Македонија
Во Македонија 18 починати и 357 новозаразени од 1.387 тестови

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.387 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-132, Куманово-15, Дебар-4, Штип-11, Прилеп-17, Тетово-14, Струга-9, Велес-4, Битола-18, Охрид-24, Кавадарци-18, Гостивар-8, Гевгелија-18, Струмица-18, Крива Паланка-5, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-5, Валандово-1, Виница-1, Свети Николе-2, Кичево-8, Ресен-8, Неготино-6 и еден во Делчево.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 689 оздравени пациенти од Скопје-263, Куманово-36, Штип-40, Прилеп-43, Тетово-27, Струга-37, Велес-40, Битола-39, Охрид-34, Кавадарци-23, Гостивар-31, Гевгелија-8, Струмица-5, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Валандово-2, Кратово-2, Свети Николе-7, Кичево-3, Ресен-3, Неготино-16 и еден од Виница.
Починати се 18 лица, седум пациенти од Скопје (72, 34, 73, 83, 51, 56 и 58 години), еден од Куманово (60), двајца од Струга (70 и 82), двајца од Битола (48 и 78), четворица пациенти од Охрид (84, 82, 70 и 78 години), еден од Кочани (55) и еден пациент од Ресен (72). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78.305, бројката на оздравени пациенти е 54.034, на починати е 2.292, а бројот на активни случаи изнесува 21.979. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 33.779, активни 11.822
• Куманово 4.463, активни 600
• Дебар 590, активни 175
• Штип 3.188, активни 383
• Прилеп 3.931, активни 854
• Тетово 4.602, активни 997
• Струга 1.905, активни 410
• Велес 2.599, активни 616
• Битола 2.866, активни 805
• Охрид 2.215, активни 632
• Кавадарци 1.880, активни 629
• Гостивар 3.229, активни 698
• Гевгелија 1.053 активни 328 (71 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 178 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.160, активни 636
• Крива Паланка 567, активни 135
• Радовиш 577, активни 139
• Крушево 155, активни 70
• Кочани 1.519, активни 274
• Пробиштип 428, активни 65
• Демир Хисар 227, активни 44
• Македонски Брод 209, активни 33
• Пехчево 128, активни 21
• Берово 468, активни 96
• Валандово 275, активни 59
• Виница 427, активни 103
• Делчево 642, активни 290 (178 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 181, активни 24
• Свети Николе 1.010, активни 157
• Кичево 1.509, активни 335
• Ресен 600, активни 173
• Неготино 923, активни 376 (147 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.387 тестови се преку: ИЈЗ-466, ЦЈЗ Скопје-35, Авицена-220, Биотек-130, МАНУ-113, Жан Митрев (Филип Втори)-84, Систина со PCR метода-141, лабораторија Лаор –40, ЦЈЗ Битола-74, Инфективна клиника-3, Синлаб-18, ЈЗУ (рапид тест) -59, УК Пулмологија со алергологија –4. Досега во земјата се направени вкупно 380.616 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Меѓусебната заштита на Коцевски со СДС и ДУИ е причина за 2% доверба во судството

СДС ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи им овозможуваат закрила на нивните функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Клиентелизмот на Коцевски е гаранција за заштита и неказнивост на функционерите од СДС и ДУИ.
Поддршката што Коцевски ја доби од Филипче е меѓусебна заштита која ја гуши правдата во државата. Бидејќи доколку падне Коцевски, ќе се отворат врати за истраги како против Филипче така и за останатите функционери од СДС и ДУИ.
СДС со негласањето на интерпелацијата целосно се разголи, и на виделина пред јавноста излезе спрегата помеѓу СДС, ДУИ и Коцевски.
Очигледно е дека СДС и ДУИ стојат зад заштитата на Коцевски, кој за возврат не презема ништо за наводните злоупотреби и сомнежи за висоока корупција како и сомнителни тендери поврзани со Филипче, Заев и Ахмети.
Со одбивањето да ја поддржат интерпелацијата, СДС и ДУИ јасно покажаа кој го поставал Коцевски и кој го одржува на функцијата, јавниот обвинител Коцевски.
Се додека Коцевски е на позицијата, довербата во правосудството ќе биде помала од 2%, а одговорност за криминалите поврзани со СДС и ДУИ нема да има.
Доколку постои грам морална одговорност кај Коцевски, треба да ја препознае пораката од јавноста и да си поднесе оставка.
На Македонија и се неопходни темелни реформи во судството, правосудство растеретено од политички влијанија каде судиите и обвинителите ќе носат одлука врз основа на законите и Уставот а не под влијание на партиските интереси на СДС и ДУИ.
Во Македонија неопходно е правдата да завладее, неопходни се коренити реформи и трансформација на судскиот систем“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, попладне локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 12 до 20, а максималните од 26 до 36 степени целзиусови.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде 17, а максималната дневна ќе достигне 36 степени.
Македонија
Бендевска: Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ

По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, одбележа 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
„На хероите на двата Илиндена кои се жртвуваа за денес да можеме да бидеме свои на своето, да им ветиме уште еднаш дека денешните генерации нема да го заборават заветот што ни го оставија. Да ги насочиме нашите погледи, стремежи и напори од заедничкото минато, кон заедничката сегашност и иднина. Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ“ – порача потпретседателката Бендевска.