Спорт
Хамилтон очекува до Божик да го потпише новиот договор
Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, се надева дека до Божик ќе потпише нов договор со екипата на Марцедес. Хамилтон оваа сезона ја освои седмата шампионската титула во кариерата, на вечната листа се израмни со Михаел Шумахер, а стана рекордер според бројот на победи, Бротанецот има 95 победи во Ф1, четири повеќе од легендарниот Германец.
Хамилтон, последната трка во сезоната, која во неделата се возеше во Абу Даби, ја заврши на третото место. Неговиот договор со Мерцедес истекува за две недели. Неколку пати тој изјавуваше дека сака да остане во Мерцедес.
За „Скај спорт“, Хамилтон рекол дека „убав подарок за сите би бил“, кога би постигнале договор некаде околу Божик.
„Планирам и сакам да бидам тука и наредната година. Мислам дека ние како тим треба да направиме уште многу работи во овој спорт. Се надевам дека ќе ги почнеме преговорите и дека ќе потпишам пред божиќните празници“, рекол Хамилтон.
Покрај Мерцедес, и Ред Бул сè уште ја немааат комплетирано поставата за наредната сезона. Во Ред Бул не се сигурни дали ќе го задржат Александер Албон или ќе му пружат шанса на Серхио Перез откако Рејсин Поинт не му понудија нов договор. Исто така се претпоставува дека Алфа Таури на местото на Данил Квјат ќе го донесат Јуки Цунода.
Наредната сезона за Мекларен ќе возат Даниел Рикардо и Ландо Норис, за Астон Мартин (Рејсинг Поинт) Себастијан Фетел и Ленс Строл, а за Алпин (Рено) Фернандо Алонсо и Естебан Окон.
Во Ферари ќе бидат Шарл Леклер и Карлос Саинц, а во Алфа Ромео Кими Раиконен и Антонио Џовинаци.
Вилијамс ги задржаа Џорџ Расел и Николас Латифи, а Хас ќе има нова постава со Мик Шумахер и Никита Мазепин.
Новата сезона во Ф1 ќе започне на 21.март во Мелбурн со трката за Големата награда на Австралија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Штолц до ново злато со нов олимписки рекорд
Спектакуларната трка на 500 метри донесе историски исход, тројца лизгачи ја минаа патеката со подобро време од претходниот олимписки рекорд. Златото му припадна на Џордан Столц (21).
Американецот ја запре штоперицата на 33,77 секунди и постави нов олимписки рекорд.
Ова е неговото второ злато на овие Игри, бидејќи претходно триумфираше на 1.000 метри.
За да освои четири златни медали, Столц мора да ги освои преостанатите две трки – 1.500 метри во четврток и масовниот старт во сабота.
Сребрениот медал му припадна на Холанѓанецот Јенинг де Бо со 33,88, додека бронзата му припадна на Канаѓанецот Лоран Дубре, кој ја помина целта за 34,26 секунди.
Поранешниот олимписки шампион Тингуи Гао заврши само на седмата позиција.
Fptp/ EPA
Спорт
(ВИДЕО) Баерн ја продолжува агонијата на Вердер, Хофенхајм им се врати на победите
Вердер Бремен тоне сè подлабоко и подлабоко, во дуелот со Баерн Минхен немаа никакви шанси, на крајот Баварците триумфираа со 3:0.
Два гола од Хари Кејн и еден гол од Леон Горецка го потврдија триумфот на актуелниот лидер. Вердер нема победа од ноември, а ова беше нивниот осми пораз во 12 кола. Баерн ја прекина серијата лоши резултати, еден освоен бод во последните две рунси и ја врати предноста од шест бода во однос на Борусија Дортмунд.
Хофенхајм им се врати на победите, третопласираниот тим во лигата го победи Фрајбург дома со 3:0.
Мајсторскиот гол на Крамариќ во петтата минута беше поништен поради офсајд, но домашните лесно стигнаа до триумфот, со головите на Аслани, Кабрак и Гентри.
Леверкузен го декласираше Санкт Паули со 4:0. Ајнтрахт беше убедлив против Борусија Менхенгладбах со 3:0, а Хамбург победи кај Унион Берлин со 3:2.
Спорт
Петков 55-ти во велеслалом, Бразилецот Боротен ја растури конкуренцијата
Лукас Пинеиро Бротен е олимписки шампион во велеслалом, кој се возеше во Бормио. Тој го освои првиот златен олимписки медал во алпско скијање за Бразил.
Норвежанецот, кој пред две години одлучи да скија за татковината на неговата мајка, направи подвиг на Зимските олимписки игри во Италија. Со стартен број 1, тој возеше совршенa прва трака.
По првата трка, тој имаше дури 95 стотинки предност пред првиот фаворит Швајцарец Марк Одермат. Во втората, тој успеа да го издржи притисокот и да стигне до тронот со 58 стотинки повеќе во исклучително тешки временски услови. Тој ја запре штоперицата на точно 2:25.00.

Одермат не можеше да направи ништо повеќе.Во втората трка, тој имаше одличен старт, но мала грешка во средниот дел од патеката можеби го чинеше да дојде до златниот медал. Ова е неговиот трет медал во Милано, но се уште нема злато. Тој има две сребрени и еден бронзен медал во колекцијата.
Лоик Мајард, уште еден Швајцарец, заврши на најниската скала од подиумот, 1,17 секунди зад Бротен.
Во велеслаом настапи и македонскиот репрезентативец Виктор Петков. На крајот, по дете трки тој го освои 55-то место во конкуренција на 81 натпреварувач, со 23,37 секунди послабо време од победникот Бротен.
Foto/ MOK

