Свет
Американската амбасада во Багдад на готовс по нападот
Американската амбасада во Багдад е на готовс од неделата кога најмалку осум ракети паднаа врз силно бранетиот кварт Зелена зона во центарот на ирачкиот главниот град, при што беше повреден еден ирачки војник и беа оштетени повеќе згради и возила. Нема пријавено повредени или жртви меѓу вработените во амбасадата или вработените во безбедноста, а САД ги обвинија за нападот проиранските милиции во Ирак.
Иран го осуди нападот врз американската амбасада во Багдад и смета дека неговиот тајминг е многу сомнителен, објави портпаролот на иранското Министерството за надворешни работи, Саид Хатибзаде.
„Нападот врз дипломатски и станбени објекти не е прифатлив, но видот на нападот и неговиот тајминг и изјавата издадена од американскиот државен секретар покажуваат дека тајмингот е многу сомнителен и тие веќе имаа подготвено изјава за јавноста“, рече Хатибзаде според „Мехр њуз“.
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во неделата ги обвини милициите поддржани од Иран за нападот на Зелената зона и побара овие насилни и корумпирани криминалци да ги прекинат своите дестабилизирачки активности.
Iran-backed militias once again flagrantly and recklessly attacked in Baghdad, wounding Iraqi civilians. The people of Iraq deserve to have these attackers prosecuted. These violent and corrupt criminals must cease their destabilizing actions.
— Secretary Pompeo (@SecPompeo) December 21, 2020
Претходно, Катаиб Хезболах – шиитска милиција, сојузник на ирачката влада и поврзана со Иран, која се приклучи на милициската коалиција на народните мобилизациски сили за борба против Даеш, исто така го осуди нападот на Зелената зона. Лидерот на групатаа Каис ал-Хазали посочи дека одлуката на Комисијата за координација на ирачкиот отпор е да не ја напаѓа американската амбасада.
„Наше право е да ја ослободиме нашата земја и да се одмаздиме за нашите маченици, но ние го определуваме времето за одговор и тоа не е далеку“, рече Ал-Хазали.
Милицијата исто така издаде посебна изјава во која изрази осуда за неселективниот напад против американската амбасада велејќи дека нападот претставува закана за цивилните животи и ги повика САД да ги прекинат воените активности во областа.
Ирачката влада го нарече инцидентот терористички акт, кој ги загрозува безбедноста и животот на невини граѓани и нивниот имот и го поткопува суверенитетот и престижот на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

