Спорт
Путин до новинарката: Го гледавте ли видеото на Ѕјуба?
Рускиот претседател Владимир Путин вели дека капитенот на руската репрезентација, Артем Ѕјуба, не треба да биде осудуван за работите во приватниот живот откако во ноември се појави видео во кое тој мастурбира, но посочи дека се надева оти тој научил добра лекција.
Зборувајќи на својата традиционална прес-конференција пред крајот на календарската година, Путин беше запрашан за видеото на напаѓачот на Зенит.
„Одговорот, најверојатно, е очигледен – не треба да се гледа на приватниот живот на спортистите. Нека си ги реши личните работи сам и во нормално општество не е вредно да се мешате во личните работи на луѓето. Сепак, тој е јавна личност, така што е неизбежно такви работи да привлекуваат внимание. За него и за другите јавни луѓе, ова е добра лекција – внимавајте што правите. Но, дали ова треба да влијае на неговата професионална работа? Секако, не“, изјави Путин.
Тој потоа ја праша новинарката што му го постави прашањето дали го видела видеото.
„Го гледав, но не до крај“, одговори таа со смеа. „Јас не го гледав“, одговори со насмевка Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Познато е кој ќе настапи на ждрепката за СП пред Доналд Трамп
Британскиот пејач Роби Вилијамс и американската диско група Вилиџ Пипл ќе настапат на претстојното извлекување на групите за Светското првенство.
Извлекувањето ќе се одржи во центарот „Кенеди“ во Вашингтон во петок во 18 часот, а на него ќе присуствува и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Вилиџ Пипл ќе ја изведат својата иконска песна од 1970-тите, „YMCA“, која неодамна стана синоним за предизборните митинзи на американскиот претседател.
Пи-ар службата на Трамп објави дека претстојното Светско првенство во фудбал е национален проект број еден за претседателот и дека тој ќе дејствува така и во неговата организација.
На извлекувањето ќе учествуваат 48 национални тимови, кои ќе бидат поделени во 12 групи.
Foto/ EPA
Спорт
Влаховиќ ќе паузира најмалку три месеци
Лоши вести за Јувентус кога е во прашање Душан Влаховиќ. Српскиот репрезентативец ќе мора да се оперира и ќе отсуствува долго време.
Повредата на мускулот против Каљари е толку сериозна што српскиот напаѓач ќе мора да се оперира. Одлуката е донесена, единственото прашање е каде ќе биде извршена операцијата..
Според прелиминарните проценки, Влаховиќ ќе паузира до март.
Оваа сезона, Влаховиќ постигна осум гола на 20 натпревари во сите натпреварувања, од кои само три беа во Серија А. Договорот на Влаховиќ со Јувентус истекува на крајот од сезоната, а сè уште не е постигнат договор за продолжување на соработката.
Foto/ EPA
Спорт
Ефес до февруари без Шејн Ларкин
Најдобриот играч на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин, успешно е опериран во САД, објави неговиот клуб во средата.
Ларкин се повреди кон средината на ноември на натпреварот со Валенсија, а операцијата на тетивата на левата препона е успешно извршена, според соопштението на турскиот клуб.
Искусниот бек-шутер ќе паузира два месеци, па неговото враќање на теренот треба да се очекува дури на почетокот на февруари следната година.
Американскиот кошаркар со турски пасош ја игра својата осма сезона во Ефес, а пред повредата во Евролигата постигнуваше просек од 15,8 поени и 4,5 асистенции.
Foto/ EPA

