Македонија
СДСМ: Четири години губи само Мицкоски, народот го казнува и не верува во неговите лаги

Блокадите, деструкциите и хистериите на Христијан Мицкоски вчера беа одново поразени на локалните избори за градоначалник на Штип. Мицкоски повторно го стигна казната од граѓаните, соопшти СДСМ.
„ По којзнае кој пат граѓаните кажаа НЕ на лагите, на бојкотот и блокадите на очајниот губитник Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ. Четири години само Мицкоски е тој што губи и на локални и на претседателски и на парламентарни избори и на референдум. Затоа е очаен затоа што знае дека неговите лаги не му поминуваат ниту во сопствената партија.
Граѓаните не сакаат политичари како Мицкоски, кои се без став за важни прашања, кои шират лажни вести, кои работат против интересите на својот народ и својата држава како што постојано тоа го прави Мицкоски.
Со таквото однесување Мицкоски уште долго ќе биде во опозицијата затоа што граѓаните се напредок, за развој, за интерграција и нема да дозволат никогаш повеќе ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги вратат назад, во изолација и неизвесност“ се вели во реакцијата на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Директорот на геријатрија зел 20.000 евра поткуп за да смести неподвижно лице

Заедно со посредник, директорот на болницата за геријатрија, Мухсин Арифи, барал и примил поткуп за сместување на болно и неподвижно лице во геријтриската установа.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, откривајќи детали за акцијата на МВР со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти дека поткупот бил во износ од 20.000 евра.
За жал, кога сѐ уште владее национална тага, вели Јанев, некои поединци се осмелуваат нелегално да профитираат.
Тој уверува дека нема да се дозволи ваквите случаи да останат неказнети.
Мухсин Арифи беше приведен денес заедно со уште едно лице во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.
Македонија
Предложено е спојување на Фондот за иновации со Агенцијата за поддршка на претприемништво

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои информацијата за потребата од реорганизација на Фондот за иновации и технолошки развој и предлог за спојување со Агенцијата за поддршка на претприемништво.
Владата го задолжи Министерството за образование и наука во рок од 10 дена да формира работна група со претставници на Канцеларијата на Претседателот на Владата, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за економија и труд, Агенцијата за поддршка на претприемништво и Фондот за иновации и технолошки развој која ќе има за цел да изработи нов или измена и дополнување на Закон за иновациска дејност со кој ќе се регулира реорганизацијата на Фондот за иновации и технолошки развој.
Македонија
Владата ќе набави 120 еколошки автобуси за градски превоз

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на 120 еколошки автобуси за градски превоз.
Министерството за транспорт е задолжено да ја отпочне постапката за јавна набавка.
Распределбата ќе се изврши согласно ургентноста, економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа, се вели во информацијата од владината прес-служба.