Црна хроника
Затворена кафеана во Дебар Маало во која имало 30 гости по 21 часот

Полицијата во соработка со Државниот пазарен инспекторат, вчера (17 декември) околу 22 и 30 часот затворила кафеана во Дебар Маало, поради непoчитување на владините мерки за работа на рестораните до 21 часот.
Како што информираат од МВР, при контролата на угостителскиот објект лоциран на улица Дебарца, во него биле затекнати 20 до 30 гости.
Објектот бил запечатен, односно му била изречена мерка забрана за вршење дејност.
По целосно расчистување и документирање на случајот, во кооординација со Јавен обвинител, против одговорното лице ќе биде изготвенa пријава под сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Норвежанец приведен на аеродромот во Скопје, се однесувал агресивно

44-годишен државјанин на Норвешка бил приведен ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје, откако за време на летот од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при обид полициските службеници да разговараат со него, мажот продолжил да се однесува агресивно и кон нив, попречувајќи го извршувањето на службените дејствија.
Лицето било приведено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
46-годишна жена физички нападната од својот партнер

Четириесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер во домот каде што престојува, на подрачјето на општина Кисела Вода.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 јуни околу 22:00 часот, а пријавата била поднесена во СВР Скопје на 7 јуни, околу 02:30 часот. Осомничениот С.А. (50) оштетил и дел од покуќнината.
Од МВР информираат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот.