Свет
Боко харам презеде одговорност за киднапирањето ученици во Нигерија
Џихадистите од групата Боко харам презедоа одговорност за киднапирањето на стотици нигериски ученици за време на викендот.
Еден од лидерите на Боко харам, Абубакар Шекау рекол дека „браката“ од Боко харам се одговорни за киднапирањето во Канкара.
Најмалку 333 ученици се водат за исчезнати по напад на вооружени мажи на средно училиште на северозападот од земјата. Нападот бил во петокот вечерта. Училиштето имало над 600 ученици, а околу 200 се пронајдени по нападот.
Во Нигерија повремено доаѓа до напади на училишта, а најтежок беше нападот во април 2014 година, кога џихадисти на Боко харам киднапираа 276 девојчиња од студентскиот дом во Чибоко, на североистокот од Нигерија. Околу 100 од девојчињата сè уште се водат како исчезнати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот
Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот во регионот Суми.
Според извештаите, операторите во украинската единица забележале руски противвоздушен ракетен систем Бук-М1 додека изведувале борбени операции на фронтот.
Операторите потоа користеле нападни беспилотни летала за да ја нападнат целта. Русите неуспешно се обиделе да го изгаснат пожарот и да ја спасат својата опрема, тврдат Украинците. Тие споделија и видео на кое се гледа експлозијата и последователниот пожар.
Украинците наведуваат дека лансерот со шест проектили бил уништен со прецизен удар. Инаку, Украинците во вторникот пријавија и уништување на два Бука на истиот дел од бојното поле.
Свет
Турција ја прекина целата трговија со Израел
Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина „влошената хуманитарна трагедија“ на палестинските територии.
„Суспендирани се извозни и увозни трансакции поврзани со Израел и тоа се однесува на сите видови производи“, соопшти турското Министерство за трговија.
„Турција строго и решително ќе ги спроведе овие нови мерки додека израелската влада не дозволи непречен и доволен проток на хуманитарна помош во Газа“, се додава во соопштението.
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац изјави претходно вчера дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „ги прекршил договорите (меѓу Израел и Турција) блокирајќи го израелскиот увоз и извоз на пристаништата.
Uncategorized
Иран воведе санкции кон САД и Велика Британија поради поддршката кон Израел
Иранските власти денеска објавија дека воведуваат санкции против неколку американски и британски поединци и субјекти поради нивната поддршка на Израел во војната против палестинското движење Хамас во Појасот Газа.
Иранската дипломатија соопшти дека санкциите се однесуваат на седум Американци, меѓу кои и генералот Брајан Фентон, шеф на командата за специјални операции и вицеадмиралот Бред Купер, поранешен шеф на американските поморски сили на Блискиот Исток.
Од британските функционери и субјекти цел на санкциите се министерот за одбрана Грант Шапс и британската кралска морнарица во Црвеното Море.
Санкции беа најавени и против американските компании „Локид Мартин“ и „Шеврон“ и британските компании „Елбит системс“, „Паркер Мегит“ и „Рафаел УК“.
Иранското Министерство за надворешни работи додаде дека санкциите вклучуваат „блокирање на сметки и трансакции во иранскиот финансиски и банкарски систем, блокирање на средства под јурисдикција на Иран, како и забрана за издавање визи и влез на иранска територија“.
Влијанието на овие мерки врз поединци или субјекти, како и врз можните средства или трансакции со Иран, сепак, останува неизвесно.
Од почетокот на војната во Појасот Газа, предизвикана на 7 октомври со нападот на палестинското исламистичко движење Хамас на израелска територија, нагло се зголемија тензиите меѓу Израел од една страна и Иран и неговите сојузници, особено либанскиот Хезболах, од друга.
Ситуацијата се вжешти на 13 април, кога Иран изврши напад врз Израел, со 350 беспилотни летала и проектили, од кои повеќето беа пресретнати со помош на САД и други земји.
Иранските власти тогаш објавија дека дејствувале во „самоодбрана“ по смртоносниот напад што му се припишува на Израел врз иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април.