Спорт
Браќата Бендер ќе се пензионираат на крајот од сезоната
Познатите браќа Ларс и Свен Бендер решија да се пензионирата по завршувањето на оваа сезона.
Ларс и Свен имаат по 32 години, потекнуваат од школата на Минхен 1860, за овој клуб настапувале од 2006 до 2009 година. Ларс потоа потпишал договор со Баер Леверкузен, а Свен со Борусија Дортмунд.
„Сите кои не познаваат знаат дека секогаш даваме 100 отсто од себе. Тоа секогаш ни било најважно. За жал станува се потешко, секојдневно да се носиме со физичките напори“, соопштиле браќата Бендер.
Ларс за Баер Леверкузен одиграл 323, а Свен 113 натпревари.
Свен од 2009 до 2017 година бил играч на Борусија Дортмунд. Со „милионерите“, два пати ги освоил Бундес лигата и Купот на Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле исфрлен од тимот на ПСЖ
Францускиот репрезентативец, Усман Дембеле е исфрлен од тимот на ПСЖ и нема да игра на следниот натпревар од Лигата на шампионите против Арсенал, пишува новинарот на „РМЦ Спорт“, Фабрис Хокинс. Дембеле и тренерот на францускиот шампион Луис Енрике се скараа по првенствениот натпревар со Рен, во кој ПСЖ победи со 3:1.
Дембеле одигра добар натпревар, асистираше за првиот гол и ја напушти играта во 82. минута. Но, во текот на тој меч тренерот на Париз, тренерот Енрике, неколку пати беснееше во својот технички простор бидејќи неговиот крилен напаѓач не го слушаше во неколку акции.
На седум натпревари сезонава тој постигна четири гола и забележа четири асистенции. Дембеле има 27 години и треба да биде најголемата ѕвезда на клубот по заминувањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.
Ова не е прв пат француски фудбалер да има проблеми со дисциплината. Во текот на неговата кариера, од Рен преку Борусија Дортмунд и Барселона, тренерите имаа одредени проблеми со него. Во Барселона, на пример, еднаш беше казнет со 100 илјади евра затоа што доцнеше два часа на тренинг.
Барселона го донесе од Борусија Дортмунд за 135 милиони евра во 2017 година. Не се покажа како засилување, туку разочарување, голем потенцијал што не ги оправда очекувањата. Од минатата година тој настапува за ПСЖ кој го купи од Барселона за 60 милиони евра.
Спорт
Гризман и кажа збогум на Франција
Антоан Гризман повеќе нема да игра за француската репрезентација. Еден од најдобрите напаѓачи во својата генерацијата дебитираше за репрезентацијата пред 10 години и за неа одигра 137 натпревари, постигна 44 гола и забележа 38 асистенции. Со Франција освои светско злато (2018) и сребро (2022), европско сребро (2016) и Лигата на нации (2020/21).
„Го затворам ова прекрасно поглавје од мојата кариера. Ви благодарам за спомените“, рече тој.
„После 10 неверојатни години, обележани со предизвици, успеси и незаборавни моменти, време е да ја свртиме страницата и да и отстапиме место на новата генерација. Да го носам овој дрес беше чест и привилегија. Од март 2014 година до минатиот септември имав можност да доживеам неверојатни моменти со исклучителни соиграчи. Споделивме победи кои засекогаш ќе останат врежани во нашите сеќавања“, додаде Гризман.
Антоан Гризман дебитираше за Франција под водство на Дидие Дешам во март 2014 година, на возраст од 22 години и 11 месеци. Тоа беше на натпреварот против Холандија, кога одигра 68 минути во победата од 2:0. Својот прв гол за Франција го постигна во третиот настап, кога беше стрелец против Парагвај во ремито 1:1.
Во својата клупска кариера, тој одигра најмногу натпревари за Атлетико Мадрид, чиј член е и денес. Со тој клуб најголемиот успех надвор од репрезентацијата го постигна со освојување на Лига Европа. Беше и играч на Барселона и Реал Сосиедад.
Кариерата на Гризман:
Франција – 137 натпревари, 44 гола, 38 асистенции
Атлетико Мадрид – 398 натпревари, 184 гола, 88 асистенции
Реал Сосиедад – 202 натпревари, 52 гола, 18 асистенции
Барселона – 102 натпревари, 35 гола, 17 асистенции.
Спорт
Баерн во Милано најде лев бек
Баерн Минхен се подготвува за летниот преоден рок во 2025 година. Приоритет на Баварците е да донесат лев бек, откако Алфонсо Дејвис ги одби да потпише нов договор. Канаѓанецот како слободен играч ќе го напушти Баерн по завршувањето на сезоната.
Баерн засилувањето на левата бековска позиција го најде во Милано. Според германските медиуми клубот е заинтересиран за фудвбалерите на Интер и Милан, Ди Марко, односно Тео Ернандез. Според овие извори еден од нив наредното лето ќе се пресели во Минхен.
Ди Марко неодамна го продолжи договорот со Интер до 2027 година, додека Ернандез има договор со Милан до 2026.
Наводно за Ди Марко Баерн ќе треба да издвои 50 милиони евра, додека цента на Ернандез изнесува 60 милиони евра.