Свет
СЗО: Вакцинација во Азиско-пацифичкиот Регион дури кон средината на 2021 година
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/Azija.jpg)
Азиско-пацифичкиот Регион може да прими вакцина против Ковид-19 дури кон средината на следната година, па затоа треба да продолжат мерките за заштита, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Првично, само ограничен број вакцини ќе бидат достапни и повеќето земји во Азиско-пацифичкиот Регион би можеле да добијат пристап до вакцината дури во средината на 2021 година, рече директорот на СЗО за Западнопацифичкиот Регион Такеши Касаи.
„Веста за почетокот на вакцинациите во Велика Британија и САД е многу ветувачка“, рече Касаи на онлајн конференција за новинари од регионалното седиште на СЗО во Манила.
„Но, овие вакцини не се магично решение што ќе стави крај на пандемијата во блиска иднина“, истакна тој.
„Развојот на безбедни и ефикасни вакцини е една работа. Друга работа е да се произведат во соодветни количини и да се доставуваат до сите на кои им се потребни“, додаде тој.
„Ова значи дека и покрај тоа што сите сме уморни од оваа пандемија, мора да продолжиме да се придржуваме кон мерките и однесувањето што нè штитат не само нас, туку и оние околу нас.
Особено Касаи ги повика на претпазливост помладите, социјално поактивни луѓе, можеби и оние под 40 години“, додека регионот се подготвува да ги одбележи Божик и Нова година.
Тој апелираше до младите да запомнат дека тие можат несвесно да го пренесат вирусот на нивните родители, баби и дедовци, соседи и пријатели кои можат да имаат други болести, а со тоа и поголем ризик за развој на потешка форма на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Марк Руте и официјално нов генерален секретар на НАТО, Столтенберг заминува од чело на Алијансата по 10 години
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/mark-rute.jpg)
Холандскиот премиер во заминување Марк Руте е избран за нов генерален секретар на НАТО.
Северноатлантскиот совет одлучи во средата на 26 јуни 2024 година да го назначи холандскиот премиер Марк Руте за следен генерален секретар на НАТО, наследувајќи го Јенс Столтенберг.
Руте ќе ги преземе своите должности како генерален секретар од 1 октомври 2024 година, кога му истекува мандатот на Столтенберг по десет години на чело на Алијансата.
По одобрувањето на Унгарија и Словачка, Романија ја потврди својата поддршка за Руте минатата недела, при што романскиот претседател Клаус Јоханис ја повлече својата кандидатура за највисокото место во НАТО.
Рута во критичен момент ќе го преземе водството во НАТО алијансата. Неговиот мандат ќе започне нешто повеќе од еден месец пред изборите во САД, кои ќе ја обликуваат судбината на воената алијанса.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, актуелен републикански кандидат, вети дека ќе остане во НАТО, но се закани дека ќе ја прекине американската помош за Украина доколку биде реизбран.
Марк Руте е роден на 14 февруари 1967 година и тој е холандски политичар кој беше премиер на Холандија од 2010 година. Руте е голем поддржувач на Украина.
Регион
Полиција во училиште во Чачак: таткото незадоволен од успехот на ќерката и се заканувал на професорката
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/Policija-Srbija.jpg)
Во Основното училиште „Драгиша Мишовиќ“ дошло до инцидент кога, според соопштението добиено од оваа образовна институција, родителот на еден од учениците незадоволен од оценките на своето дете влегол во конфликт со наставникот.
„На закажаното интервју со директорката дојдоа родителите на ученичката која поради три недоволни оценки беше упатена да го повтори 6-то одделение. Пред разговорот со директорот, наставникот имал непријатна средба со нејзиниот татко. За време на разговорот во директорската канцеларија, на кој присуствуваа помошникот директор и секретарката, родителите беа многу незадоволни од одлуката на Одделенскиот совет и побараа истата да се повтори за ученичката да добие уште една доволна оценка за таа не мора да го повторува класот“ – се наведува во соопштението на училиштето.
Понатаму додаваат дека разговорот бил многу тежок, бидејќи таткото барал апсолутно внимание додека зборувал и, според него, го „аргументирал“ барањето.
– Таткото продолжи со својот монолог и на сите разумни објаснувања и аргументи дека е незаконско и беспредметно да се повторува Советот на одделението, реагираше со емотивна патетика во однос на односот родител-дете. Незадоволен од ваквото објаснување и од тоа што не смее да зборува сам, тој демонстративно ја напушти средбата. Поради елементи на закани кои биле забележани и од други присутни колеги, била повикана полиција која дошла откако родителот го напуштил училишниот простор“ пренесува „Рину“.
По овој инцидент, кој бил пријавен во полиција, училиштето одржало состанок на Тимот за заштита од дискриминација, насилство, злоупотреба и занемарување. Одржани биле и состаноци на Училишниот сојуз и Училишниот одбор на кои биле донесени одлуки и мерки кои ќе се следат во иднина. За сите мерки биле известени управните органи на училиштето, Синдикатот и Управата на училиштето.
Свет
Брачен пар од САД посвоил пет деца: Ги чувале во штала, ги терале да работат како робови
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/bb74db9b-76fa-4290-8a78-a859d069f091.jpg)
Доналд Реј Ланц (63) и Џин Кеј Вајтфедер (62) од Западна Вирџинија се обвинети за занемарување на деца. Тие, наводно, ги принудувале своите посвоени деца да работат како робови и да живеат во штала. Тие беа уапсени во октомври минатата година, откако беше откриено дека пет посвоени деца на возраст од 6, 9, 11, 14 и 16 години живеат во лоши услови.
Полицијата ја повикале соседите загрижени за благосостојбата на малолетниците.
Соседите пријавиле дека децата биле принудени да вршат земјоделски работи и не им било дозволено да влезат во куќата, се наведува во обвинението. При интервенцијата полицијата во плевната затекнала 14-годишно и 16-годишно девојче. Внатре немало светлина или проточна вода. Еден од тинејџерите во полиција изјавил дека последен пат јаделе пред 12 часа и дека биле принудени да спијат на бетонот.
Ланц и Вајтфедер вчера пред судот се изјаснија за невини по повеќе обвиненија, вклучително и трговија со деца, детски труд и занемарување на децата, објави локалниот медиум „Метро Њуз“. Судијката Мериклер Акерс рече дека децата „во основа биле користени како робови“.
Тие, исто така, се соочуваат со обвиненија за кршење на човековите права, за конкретно таргетирање црни деца и принудување на работа поради нивната раса, објави „Метро Њуз“. Нивната кауција е одредена на 500 илјади долари.