Свет
Меркел ги повика Германците за Божиќ да се дружат преку Скајп
Канцеларката Ангела Меркел ги повика Германците да избегнуваат посета на членови на семејството за време на божиќните празници поради пандемијата со Ковид-19 и наместо тоа да им честитаат преку видео повик, како што прават војниците распоредени во странство.
Германија се бори со зголемување на бројот на заразени и мртви. Пофалбите на Меркел за успешно зауздување на првиот бран на пандемијата се претворија во критики за неуспехот во вториот бран.
„Жените и мажите кои се распоредени надвор од дома за да ја гарантираат нашата безбедност, знаат што значи да се има ограничен контакт со најблиските“, рече Меркел во својот неделен видео подкаст. „Тие знаат што значи кога единствената опција е контакт подолг временски период преку Скајп“, додаде таа.
Германија во саботата забележа повеќе од 31.000 новозаразени, а 702 починаа од ефектите на Ковид-19, соопшти институтот Роберт Кох. Тоа е двојно поголем од бројот на заразени на 15 декември, ден пред Германија да воведе строго затворање што ќе важи барем до 10 јануари.
Меркел упатува емотивни апели во пресрет на Божиќ и Нова година во кои ги моли Германците да избегнуваат непотребни патувања и да ги ограничат социјалните контакти на апсолутен минимум, додека здравствените експерти предупредуваат на зголемување на инфекцијата за време на празниците.
„Она што ги чека многумина од нас за Божиќ е вообичаено за луѓето во мисии во странство“, рече канцеларката.
Германија се очекува да започне вакцинирање против Ковид-19 на 27 декември, вакцина развиена од германски Бионтек и Фајзер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена обвинета за спектакуларната кражба на накит од Лувр вреден 88 милиони евра
Француската полиција поднесе обвинение против 38-годишна жена осомничена за учество во голема кражба на накит од парискиот музеј Лувр, во која биле украдени предмети вредни околу 88 милиони евра, објави Би-Би-Си.
Жената, која не е именувана, се товари за учество во организирана кражба и злосторничко здружување. Како што јави АФП, таа се расплакала пред судот додека го потврдувала своето живеалиште во париското предградие Ла Курнев.
Во полициската акција биле уапсени вкупно пет лица, од кои едно е ослободено без обвинение, а едно лице кое директно учествувало во грабежот сè уште е во бегство.
Кражбата се случила на 19 октомври, непосредно по отворањето на музејот, кога групата крадци со украдено возило и механичка кревачка платформа се искачила до балконот на Галеријата „Аполон“ и со брусилка ги скршила стаклените витрини. Целата акција траела само четири минути.
Меѓу украдените осум парчиња се и тијарата на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон III, како и накитот на Мари-Луиз. Украдените предмети сè уште не се пронајдени.
По инцидентот, француските власти ги засилија безбедносните мерки околу културните институции, а дел од највредните експонати од Лувр биле преместени на чување во Француската банка.
Фото: Pixabay/pexels
Регион
Мајка на момче кое пред година загина на железничката во Нови Сад најави штрајк со глад
Мајката на Стефан Хрка (27), кој пред една година загина во трагедијата при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, најави дека од утре ќе започне штрајк со глад.
На денешниот комеморативен собир во Нови Сад, Дијана Хрка им се обрати на присутните со емотивен говор, истакнувајќи дека не се откажува од борбата за правда и одговорност за загинатите.
„Ова е мојата борба што морам да ја доведам до крај. Благодарам на студентите што ме одржуваат во живот, на сите луѓе што се со мене. Денес Нови Сад плаче, но јас се борам за тоа никогаш повеќе ниту една мајка да не заплаче,“ изјави Хрка, пренесува Индекс.
Таа додаде дека ќе продолжи да се бори самостојно и дека ќе штрајкува со глад пред Градското собрание во Нови Сад.
„Сакам да знам кој го уби моето дете и кој уби 16 луѓе. Некој мора да одговара за ова,“ порача Хрка.
Трагедијата се случи пред една година, кога при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад загинаа 16 лица, меѓу кои и нејзиниот син Стефан. Меѓу загинатите беше и четириесет и петгодишниот Македонец, Васко Саздовски, кој работел како професор во Институт за роботика во Нови Сад. Натстрешницата паднала додека тој чекал воз со кој требал да се врати во Македонија кадешто живеело неговото семејство.
Регион
Вучиќ: Помина година од денот што засекогаш ја промени Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствуваше на парастосот во Храмот „Свети Сава“ во спомен на 16-те жртви кои загинаа при пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
„Помина година од денот што засекогаш ја промени Србија. Шеснаесет животи беа изгубени. Денеска за секој од нив палиме свеќа, молејќи се во тишина и верувајќи дека нивните имиња и спомени ќе останат засекогаш во нашите срца,“ напиша Вучиќ на Инстаграм.
Тој додаде дека во вакви моменти најважно е Србија да остане достоинствена и обединета:
„Без тешки зборови и поделби, во тишина да упатиме молитва за загинатите. Нека нивните имиња бидат потсетник дека човечкиот живот е над секоја поделба,“ порача Вучиќ, изразувајќи сочувство до семејствата на настраданите.

