Економија
(Видео) Бектеши за 100 дена Влада: Продолжуваме со засилена поткрепа на бизнис-секторот и инвестиции во енергетиката
„Главниот предизвик што ги одбележа првите 100 дена од работата на Министерството за економија беше справувањето со негативните ефекти врз стопанството предизвикани од светската пандемија со Ковид-19. За таа цел го реорганизиравме работењето на Министерството за економија и обезбедивме целосна посветеност за поддршка на сите сектори за успешно надминување на проблемите коишто ги предизвика пандемијата. Веднаш со почетокот на новиот мандат почнавме со реализација на четвртиот сет економски мерки за поддршка на економијата со што обезбедивме директна финансиска поддршка за туристичкиот сектор, за компаниите од услужните дејности и за организирање настани како свадби, за занаетчиите, но и за компаниите коишто и покрај пандемијата инвестираа во подобрување на својата конкурентност“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешната прес-конференција посветена на 100 дена Влада.
Министерот информираше дека како дел од мерките коишто ги реализира Министерството за економија од почетокот на новиот мандат е потпишувањето нови договори со 39 компании и 10 анекси на договори со вкупен инвестициски циклус од 56 милиони евра од Законот за финансиска поддршка на инвестициите за 2020 година.
„Нашата цел е во првата половина од следната година да направиме измени и дополнувања на Законот за финансиска поддршка на инвестициите преку коиј се реализира Планот за економски раст со коишто ќе се дополни и прошири опфатот на компании и проектите коишто ќе бидат поддржани. Целта е да им излеземе во пресрет на компаниите да инвестираат во својот раст и развој, што ќе значи отворање нови работни места, но и нови странски пазари“, потенцираше министерот.
Бектеши информираше за реализацијата на мерката за финансиска поддршка на компаниите кои инвестирале за време и постковид периодот со која се поддржаа 400 компании со 17,3 милиони евра директна државна помош како дел од мерките на Владата за справувањето со негативните последици од пандемијата.
Сепак, како што нотираше Бектеши, фокус на работењето на Министерството за економија во овие први 100 дена беше поддршката на туристичко-угостителскиот сектор, кој беше најпогоден од ковид-кризата.
„Во првите 100 дена од работењето Министерството за економија реализираше пет мерки за поддршка на овој сектор, за што се исплатени 212 милиони денари. Како резултат на нивната реализација, вкупно 214 физички и правни лица добија 58 милиони денари за поврат на туристичка такса. Вкупно 276 туристички агенции добија грантови и беа поддржани со вкупно 79,6 милиони денари. Вкупно 81 игротека добија грантови во вкупна вредност од 13,2 милиони денари. Грантови добија 132 ресторани за организирање свадби за што беше исплатена директна државна помош од вкупно 54,5 милиони денари. Беа поддржани 78 туристички водичи со вкупна вредност на поддршката од 5 милиони денари, рече Бектеши и додаде дека до крајниот рок 15 декември се искористени 64.675 ваучери за домашен туризам за што беа исплатени околу 400 милиони денари државна помош директно кај сместувачките капацитети во земјата.
Министерот информираше дека во првите 100 дена како дел од мерките за справување со ковид-кризата во рамки на Министерството за економија е реализирана мерката за кофинансирање на трошоците за алати и репроматеријали кај занаетчиите за што се поддржани 225 занаетчии со 8,8 милиони денари.
„Како дел од проектите на кои ќе се фокусираме во наредниот период е дополнително олеснување на условите за водење бизнис. Во таа насока, веќе е започната постапката за законски измени со кои се овозможува основање фирма со минимален износ на основна главнина од 1 евро. Важно е да се спомене дека во наредниот од почетокот на следната година ќе направиме измени на Законот за трговски друштва со кои ќе се воведе можност за примена на конвертибилниот заем кај Друштва со ограничена одговорност (ДОО) со што ќе се создадат можности за развој на нов пристап до финансии за стартап-компаниите, односно инвестиции од страна на бизнис-ангели“, истакна Бектеши и додаде дека во делот на поттикнување на иновативноста во првите шест месеци следната година ќе стартува и „Стартап-селото“ за отворање на стартап-бизниси.
„Во делот на поддршка на компаниите во првите шест месеци следната година ќе бидат објавени сите јавни повици од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за што е обезбедена рекордна финансиска поддршка од 68,8 милиони денари за поддршка на микро, малите и средни претпријатија, за занаетчиството, индустријата и за поддршка на претприемништвото“, потенцираше министерот.
