Контакт

Вести

Сириските сили ја преземаa контролата над стратешки град источно од Дамаск

Објавено пред

Сириските владини сили ја вратиле контролата на стратешкиот град Мајдаа источно од престолнината Дамаск од бунтовниците кои имаат странска поддршка, со што го блокираа еден од главните правци за нивно снабдување.
 

dobivaj vesti na viber

Сириските владини сили ја вратиле контролата на стратешкиот град Мајдаа источно од престолнината Дамаск од бунтовниците кои имаат странска поддршка, со што го блокираа еден од главните правци за нивно снабдување.

 

Владините сили, поддржани од локалните провладини милиции и доброволци од регионот, во саботата ја преземаа контролата врз Мајдаа, по две седмици жестоки битки со борците на групацијата Џаиш ал-Ислам, којашто Западот ја вброи во ткн „умерени“ сунитски бунтовнички групи кои ги поддржува, објави опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.

Градот Мајдаа им служеше на бунтовниците како рута за снабдување на нивните борци во Источна Гута, сунитско предградие на Дамаск, и со својата близина претставува закана за воздухопловната база Замир.

Овој успех на владините сили е последниот во низата против бунтовниците на широкото сириско боиште. Во вторникот тие го пресекоа единствениот правец за снабдување на бунтовниците во северната покраина Алепо, но и за повлекување имајќи ја предвид близината на турската граница.

Заземањето на автопатот Кастело и дојде откако сириската армија напредуваше во областа Малах Фармс во северозападниот дел на покраината Алепо. Сега тоа им овозможува на силите на Дамаск да ги опколат бунтовничките единици во градовите во близина на градот Алепо, како и да вршат постојани напади врз противниците./крај/мф/сн

Извор: Press TV

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Велигден е тука, но нашите деца ги нема, не прашува ли некој нас како ги минуваме деновите, пишува Златкова, мајка на загинато момче во дискотеката во Кочани

Велигден е тука, но нашите деца ги нема. Престанаа да им чукаат срцата, ги закопавме во црната земја. Некои биле...

Топ18 часа

Одземени возила: биле користени во „диви“ трки во Куманово

На 16.04. и 17.04.2025 во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје се одвиваат диви трки со...

Македонија18 часа

Синдикатот на културата разочаран од Љутков: вработените останаа без плата за најголемиот христијански празник

Секој март од 2021 па наваму, кога се коригира минималната плата и кога платите во културата треба да се усогласат...

Македонија18 часа

Наместо куќен притвор, мерки на претпазливост за двајца поранешни инспектори на ДПИ, иста мерка и за лице од дискотеката

Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во кабаре клуб “Пулс”, до Основниот суд во Кочани...

Топ20 часа

Се задушил од запалена плинска боца: пронајден починат маж во Кавадарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожар во урбана средина бил трагичен за повозрасно лице во Кавадарци. Од...

Македонија20 часа

Историја без Албанци-Новата програма за седмо одделение ги исклучува од учебниците, реагираат од ДУИ

Новата програма на Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука за предметот „Историја и општество“ за...

Македонија20 часа

(Видео) Автомобил влече врзан коњ низ Скопје: полицијата го идентификуваше возачот

МВР го идентификуваше возачот на автомобилот кој влечеше врзан коњ во Скопје по вчерашното видео на кое реагираа граѓаните. Во...

Економија22 часа

Владата озаконува паушални фактури за струја, граѓаните не смеат да бидат жртви, апелираат Инженери на Македонија

Инженери на Република Македонија (ИРМ), денеска упати апел до пратениците и Министерството за енергетика за да ги отстранат како што...

Македонија22 часа

Маркетите од денеска со нова обврска: ќе треба јавно да ги објават цените на производите

Трговците се должни од денеска да ги објавуваат продажните цени на производите на нивните официјални веб страници. Министерството за економија...

Свет22 часа

Трамп ѝ се закани на Кина со царини до 245 проценти; Кина: Бесмислена игра со броеви, одиме до крај

Кина ги отфрли најновите најави за зголемување на американските царини, нарекувајќи ги заканите на администрацијата на Доналд Трамп „бесмислена игра...

Свет22 часа

Иран: „Целиот наш воен потенцијал е подготвен“

Техеран е подготвен да се одбрани од какво било мешање и закани, а целиот воен потенцијал е подготвен да ја...

Свет22 часа

Америка: Имаме нов план за мир, им го презентиравме на Русија, Украина и Европа

Соединетите Американски Држави им презентираа на Украина, Русија и Европа „рамка за траен и одржлив мир“, изјави портпаролката на американскиот...

Македонија1 ден

Села му одговори на Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

Едниот од лидерите на поделената Алијанса за Албанците, Зијадин Села, преку социјалните мрежи му одговори на неговиот поранешен сопартиец, Арбен...

Македонија2 дена

Папазов од притвор оди во куќен притвор – за седуммина осомничени за пожарот во Кочани мерката е заменета

Поранешниот градоначлник на Кочани, Љупчо Папазов, кој си поднесе оставка од функцијата по трагедијата во дискотеката „Пулс“, оди во куќен...

Регион2 дена

Револт во Германија поради новите правила за работниците од Западен Балкан, меѓу кои и македонските

Идната Демохристијанско-социјалдемократската влада планира да инвестира 500 милијарди евра во наредните години во реконструкција на дотраената инфраструктура: железници, патишта и...

Македонија2 дена

Почина уште еден повреден во пожарот во Кочани, кој се лекуваше во Белград

Министерството за здравство информира дека во согласност со информациите од Воено медицинската академија во Белград, денеска претпладне, за жал, на...

Македонија2 дена

Осомничениот полицаец за пожарот во Кочани по кој се трагаше сам се пријавил во Обвинителството

Полицаецот по кој се трагаше утрово сам се пријавил во Обвинителството. Тој е меѓу 10-те полициски службеници, кои од завчера...

Македонија2 дена

ЗНАМ: Некој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од Владата

За Движењето ЗНАМ за наша Македонија е неприфатлива соработка со нереформираната ДУИ и со лица од СДСМ кои учествувале или...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска 30 дена по трагедијата во Кочани: Зошто се штитат актуелните полициски функционери, министре Тошковски, нели имате малку совест?

„Поминаа триесет дена од трагедијата во Кочани, во која го загубија животот 61 лице, а уште 200 беа тешко повредени....

Регион2 дена

Јотова: Постои обид од колегите од РСМ нормалните барања на Бугарија да ги претстават како каприц

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, и еврокомесарката за проширување, Марта Кос, ќе разговараат за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан....