Вести
Обама ја потврди смртта на американскиот заложник Кесиг
Американскиот претседател Барак Обама ја потврди во неделата смртта на американскиот заложник Питер Кесиг, кој е обезглавен со уште повеќе од десет лица од страна на џихадистите од Исламската држава, оценувајќи го убиството како „чисто зло“.
„Денеска ги упатуваме молитвите и изразите на тага до родителите и семејството на Абдул Рахман Кесиг, кого го викаа Питер“, изјави американскиот претседател Барак Обама на враќањето од самитот на Г20 во австралиски Бризбејн во соопштението објавено од претседателскиот авион „Air Force One“.Претседателот на САД го осуди чинот „на чистото зло коешто го изведе терористичката група којашто светот со право ја смета за нехумана“. „Додека групата Исламска држава убива недолжни, вклучително и муслимани, сее смрт и уништување, Абдул Рахман беше хуманитарен работник кој спасуваше животи на ранетите и раселените Сиријци во текот на судирите во Сирија“, се додава во соопштението.„Дејствувањето на оваа група не претставува никаква вера, и во ниеден случај муслиманската којашто ја исповедуваше Абдул Рахман“, се наведува во писмената изјава на американскиот претседател Обама.Ултрарадикалната џихадистичка организација Исламска држава во неделата на интернет објави видео со којашто ја презема одговорноста за погубување меѓу 12 и 17 лица, од кои најмногу сириски војници лојални на владата на претседателот Башар ал-Асад, како и на поранешниот американски војник припадник на ренџерите Питер Кесиг кој преминал во ислам и го земал името Абдел Рахман. Тој беше грабнат на 1-ви октомври 2013 година во Сирија. Во видео снимката џихадистите погубувањето на Американецот го нарекуваат одмазда за испраќање на новата група воени советници на САД во Ирак.На снимката овојпат не се гледа самиот чин на отсекувањето на главата на Кесиг, туку се прикажува маскиран маж кој држи во раката глава во прекриена со крв. Мажот, според анализата на разузнавачките служби, на англиски јазик со британски акцент вели „Ова е Питер Кесиг, американски државјанин“.Дваесет ишестгодишниот Кесик е поранешен воен ренџер кој во 2012 година ја основал хуманитарната организација SERA во Турција за да им помага на бегалците од Сирија, а бил обучен за давање прва медицинска помош и им доставувал лекови на бегалците во воените подрачја.Питер Кесиг е третиот американски заложник кој ликвидиран од август годинава, по новинарите Џејмс Фоли и Стивен Сотлоф, а на ист начин со отсекување на главите беа егзекутирани и Британците, Ален Хенинг, хуманитарен волонтер и Дејвид Хајбес, хуманитарен активист./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.