Во делот на енергетиката министерот информираше дека во првите 100 дена од новиот мандат пуштена е во употреба првата фотонапонска централа на приватно земјиште од јавниот повик кој го објави Министерството за економија и најави дека во првиот квартал следната година ќе биде објавен уште еден тендер за доделување премии за електрична енергија произведена од фотонапонски централи изградени на приватно земјиште.
„Приоритет во првите шест месеци во делот на енергетиката ќе биде и реализација на сите јавни повици од Програмата за енергетска ефикасност за што оваа година е предвидена поддршка за субвенции за печки на пелети и зголемување на енергетска ефикасност преку доделување субвенции за вградување на ПВЦ-прозорци и сончеви колектори. За оваа поддршка се предвидени вкупно 52 милиони денари од буџетот на Министерството за економија“, додаде министерот Бектеши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“
Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, овој викенд во Гевгелија и официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет. Сместен во новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“, реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население.
Отворањето помина во знакот на семејната забава и радоста. Најмладите посетители уживаа во целодневната програма исполнета со музика, дружење со маскоти, цртање на лице и игри со сапунени меури, што го претвори првиот работен ден на маркетот во вистински настан за градот.
Новиот објект се простира на површина од 3.000 метри квадратни, дизајниран според највисоките светски стандарди. Купувачите веќе имаат пристап до асортиман од над 20.000 артикли, вклучувајќи производи за домот, играчки, декорации и сезонски изненадувања.
Како значајна новина за купувачите во Гевгелија е интегрирањето на селектиран асортиман од брендот ВЕРО во рамките на самиот маркет. Оваа стратешка синергија им овозможува на потрошувачите на едно место да ги задоволат сите потреби за домаќинството, штедејќи време и уживајќи во квалитетот на двата силни бренда.
Генералниот директор на ВЕРО и ЏАМБО маркетите, Петар Денковски, истакна дека ова отворање е многу повеќе од проширување на продажната мрежа – тоа е исполнување на ветувањето за поддршка на локалната заедница.
„Горди сме што со оваа капитална инвестиција директно влијаеме на економскиот пулс на Гевгелија. Отворивме нови работни места и создадовме силен регионален магнет кој очекуваме да привлекува купувачи не само од градот, туку и од соседството,“ изјави Денковски.
Менаџментот на компанијата потврди дека експанзијата не застанува тука. Успешната приказна продолжува и следната година со најавеното отворање на нов маркет во Струмица, со што ЏАМБО и ВЕРО целосно ќе го заокружат своето присуство во југоисточниот дел на Македонија.
Новиот маркет во Гевгелија веќе работи со полн капацитет, нудејќи креативни решенија и производи за целото семејство, под препознатливиот слоган „За сѐ што ви треба и не сте знаеле дека ви треба“.
(ПР)
Економија
ССКМ ја поздравува одлуката со која данокот од 5 отсто останува при првата продажба на недвижностите
Сојузот на стопанските комори на Македонија ја поздравува одлуката со која данокот од 5 % останува при првата продажба на недвижностите.
„Ја поздравуваме одлуката на Владата за 5 % ДДВ, кој е при првата продажба на станбен простор, ова ги покажува позитивните заложби на бизнис-секторот и ССКМ претставен преку Градежната комора во соработка на Министерството за финасии и Владата. Сојузот на стопанските комори на Македонија смета дека одлуката на државата стапка за првата продажба на новоизградени станови да остане 5 % е оправдана.
Според ССКМ, оправдана е и одлуката на Министерството за продолжување на важноста на повластената стапка од 5 % ДДВ и сметаат дека со нејзиното продолжување најголема корист ќе имаат купувачите на станбени единици, односно населението.
Ивица Јаќимовски, член на управниот одбор при ССКМ, посочува дека со продолжување на данокот за купување станови на 5 %, почнувајќи од 2026 година, се очекува секторот за недвижности да добие нов импулс.
„Оваа повластена стапка на ДДВ има цел да го поддржи пристапот на граѓаните до домување, да ја стимулира градежната активност и да ја зајакне стабилноста на пазарот. Имплементацијата на даночната стапка од 5 % носи неколку важни привилегии и за купувачите и за индустријата: намалувањето на даночната стапка значително ги намалува вкупните трошоци за купување стан правејќи го сопствеништвото на домот подостапно за пошироката популација; се очекува прифатливоста создадена од данокот од 5 % да ја зголеми побарувачката за нови и постојни станови, што може да ги поттикне градежните и недвижните сектори и со поповолна даночна средина, домашните и странските инвеститори може да покажат зголемен интерес за пазарот на домување, што ќе придонесе за економски раст“, вели тој.
