Свет
Олбрајт: Со изборот на Бајден за претседател САД влегуваат во нова ера
Некогашната американска државна секретарка Медлин Олбрајт изјави дека со изборот на Џо Бајден за претседател САД влегуваат во нова ера. Како што рекла, во таа ера ќе биде многу важно тесно да се поврзaт надворешната и внатрешната политика.
„Со изборот на Бајден за претседател и Камала Харис за потпретседателка имаме можност за нова политика бидејќи верувам дека влегуваме во една целосно нова ера“, рекла Олбрајт на панелот на Атлантскиот совет со име „Изградба на темелите во САД за американското лидерство во странство“.
Според неа, многу е важно Американците да не се плашат да зборуваат за надворешната политика бидејќи се покажа дека тоа влијае и на внатрешната политика и животот на граѓаните во САД. Олбрајт истакна дека за време на нејзиниот мандат (1997-2001) таа секогаш се обидувала да ја поврзе надворешната со внатрешната политика, но истакна дека геополитичката состојба во светот сега е поинаква.
Коментирајќи го идниот кабинет на Бајден, таа оцени дека номинациите се позитивни бидејќи станува збор за луѓе што имаат чувство и за надворешната и за внатрешната политика. Таа е убедена дека во наредниот период ќе има координација помеѓу надворешната и внатрешната политика. Особено пандемијата на Ковид-19, рече таа, покажа колку е важно да се поврзат двете политики.
Олбрајт смета дека Соединетите Американски Држави, по четири години администрација на Трамп, немаат добар углед во светот и дека постои недоверба, но дека новата администрација сака да го смени тоа.
„Искрено, многу меѓународни организации треба да се поправат, но тоа не може да се направи ако не сте на маса“, рече таа додавајќи дека веќе може да се види оти администрацијата на Бајден ја разбира потребата за соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словачка ја разгледува Полска како нова рута за увоз на гас
Словачкиот претседател, Петер Пелегрини, ја поздрави можноста земјата да увезува гас преку Полска, како алтернатива на рускиот природен гас.
По средбата со полскиот колега Карол Навроцки, Пелегрини истакна дека поврзувањето на гасните мрежи би овозможило диверзификација на енергетскиот увоз, доколку цените и транзитните такси бидат разумни.
Навроцки најави дека Полска има план да стане регионален центар за снабдување со американски течен гас. Двајцата лидери ја истакнаа важноста од инфраструктурното поврзување и имаат усогласени ставови за миграцијата и безбедноста во рамките на НАТО.
Свет
Мексико: Сопругата на убиениот градоначалник ја презема неговата функција
Сопругата на градоначалникот кој беше брутално убиен за време на прославите на Денот на мртвите во мексиканската држава Мичоакан, која е погодена од насилство, ја презеде функцијата на својот сопруг, ветувајќи дека ќе продолжи со неговата борба против организираниот криминал, објави Ројтерс, цитиран од БТА.
Гресија Кирос положи заклетва како градоначалник на Уруапан, познат како престолнина на авокадото во Мексико, откако државниот конгрес едногласно го одобри потегот.
„Денес доаѓам со скршено срце затоа што ми го одзедоа партнерот во животот, таткото на моите деца, но и со храброста со која тој се спротивстави да се бори“, рече Кирос за време на положувањето заклетва.
„Тие нема да ме замолчат… Ќе ги следам неговите стапки“, додаде таа, држејќи ја шапката на нејзиниот покоен сопруг како симбол на нивното движење.
Вооружен човек со качулка го застрела и уби 40-годишниот Мансо додека присуствуваше на фестивал со свеќи, во напад што предизвика национален бес, делумно поради неговите отворени критики кон федералната влада дека не презема доволно мерки за борба против организираниот криминал.
Свет
Русија тврди дека украински војници се предале во Покровск
Рускиотo Министерство за одбрана соопшти дека украински војници од 68. ловечка бригада се предале во Покровск, откако биле опколени и, како што тврди Москва, напуштени од своите команданти, пренесе „ТАСС“.
Во соопштението се наведува дека припадниците доброволно се предале поради интензивен артилериски оган. Русија објави и сведоштва на заробени војници, кои велат дека биле без храна и лекови, а еден од нив изјавил дека се предал од очај.

