Македонија
Мицкоски: Почнуваме со рушење на власта, прв чекор е интерпелација за Димитров
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција зборуваше за неколкуте чекори што неговата партија ги планира со цел, како што рече, да ја сруши ненародната власт и посочи дека прв чекор е интерпелација за Никола Димитров.
„Заев и Димитров се тандемот што ветуваше европска иднина. Распродадоа сè што можеше да се распродаде овие четири години, а она малку што остана, сакаат да тргуваат со него и, всушност, гледаме дека нè доведоа до ќор-сокак. За ова мора да се понесе одговорност. Имаме повеќе чекори што ќе водат кон рушење на Владата, која е без легитимитет. Но, првиот ќе биде поднесување интерпелација за Димитров во Собранието. Има да одговорат на прашањата што целата јавност ги поставува. Доста е за загубите, кои се колективни поради нивната неспособност“, рече Мицкоски.
Според лидерот на опозициската партија, Димитров е главниот виновник за, како што рече, дебаклот што ѝ се случува на Македонија на меѓународната сцена.
Мицкоски најави дека по интерпелацијата на Димитров, следуваат и други интерпелации, а како наредна ја посочи онаа за министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)
Македонија
Утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
Утре, сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

