Црна хроника
Шврговски: Не е спорна одлуката на Врховниот суд

Јавниот обвинител Љупчо Шврговски вели дека нема ништо спорно во одлуката на Врховниот суд, да го преиначи решението на Апелација, со кое кумановскиот бос Бајруш Сејдиу требаше да оди во домашен притвор со гаранција од 1,4 милиони евра
„Мое мислење е кога се работи за недозволена жалба единствено решение е да се донесе нова пресуда со која ќе се преиначи, бидејќи жалбата е недозволена за такво решение. Нашиот коментар го претворивме во барање за заштита на законитоста каде истакнавме дека е сторена повреда на кривичен законик“ изјави Шврговски.Адвокатскиот тим на Сејдиу поднел иницијатива за заштита на законитоста до Јавното обвинителство. Шврговски не сака да прејудицира, вели дека ќе го анализираат барањето доколку одбраната го достави.Одбраната на Сејдиу денеска даваше завршни зборови во вториот случај во кој му се суди на Бајруш за малверзации во неколку кумановски фирми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со запалена хартија од јајца потпалил сува трева и предизвикал пожар во Ѓорче Петров

Обвинителството побара притвор за 57-годишниот маж кој предизвика пожар во Ѓорче Петров.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери.
Синоќа, на улицата „Ѓорче Петров”, осомничениот 57-годишник со запалена хартија од табла за јајца потпалил сува трева. Со настанатиот пожар биле зафатени и изгорени околу 200 м2 тревна површина, а постоела реална опасност огнот да излезе од контрола и да зафати неограничен круг објекти во населено подрачје.
Имајќи ја предвид заканата и тежината на кривичното дело за кое е предвидена затворска казна до пет години, јавниот обвинител оцени дека постои ризик осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до Судот достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Сообраќајка кај Бит Пазар, возило удри во велосипедист

Автомобил удри во велосипедист на булеварот „Крсте Мисирков“ кај Бит Пазар.
Според очевидци, велосипедистот е повреден, а на асфалтот имало траги од крв.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Црна хроника
Дрога, дигитална вага и мобилен телефон пронајдени во ќелија во затворот во Гевгелија

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.П.(34) од с.Миравци, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На 28.01.2025 во Казнено поправната установа Затвор Гевгелија, затворската полиција извршиле претрес во просторија во установата, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и мобилен телефон во сопственост на пријавениот.