Свет
Руски воени бродови на работна задача во Индонезија
Група воени бродови на Пацифичката флота на Руската армија впловија во Индонезија со работна задача, соопшти Канцеларијата за односи со јавност на Пацифичката флота.
„Во согласност со планот за распоредување на оддалечени локации, група воени бродови на Пацифичката флота на Руската армија пристигна во работна мисија во пристаништето Танџунг, во градот Сурабаја во Индонезија“, се вели во соопштението пренесено од ТАСС.
За време на нивниот престој во пристаништето Сурабаја, руските бродови ќе ги обновуваат залихите вода за пиење и гориво, беше прецизирано во соопштението од канцеларијата за односи со јавност на Пацифичката флота.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

