес покажавме дека во Штип владее демократија, покажавме дека секој што сака да ја блокира, опструира, деструктуира оваа наша преубава општина, местото не му е тука. Ама, ние ќе им дадеме повторно шанса на сите што се обидоа да бојкотираат, да си седнат дома, да си размислат и да дојдат да ја направиме оваа општина како што треба. Штип е град на сите штипјани, така и ќе остане. Кој од која политичка партија е, нас не не интересира. Важно е дека СДСМ ќе го води Штип и наредните десет месеци, наредните четири години и уште четири години. За понатаму ќе оставиме здравјето и Господ, рече кандидатот за градоначалник на СДСМ, Сашко Николов.
Тој рече дека цензусот на гласањето за градоначалник на Штип е обезбеден без телефонски да се бараат гласачите и да се притискаат да излезат на гласање.
„И покрај сите опструкции кои ги направија, покажавме дека Штип е демократски, политички и историски град и на еден достоинствен начин го постигнавме цензусот и повеќе од цензусот. Само да покажеме дека ниту една опструкција, од ниту една опозиција не може да помине. Луѓето се слободни, можат да зборуваат што сакаат, да кажат што сакаат, кога сакаат и никој да не биде казнет, уценуван. На ниту еден гласач никој не му се јавил, не бил притиснат да излезе да гласа. Тоа е големото задоволство. Најважното нешто сте сите вие кои на џентламенски начин покажавме како можеме да им ја објасниме програмата, без да ги малтретираме луѓето на трибини, масивни собири“, додаде Николов.
Пребројувањето на гласовите и натаму трае.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.