Црна хроника
Косовски државјанин обвинет затоа што употребил лажни документи на аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 20-годишен косовски државјанин за кривично дело фалсификување исправа.
„На 12 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при пасошка контрола, обвинетиот употребил лажен словенечки пасош и лажна словенечка лична карта. Иако знаел дека документите се лажни и несоодветни на оригиналните примероци, тој ги употребил како вистински при обидот за излез од државава“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена добила тешки повреди додека работела како хигиеничарка во државна институција на подрачјето на Центар

Вчера во 14:10 часот во СВР Скопје, 56-годишната В.П. од село Јурумлери, скопско, пријавила дека околу 07:30 часот во објект на државна институција на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи како хигиеничарка, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
За настанот бил известен трудов инспектор.
Црна хроника
МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот

Денеска, во 2.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територијата на Центар, било опожарено патничко моторно возило „фиат“, со скопски регистарски таблички, сопственост на правно лице, а од огнот биле зафатени и патнички моторни возила „шевролет авео“, со охридски регистарски таблички, сопственост на М. И. (21) од Охрид, „фиат пунто“, со скопски регистарски таблички, сопственост на Е. Т. (20) од Скопје, и „сузуки“, со скопски регистарски таблички, сопственост на С. М. (54) од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид ќе се врши во текот на денот.
Црна хроника
Битолчанка тешко повредена кога во неа удрило товарно возило

Вчера во 11:41 часот во СВР Битола е пријавено дека на улицата „Рајко Жинзифов“ во Битола, товарно возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот Д.К. од Велес удрило во пешакот, 69-годишната Ј.Д. од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Д., констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.