Економија
„Македонија 2025“ со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
„Македонија 2025“ ги објави резултатите од својата работа во 2025 година, при што организацијата постигна рекордни успеси во поддршката на економскиот развој, лидерството и глобалната поврзаност на земјата. Во 2025 година „Македонија 2025“ имплементирала, преку повеќе од 40 програми и иницијативи со кои се поддржани 168 компании, доделени се 190 стипендии за едукација и усовршување, а 2.573 лидери и таленти биле директно опфатени со програмите за развој. Организацијата исто така бележи значително зголемување на својот општествен импакт, со 94 активни членови во управните и советодавните тела и развиени шест клучни предлог-политики кои веќе се интегрираат во национални стратегии и реформски процеси.
2025 беше година на значајни исчекори и во однос на глобалната дијаспора. Македонија2025 ја спроведе првата и најголема глобална анкета на дијаспората со над 1.400 учесници од повеќе од 40 земји, чијашто анализа веќе е основа за новата Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025-2030. Во партнерство со Владата беше лансирана и кампањата „Македонска дијаспоро, добредојде дома“, која допре до над 20.000 иселеници ширум светот, а организацијата учествуваше во креирањето и на повеќе стратешки документи во областите дигитализација, конкурентност, високо образование, научно-технолошки развој и односи со дијаспората.
Паралелно, „Македонија 2025“ продолжи континуирано да ја зајакнува бизнис-заедницата и човечкиот капитал преку програми насочени кон модернизација, дигитална трансформација и развој на лидерски компетенции. Преку Центарот за дигитална трансформација – GoDigital беа изработени 30 детални проценки на дигитална зрелост, 15 дигитални стратегии за компании и беше обезбедена практична техничка поддршка за пет компании во процесот на имплементација на нови дигитални решенија. Овие услуги им помогнаа на фирмите да го подигнат својот степен на конкурентност, да ги оптимизираат процесите и да воведат алатки што ја забрзуваат нивната интеграција во современите економски текови. Воедно, 553 професионалци и менаџери посетуваа специјализирани обуки, работилници и вебинари, со што се создаде поширока заедница на практичари кои активно ја применуваат стекнатата експертиза во своите организации. Како дел од напорите за градење силна генерација претприемачи, 27 млади менаџери и основачи на компании го надградија своето бизнис знаење преку реномираната обука што ја спроведе канадската Ајви бизнис-школа во рамките на проектот „Лидер“, со што мрежата на алумни се прошири на 451 член.
Во делот на лидерството, програмите на Македонија2025 и годинава изградија нова генерација на носители на промени. Престижната програма за образование на извршни директори Зафировски, на Келог-школата за менаџмент (САД) во 2025 година ја завршија пет македонски извршни директори кои стекнаа врвни глобални менаџерски знаења и пристап до меѓународна мрежа на лидери. Со ова, нашата Зафировски алумни заедница достигна до 51 член. Дополнително, 5 професионалци беа дел од програмата за извршно образование во Канада, комбинирајќи академски модули со практично учење и размена на искуства во канадски компании.
Стипендиската програма за студентска извонредност „Атанас Близнакоф“ поддржа 121 студент, а особено значајно е што 75% од нив беа поврзани со ментори – успешни македонски професионалци од земјата и дијаспората – кои им помогнаа да ги развијат своите кариерни насоки, академски капацитети и професионални амбиции. На овој начин, програмите на Македонија2025 не само што обезбедуваат финансиска и образовна поддршка, туку создаваат и силен еко-систем на идни лидери, поврзани со глобалната мрежа на знаење и можности.
Во хуманитарната сфера, како одговор на трагедијата во Кочани, организацијата обезбеди 55.356 евра за медицинска опрема за три здравствени установи во Скопје и во Кочани, а Клубот на амбасадорите на „Македонија 2025“ му донира средства за реновирање дел од детското одделение во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Посебно влијание во 2025 година имаше и 14-тиот годишниот самит „Македонија 2025“, кој повторно се позиционира како водечки бизнис-настан во регионот. Со повеќе од 700 учесници, 38 говорници од 15 земји и богата програма од панели, дискусии и B2B-средби, самитот беше фокусиран на економскиот раст, дигиталната трансформација, иновациите и улогата на дијаспората во забрзувањето на развојот на земјата, создавајќи платформа за идеи и партнерства што ги поврзуваат бизнисите дома и во светот.
Со овие резултати „Македонија 2025“ ја заокружува 2025 година како една од најуспешните досега, поставувајќи високи стандарди за економски развој, иновации и вклученост на дијаспората и поставува темели за уште поамбициозна агенда во 2026 година.

