Црна хроника
Се шверцувало и за празниците

Минатата седмица на граничните премини биле спречени повеќе обиди за нелегално внесување на непријавена и фалсификувана стока, информираат од Царинската управа
На патот Крива Паланка – Куманово, во два автомобила со македонски регистрации, царинските работници од Одделението за оперативни работи откриле вкупно 1.425 готови текстилни производи (машки и женски џемпери, блузи, детски тренерки, машка и женска долна облека, сетови капи и шалови), со вкупна вредност од 77.900 денари, за кои возачите не поседувале никаква документација за потекло на стоката или платени увозни давачки. Во Гевгелија, ден пред Нова година, на 30-ти декември биле пријавени за царинење 126 чифта чевли за тетовска фирма, но заради сомневање дека станува збор за фалсификувани заштитени трговски марки стоката е привремено задржана.Под истот соменвање, на Деве Баир се задржани 52 правосмукалки, марка „Panoasounig“ На првиот ден од 2010-та, на Табановце биле откриени 204 пиротехнички производи (ракети, распрснувачки фонтани и мини огномети), како и пумпа за хемикалии, Празничниот викенд, македонските цариници привремено задржале или одземале 832 различни производи (фенови, комплети тренерки, женски јакни, сетови рекети за пинг-понг, калкулатори, батерии, пластични кутии за чај, балони итн.), самолепливи етикети, гуми и бандажи за автомобили итн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.