Спорт
Шок во Бергамо, Папу Гомез заминува од Аталанта
Алехандро Папу Гомез, легендата на Аталанта, во јануарскиот преоден рок ќе го напушти клубот од Бергамо. Гомез имал жестока расправија со тренерот Џанпјеро Гасперини, во полувремето на натпреварот со Митјиланд (1:1), во Лигата на шампионите. Јосип Иличиќ, спречил, расправата да прерасне во физичка пресметка. Поради ова Гомез решил да замине од клубот, тврди познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.
Аталанта и покрај киксот во дуелот со Митјиланд успеа да се пласира во нокаут-фазата во Лигата на шампионите. Во осмина-финалето Аталанта ќе игра против Реал Мадрид.
„Кога ќе го напуштам клубот ќе ја кажам вистината“, рекол Гомез.
Медиумите шпекулираат дека покрај Гомез можно е клубот да го напушти и Словенецот Иличиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јужна Африка е 23-от учесник на СП

Фудбалската репрезентација на Јужна Африка е 23-та репрезентација, која обезбеди место на Светското првенство следната година во Канада, САД и Мексико.
Јужна Африка пласманот го избори со победата од 3:0 над Руанда дома во 10-то коло од мундијалските квалификации.
Головите на Таленте Мбате, Освин Аполис и Евидес Макгопе и ја донесоа победата на „бафана бафана“.
Јужна Африка го престигна Бенин во последното коло и го освои првото место во групата Ц.
На крајот, Бенин ги загуби сите шанси да биде на Светското првенство, откако загуби во последното коло од Нигерија со 3:0 и падна на третото место поради помала гол-разлика.
Јужна Африка ќе игра на Светското првенство за прв пат откако беше домаќин на натпреварувањето во 2010 година.
Спорт
Вардар 1961 со победа ја започна сезоната во Европската лига

Вардар 1961 со победа ја започна сезоната во Европската лига. Вечерва во „Јане Сандански“, македонскиот вице првак славеше со 34:29 во дуелот со Севесте.
Натпреварот го обележа и првото соочување на поранешните репрезентативни колеги, легендите на хрватскиот ракомет, сега тренери Иван Чупиќ и Игор Вори.
Вардар 1961 релативно лесно го доби натпреварот. Првиот дел мина во апсолутна доминација на Вардар, бргу домаќинот стекна предност од четири гола (8:4) и ја одржа до крајот на тој период.
Во вториот дел по 21:16 следуваа црните минути во играта на Вардар, дозволи серија на противникот од шест гола. Вардар бргу го врати ритамот одоговри со серија од три гола и потоа рутински го финишира дуелот.
Хориха со седум, односно Боно и Тузолана со по шест гола го предводеа Вардар 1961.
Foto/ facebook.com/rkvardar
Спорт
(Видео) Јапонија против Бразил од 0:2 до 3:2

Фудбалерите на Јапонија по пресвр го победија Бразил (3:2), во пријателски натпревар одигран во Токио.
Јапонците успеаја пред околу 50.000 свои навивачи да го надоместат дефицитот од два гола од првото полувреме и за прв пат во историјата да забележат победа над „селесао“.
Карло Анчелоти малку ги измеша картите, но без оглед на тоа, „кариоките“, дојддоа до предност преку Пауло Енрике и Габриел Мартинели.
Во 26-та минута, Енрике го постигна првиот, а Мартинели постигна гол шест минути подоцна по асистенција од Лукас Пакета.
Катастрофалната реакција на Фабрицио Бруно во 52-та минута ја искористи Такуми Минамимо и со тоа ја врати Јапонија во натпреварот.
Јапонците не застанаа тука, а двоен асистент беше Ито, кој влезе како резерва во вториот дел.
Прво, во 62-та минута, го пронајде Кеито Накамура, а потоа во 71-та минута изведе корнер, по што Ајасе Уеда го комплетира пресвртот.
За потсетување Јапонија и Бразил обезбедија учество на Светското првенство во 2026 година.